Македонците се бришат, Македонија станува Унија на народи

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Абе плаќаш за студиите,или онака бесплатни се?Оти ако плаќаш да си ги бараш парите назад.Прашај таму во каков систем живееме ние кога не можеме ни еден лидер да осудиме за злодело против државата и кога наместо во суд со доказите кој ги “имаме“ настапуваме пред медиумите кај “Јанко јади Бурек“?Па толку е едноставно и сам/а да заклучиш дека покрај моќници од една политичка проминенција во оваа држава има и моќници од друга проминенција,или политичка опција ако сакаш со поедноставни зборови.Со судството раководи министер кој е под јурисдикција на Премиерот што пак е од друга политичка партија за разлика од Председателот,ако не се лажам,е како сега требало Мирка да му “суди“ на Бранко кај Јанко и Миленко,а не смеела да покрене обвинителен акт во некој макар и основен суд со доказите кој ги поседува?Абе сите треба да ве вратат во основно за да научите вакви основни работи кој и моето дете во трето одделение ги знае.Токму од ваква “некадарност“ и неукост Македонија е доведена до ова дереџе.
Значи би те замолила да припазиш на речникот како прво, немаш прво никому да зборуваш за неукост или укост. А очигледно ти не ни читаш, туку си ги превртуваш зборовите. Министер под јурисдикција на Премиерот. Па го прочита делот кога ти кажав дека до некаде политичките лидери си ги штитат грбовите, премолчани договори?
И никој не кажа побогу дека тоа е нормален политички систем, ама ако тебе не ти е јасно ДЕКА ВО МОМЕНТОВ ТАКА СЕ ПОСТАВЕНИ РАБОТИТЕ, ондак не знам што да ти кажам. И јасно е дека Бранко во своите раце поседува преголема политичка моќ, сакал да го признаеш тоа или не. А ако ти си толку кадарен, гледајќи ги сите од висина и потценувајќи ги дека се неуки, зашто не земеш ти да направиш нешто, туку само зборуваш од висина и зад тастатура?
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
ABC од кога стана така наивен и невин :smir: ?
 
R

RAYTHEON23

Гостин
kako plemenski sojuz so MUDRECI na pleme makedonsko i drugi pleminja...inaku branko ke saka da go zazeme ili indirektno da vlijae vrz SDS plemenski sovet:pos2::pos2::pos2:
no vo zavisnost od mnogu faktori e ova...tuka e i politi;kata kultura i generiranata ve[ta;ka ako ovaa se podobri ke ima pozitivni efekti(Svajcarija na primer-ako ne sme zasporedba so niv).
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Значи би те замолила да припазиш на речникот како прво, немаш прво никому да зборуваш за неукост или укост. А очигледно ти не ни читаш, туку си ги превртуваш зборовите. Министер под јурисдикција на Премиерот. Па го прочита делот кога ти кажав дека до некаде политичките лидери си ги штитат грбовите, премолчани договори?
И никој не кажа побогу дека тоа е нормален политички систем, ама ако тебе не ти е јасно ДЕКА ВО МОМЕНТОВ ТАКА СЕ ПОСТАВЕНИ РАБОТИТЕ, ондак не знам што да ти кажам. И јасно е дека Бранко во своите раце поседува преголема политичка моќ, сакал да го признаеш тоа или не. А ако ти си толку кадарен, гледајќи ги сите од висина и потценувајќи ги дека се неуки, зашто не земеш ти да направиш нешто, туку само зборуваш од висина и зад тастатура?
Значи сакаш да кажеш дека Никола има таен договор со Бранко или како што ти го нарекуваш “премолчан“ за да му го штити грбот,па правдата единствено може да се истера кај Јанко јади Бурек или кај Миленко пие Боза?Или доколку овие не ја завршат работата секогаш го имаме Томич со Гласот на Месијата.А тоа дека Бранко поседувал огромна политичка моќ можеби е вистина,која ќе се докаже на следниве избори,за кој верувам дека практично тој ќе биде единствениот губитник се разбира заедно со неговата старо-нова политичка опција.Е ако и тогаш Мирка не ги достави своите “шокантни“ сознанија на суд,туку само се бламира по медиумите,значи дека сум бил во право кога сум ти советувал да си ги побараш парите назад од факултетот каде учиш.
П.С.:Зборувањето зад тастатура е моја професионална ориентација последниве 12 години,итоа 16/7/350 дена во годината,со мали прекини за време на конфликтот во 2001 или во деновите кога сум посветен на моето долгогодишно хоби за изградба на Првата Македонска Нуклеарна централа.:toe:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Значи сакаш да кажеш дека Никола има таен договор со Бранко или како што ти го нарекуваш “премолчан“ за да му го штити грбот,па правдата единствено може да се истера кај Јанко јади Бурек или кај Миленко пие Боза?Или доколку овие не ја завршат работата секогаш го имаме Томич со Гласот на Месијата.А тоа дека Бранко поседувал огромна политичка моќ можеби е вистина,која ќе се докаже на следниве избори,за кој верувам дека практично тој ќе биде единствениот губитник се разбира заедно со неговата старо-нова политичка опција.Е ако и тогаш Мирка не ги достави своите “шокантни“ сознанија на суд,туку само се бламира по медиумите,значи дека сум бил во право кога сум ти советувал да си ги побараш парите назад од факултетот каде учиш.
П.С.:Зборувањето зад тастатура е моја професионална ориентација последниве 12 години,итоа 16/7/350 дена во годината,со мали прекини за време на конфликтот во 2001 или во деновите кога сум посветен на моето долгогодишно хоби за изградба на Првата Македонска Нуклеарна централа.:toe:

Ме фасцинираш и инспирираш со секој напишан збор.

Навистина твоето 12 годишно искуство во типкање на тастатурата е незаменливо и бесценето.
Сигурен сум дека ќе дојде моментот кога твојот споменик - нагрбавен човек со една подигната нога и тастатура во раката, ќе види светлост на некој Булевар кој секако ќе го носи твоето име.
А можеби и некој факултет ќе се оформи под твој патронат од каде ќе излезат многуу Нуклеарни Централи и прекрасни политички аналитичари.

Само продолжи вака, на добар пат си да го испишеш новото поглавје во поновата Македонска историја.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Ме фасцинираш и инспирираш со секој напишан збор.

Навистина твоето 12 годишно искуство во типкање на тастатурата е незаменливо и бесценето.
Сигурен сум дека ќе дојде моментот кога твојот споменик - нагрбавен човек со една подигната нога и тастатура во раката, ќе види светлост на некој Булевар кој секако ќе го носи твоето име.
А можеби и некој факултет ќе се оформи под твој патронат од каде ќе излезат многуу Нуклеарни Централи и прекрасни политички аналитичари.

Само продолжи вака, на добар пат си да го испишеш новото поглавје во поновата Македонска историја.
Како што гледам според мислењата на форумов ни ти нема да стигнеш подалеку од булеварот или можеби ќе “освоиш“ по некој од подземните ходници на Коце Трајановски,додека не бидат поплавени од подземните води во познатите големи поплави кој многупати го сардисуваат Скопје.Сега можеби нема да ти остане тастатурата во раце,ама маусот сигорно грчевито ќе го стискаш за да не ти го однесе водата од твојата бронзена спомен фигура.:smir:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Фино што се потруди да ми реплицираш, ама искрено.. не си задоволен од тоа како испадна нели :)

Поарно би било да одиш на риба, ќе се релаксираш и ќе си пронајдеш ново хоби.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Фино што се потруди да ми реплицираш, ама искрено.. не си задоволен од тоа како испадна нели :)

Поарно би било да одиш на риба, ќе се релаксираш и ќе си пронајдеш ново хоби.
Oдам,да ти кажам право,многупати на Црна фрламе “дубински“,има прилично големи Сомови.:smir:
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Кој го уведе терминот и принципот на консензус во Македонија?

Скоро ката-ден само тој збор го слушаме, а без да се запрашаме за неговата суштина и каде тој се употребува?

Консензусот е присутен само во конфедерација, ниту федерациите го немаат овој принцип, во бившата Југа, која беше федерација се употребуваше мнозинство, меѓутоа никако и никогаш консензус.

Во меѓународното право јасно стои каде го употребуваат овој принцип, федерациите никогаш не го употребуваат, а пак унитарни држави?...Боже сачувај.

Е сега дами и господа...Кој тоа под маса ни пушта болва и не става во ранг на конфедерација?...консезуална демократија...па кај го има ова?...ваков принцип промовираат луѓе кои свесно не ставаат во ранг-ни на федерација, туку во ранг на конфедерација, и очекуваат ние без да размислиме и елаборираме да го голтнеме таквото нешто како стварност, со што де факто ја рушат унитарноста на државата.

Наместо нашите новинари пуздер да ги направат оние кои ни промовираат вакви принципи тука кај нас, нив ги нема нигде за нешта битни за Македонија.

Кои се тие кои извршуваат подземно рушење на унитарноста на нашата држава со воведување принципи од сложени држави? А потоа кога тие истите мангупи ќе не натераат потсвесно да ги воведеме сите принципи, само прашање на време ќе биде кога и де јуре ќе го промениме пак уставот.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Мирка одговара на соопшението на председникот Бранко Црвенковски

Манипулации во демантот на претседателот

Црвенковски сака унија, ама Груевски да ја потпише


Исак Адижас е експерт по менаџмент и организација. Работи и живее во САД. Поседува израелско, македонско, а од минатата недела и црногорско државјанство. Со Македонија е врзан и поради своите корени. Тој е роден во Скопје и со своите родители ги минал овде детските години, се до Втората светска војна. Во годините на осамостојувањето почувствува потреба на својата прва татковина да и помогне со своето знаење, па со оглед дека владејачка партија во тие години беше СДСМ, тој и ја понуди својата помош на македонската влада, односно, на Бранко Црвенковски. Така се запознаа. Но тоа познанство не се претвори во конкретна соработка.

Адижас, во времето на транзиција на економијата од општествено самоуправна во пазарна, на тогашниот премиер Црвенковски му препорачуваше модел на приватизација сличен на словенечкиот – ваучерски. Црвенковски меѓутоа го преферираше својот модел на првобитна акумулација и тука заврши и соработката.
Пред десет дена Адижас имаше минитурнеја низ Западен Балкан. Беше во посета на Црна Гора, каде што Мило Ѓукановиќ му го врачи црногорскиот пасош, го очекуваа во Србија, во Нови Сад, каде што професорот има фирма, но таму не отиде по престојот и средбата со Црвенковски во Скопје.
Од Подгорица во Скопје тој дојде со изнајмениот државен авион што го плати Светозар Јаневски. Тој и „Семос“ се организатори на трибина на која, за 250 евра од слушател, Адижас можеше да ги елаборира своите знаења за кризен менаџмент на фирмите.

За време на својот краток престој тој оствари средба со Бранко Црвенковски и Киро Глигоров, а не успеа да се види со актуелниот премиер Никола Груевски, иако е негов советник. Резиме на таа минипосета даде самиот Адижас и во интервјуто за Алфа, но и за своите пријатели од младите години. Како што веќе напишавме и објавивме, нашиот сограѓанин Адижас, на средбата со Црвенковски, слушнал за неговиот план за новата етапа во транзитирањето на Македонија од држава на македонскиот народ, преку рамковна мултиетничка и формално унитарна држава, во некаква унија на народи со ново име. Тој свој план опозицијата ќе почнела да го остварува оваа есен користејќи ги лошите економски состојби во државава, со процена дека масовните протести ќе доведеле до демисионирање на Владата.

Професорот Адижас на своите пријатели им изјави дека „сега првпат е мирен во поглед на иднината на земјава оти изложениот концепт му се допаѓал и го поддржувал и Киро Глигоров, кој бил интелектуално и с* уште е свеж“. И така, мирен, тој замина за Израел виа Атина. Професорот Адижас имал и приватна причина да ја оцени својата посета за успешна. Добил ветување дека ќе стане академик.

Купиште различни ставови

Кабинетот на Претседателот овие наводи ги демантира така што ги нарече чиста измислица, конструкција и небулоза на новинар со нарушен интегритет. „Особљето“ во Кабинетот тврди дека ставот на претседателот во врска со името и бил добропознат на јавноста. Тоа не е точно. На јавноста и е познат само моменталниот став по ова прашање на Бранко Црвенковски. Имено, како почитувач на новопроизведени реалности, неговите ставови се менуваат според моменталните состојби. По конкретното прашање, од почетокот на грчко–македонскиот спор, тој ги имаше следниве добропознати цврсти ставови во врска со името: Македонија не може да го смени своето име зашто тоа име го носи и мнозинскиот народ. Македонија не може да преговара со јамка околу вратот. За Македонија решение во спорот е двојната или т.н. „ирска формула“. Македонија досега направи многу отстапки и нема што да дава понатаму. Македонија смета дека последниот предлог на Метју Нимиц за проширена двојна, односно, тројна формула е добра основа за натамошни преговори. Двојната формула е официјално мртва, а новата реалност едно име за сите употреби мора да се прифати. Треба да бараме гаранции за македонскиот идентитет. ЕУ да стане посредник во спорот. Македонија мора да се преименува, ама Грција да не биде официјален кум за новото име. Кум ќе биде Фрчкоски, кој ни вети дека ако биде претседател, ќе ни изберел далеку поубаво име од она што го носиме во ООН, демек, Грција се расправа со нас за нова референца, а не за трајно име. Очигледно Кабинетот на Црвенковски, како и Хидрометеоролошкиот институт, впрочем, треба да излегува со дневна прогноза, за да знаеме што н* чека наредниот ден во поглед на неговата „политика“.

Црвенковски не разговарал со Адижас за името, вели Кабинетот. „Особљето“ не било присутно на разговорот, па и не знае дека Шефот разговарал, и тоа конкретно за името Северна Македонија. Му објаснил на идниот академик дека тој веќе го прифатил, а Груевски бил тврдоглав и го одмолчал предлогот (кога и каде државниот врв „дебатирал“ на оваа тема веројатно ќе слушнеме во некоја друга пригода). И не само што разговарал туку професорот Адижас во електронска комуникација ова го потврди повеќепати, убеден дека единствената пречка за новото име бил Груевски. Ова име не е избор на Црвенковски од вчера. За ова име тој разговарал и со грчкиот премиер Костас Симитис при неговата посета на Скопје, јануари 2001 година, во „Александар палас“. Но тогаш јавно за таква опција не извести само тогашниот премиер Љупчо Георгиевски и медиумите, истите што сега се под импресии на новата реалност, го качија на „криво магаре“. Црвенковски, како и секогаш вешт во манипулациите, го одбегна јавниот гнев, критикувајќи го тогашниот премиер за предавство, но се обиде да го истестира предлогот преку мене, јавно деклариран поддржувач на јавната политика на СДСМ. Мојата реакција на оваа негова непристојност беше објавена во „Фокус“, на 21 јануари 2001 година, на четири страници.

Тогаш првпат констатирав дека не само Георгиевски ами и Црвенковски води политика на менување на името на државата. Значи, Северна Македонија не е нов предлог на Нимиц, туку е стар грчки предлог, со кој своевремено се согласија двајца македонски премиери, а сега и соборци. И сега, логично се поставува прашањето чуму тогаш толкав застој во македонско–грчките преговори. Зошто Црвенковски не го затвори тоа едноставно прашање по својата сјајна победа на 15 септември 2002 година, особено што имаше постигнато консензус со Георгиевски? Зошто ликуваше кога во новогодишното интервју во 2006 година рече дека „сака да го види тој политичар што на Македонците ќе им соопшти дека им го сменил името“.
Замка за„брадосаните“
Има три причини: промена на името на државата води до промена на името на народот и сите придавки што означуваат негова идентификација. Затоа операцијата „име за надворешна употреба“ етапно се претвора во голем пакет за историско затворање на македонското прашање. Втората е, со прифаќање на деноминација во пакет оди и внатрешно преуредување на државата во унија на народи, конфедерација, кантонална творба. А третата, каде што се гледа мајсторијата на Црвенковски, е како да ја избегне историската одговорност за овие проекти за да го задржи статусот на современа митолошка фигура. Имено, од 1998 година сите драматични хируршки зафати врз Македонија се изведени кога СДСМ бил „немоќна опозиција“. Така, историјата нужно ќе констатира дека првата македонско–албанска војна се водела кога ВМРО-ДПМНЕ била на власт. Војната ја загубил и капитулацијата ја потпишале врховниот командант и претседател Борис Трајковски и премиерот Љупчо Георгиевски, обајцата вмровци. Македонија беше обвинета пред Хашкиот трибунал за воени злосторства сторени додека ВМРО била на власт. Македонскиот државотворен народ е деградиран во етничка заедница кога ВМРО била на власт. Никола Груевски требаше, според замислата на Црвенковски, да биде третиот одработувач на неславната историска низа на македонската десница. За него беше замислена улогата на гласник што ќе ни донесе лоши вести. Кантонизатор и продавач на името. Затоа два месеца пред Букурешт СДСМ почна јавно да го прозива за предавство, за продажба на името. Шеќеринска дури пушти изборен спот со исповед на Лазар Еленовски за согласноста на Груевски (не и на Црвенковски) за името „Република Македонија (Скопје)“. Впрочем, нели од сите кандидати за наследник на Георгиевски, лидерот на СДСМ го преферирал токму неискусниот во политика Груевски (ние знаевме дека е политички неискусен, вели Емилијан Станковиќ). Како што во пресрет на фингираната војна, во широката коалиција од три предлози на Георгиевски, токму тој го избра Љубе Бошкоски за министер за внатрешни работи.
Зошто од лани претседателот заигра толку нервозно и невнимателно откри дел од својата подземна агенда? Веројатно зашто Груевски не игра како што си испланирал папата на СДСМ. Згора, голема ставка во неговите илузионистички претстави има публиката. А таа веќе не му аплаудира, и покрај сите спин-мајстории и медиумско-невладини фабрики. Последна надеж му е економската криза. Тоа го разговарал со професорот Адижас и тој задоволен од планот рекол дека „сега првпат си заминува од Македонија мирен“. Очигледно, плус и намирен со титулата академик, за која Адижас вели „то је готова ствар, тако је рекао Бранко“. Се мисли на оној чие „особље“ тврди дека тој ниту знае, а уште помалку се меша во работите на МАНУ.

Од лани почна наменски и на перфиден начин да се проблематизира и македонскиот идентитет. Прашањето го отвори „научниот“ тим на претседателот Црвенковски. Етапно се претвори во „дебата“ за антиквизацијата на Македонија како антиисториски и штетен за државата процес. Поводот, нормално, е најден во ирелевантното, историски и политички бенигното преименување на еден провинцијален аеродром, еден автопат и еден споменик. Во суштина, се работи за атака врз симболот Македонија, кој е антички (стар) пар екселанс. Оттука и навредливата кованица на претседателскиот кандидат на СДСМ за „македоноиди“ и промоцијата на словенскиот етнички корен, кои треба да доведат до конструкција на ново име. Професорот Адижас, кој со Црвенковски наводно не разговарал на оваа тема, а како економски експерт за организација и менаџмент, во интервју за Алфа, а потоа пренесено од „Капитал“, доби „спонтани“ новинарски прашања токму за спорот со Грција и за македонскиот идентитет!? На првото, за преговорите околу името, одговара дека „како мачка сме се качиле на дрво, па сега запомагаме да дојде некој пожарникар да н* симне“.. А на второто, за идентитетот, вели: „Вие не знаете кои сте, да знаете не би ви пречело кој како ве вика, важно вие ќе си знаете кои сте“. Експертот по менаџмент очигледно не е експерт за прашања што задираат во човековите права, иако како етнички Евреин би требало да е добро едуциран на оваа тема. На пример, Македонците во Грција добро знаат кои се, ама тој факт не им помага да бидат она што се, макар и за по дома. Идентично како во Бугарија. Перманентно и со безброј насилства на државата, црквата, врз нив се изведува културна, јазична и историска асимилација. Но очигледно дека она за што разговарал со Црвенковски, како и во многу пригоди со својата пријателка Бакојани, тој го соопшти јавно, на скопска телевизија и на своите стари познаници. Дали Црвенковски ваквите свои размислувања би му ги соопштил, на пример, на кој било свој гостин? Не. Доколку сакал тие да останат тајни, токму на Адижас не би му ги соопштил, знаејќи за неговите семејни врски со Бакојани. Затоа, демантов за темите на разговор е неуверлив.

продолжува..
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Република Српска во Македонија

Што се однесува до идејата за трансформација на Македонија во Унија на народи, односно, конфедерација на кантони, во која Албанците би биле Република Српска, а остатокот збирштина на етнички заедници, која тешко би се самоуправувала, не е јасно што демантира „особљето“ од Кабинетот на Црвенковски. Само два дена по посетата на Адижас, во револуционерен асномски Прилеп, кандидатот на Црвенковски за претседател на Македонија, самономинираниот македонски националист Фрчкоски, објави дека „доколку Македонија не влезе во НАТО, односно доколку не го смени името, ќе се кантонизирала“. Коинциденција? Нема шанси! Се работи само за јавна промоција на делови од разговорот во функција на етапна градација на постбукурешката теза дека ако Македонија остане надвор од НАТО, Албанците ќе се отцепеле. Белки за тие итно да се зачленат во НАТО оти ги исполнуваат сите „бенчмаркови“!? Оваа „експертиза“ на Фрчкоски е политичка брљотка, неталентирана импровизација и е логички неодржлива, но е разработувана политичка агенда на која и се бара добар повод за активирање. На пример, дали Албанците со својот кантон самостојно би се зачлениле во НАТО? Или можеби би уследило ново прецртување на меѓудржавните граници? Кој ќе го спонзорира политички кога светов е тотално тумбосан на самиот почеток на економскиот колапс? Ако се спои со Косово, Албанците повторно нема да станат член на НАТО уште најмалку дваесет години. Ако се спои со Албанија, кој ќе им го дозволи тоа пред истото да го стори Косово? Од друга страна, албанските барања за федерализација не престанаа ни по потпишувањето на рамковниот договор, па тие и не се сврзани со грчко–македонскиот спор, ниту досега се поврзуваа со името Македонија. Проблематични се повторно нетранспарентните радикални промени во политичкиот став на СДСМ, кој тврдеше дека рамковниот договор и обезбедува на Македонија унитарен карактер и ги исцрпува сите, и најрадикалните, барања на Албанците.

И последно од прашањата на кои нужно ќе мора еднаш да одговори планерот Црвенковски е дали во која било форма НАТО, ЕУ и Грција ни испорачале „бенчмарк“ за промена на општественото уредување на Македонија? Ако не, зошто толку тврдоглаво ја наметнува својата теза дека Албанците повторно ќе се радикализираат ако брзо не се зачлениме во НАТО, и покрај рамковниот договор за кој гаранти, нели, се токму ЕУ, САД и НАТО? Значи, се работи за етапа во остварувањето поширока, а илегална политичка агенда, која почна со промена на Преамбулата на Уставот од 1991 година, со територијалната поделба од 2004-та како втора фаза и кантонизација како трета. Зборуваме за декомпонирање и тотална делегитимизација на Македонија. Можеби дури станува збор и за интимен договор со политичките фактори на Албанците (Ахмети или Тачи) за цврсто постизборно партнерство со Бранко Црвенковски, преку испорака на дополнителни барања на грбот на Македонија и Македонците.
Заканите од шефот
Тврдењето дека Македонија надвор од НАТО ќе се кантонизира води до тезата дека Македонија без членство во НАТО е неодржлива држава. Ова упатува на дилема што ќе се случи со Македонија кога НАТО ќе престане да постои? Што ако како НАТО-членка демократски се трансформира во Унија на народи? Дали сегашната опасност веќе утре ќе стане пример за позитивна „нова реалност“ со која ќе се фалат како со своја заслуга истиве застрашувачи? Што пак ќе биде Македонија ако го смени името, се деноминира мнозинскиот народ, а НАТО престане да постои? Под чиј чадор ќе мора да одиме за да постоиме како тазе произведен народ?

По сето ова, на крајот, навистина не е јасно што фактички демантира Кабинетот на претседателот? Дека претпоследната средба со Адижас не била лани, туку преклани, и била во организација на Никола Груевски, а доказ е местото каде што се одржала таа средба – вилата на Владата во Охрид. За што се разговарало и зошто организаторот ја напуштил таа средба, нема демант. Зошто јавноста не била запознаена со настанот? Пак не знаеме.

Од друга страна, без никаква потреба се акцентира дека Адижас добил државјанство од Никола Груевски, зашто истото и ние го напишавме, но има, ако претседателот се сетил дека на неговиот пријател Адижас, токму по негова усна наредба, МВР (Фрчкоски како министер) му издаде македонски пасош уште во 1994 година!?

И на крајот, сосема непотребно, а во познат арбитрарен стил „особљето“ трансферира порака со закани од Шефот до едикојси нарачатели и изведувачи (новинари со нарушен интегритет) на вакви сценарија дека времето за лажење во Македонија полека но сигурно привршувало. А соочувањето со вистината ќе било ем горчливо ем неизбежно. Па токму тоа не е никаков демант, туку, напротив, основна намера на текстот што дигна толкава бура. Единствено јас, како автор и „Особљето“ како демантатор се разликуваме во ставот дека времето има каква било допирна точка со лажењето. Имено, нема време за лажење и време за кажување истина. Тој што е склон да лаже, лаже кога ќе стигне и кога ќе зине. Особено оној што на лаги изградил првокласна политичка кариера. Тој што нема политички интегритет, вопреки времето и сите вложени напори да стане митолошка фигура, ќе мора еднаш да се соочи со вистината. Тоа соочување изгледа веќе почна и мора да е горчливо, ама, ете, е неизбежно.



извор:
Нова Македонија.

Еден ден после средбата на Бранко со Исак Аджизас, Фрчковски на трибина во Прилеп ја вади иницијацијата за кантонизација на Македонија.
Дали е тоа случајно ?
Дали е тоа подготовка на теренот за кантонизација и рушење на влада по нелегален пат, како не така далечната 2001.

Мислам дека по 2 пат тој филм нема да се гледа.
 

TMPO

Obraz
Член од
31 октомври 2007
Мислења
1.728
Поени од реакции
26
Neka bide kako republika srpska/bih samo da go ocistime terenot od toa sto treba kako srbite vo Bosna.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Треба некој да се испрати на вечните ловишта.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Dobro be slavjanski....tolku ti sece umot ili samo preraskazuvas sonistata .....a be covek tesko se ubiva ..a kamo li Makedonija...:)
ova za onie dva posta od pogore....
...pa sea, ako nekoe novinarcencence za da zaraboti za ziveacka ..mora burek da jade....ne morame i site nie ovde...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom