http://www.mila.mk
Мила Искреновиќ
Независен кандидат за Градоначалник на општина Карпош
Здраво,
Јас сум Мила, независен кандидат за градоначалник на Општина Карпош.
По професија сум архитект и работам како урбанист планер во ЗУМ ( Завод за урбанизам на Македонија).
Родена сум 1967 година во Скопје, живеам во Карпош 1 а во маало ме препознаваат како ќерка на Свето и Вера, сестра на Ранко БубаМара и сопруга на Зоран. Оттука и желбата да се кандидирам за независен Градоначалник на општина Карпош, со цел да го направам пријатно место за живеење на сите граѓани.
Од малечка станав извидник во ИО Маршал Тито, потоа летав со едрилица како член на Аеро клубот Јуриј Гагарин, свирев гитара со мојата генерација од Карпош и Орце, секој викенд ги посетувам планинските врвови на Балканот, заедно со моите другари планинари од клубот „Македон“.
Од 1992 - 1998 година живеев во Швајцарија каде последните 2 години работев како Архитект. Имам изработено преку 40 проекти за деловни објекти, амбасади и индивидуални куќи, како и 30 урбанистички планови низ Македонија.
Идејната концепција за Крушево - прв етно град на Балканот е мојот последен проект, кој ми е посебно драг.
На минатите локално избори како независен кандидат за градоначалник на општина Карпош добив 4800 гласови или само 200 гласа помалку од здружената опозиција.
Моето убедување е дека граѓанската иницијатива е единствен продуктивен фактор кој може да понуди конкретни и квалитетни решенија кои ќе бидат растеретени од партиско влијание.
Сметам дека со моето искуство и знаење како архитект и урбанист ќе можам општина Карпош да ја направам современа урбана средина.
Промашените и несоодветни инвестии (како Влајко, планираните стометарски згради во Карпош 2 Тафталиџе, неквалитетните детски игралишта ...) и други нарачани бизнис и политички проекти без одобрение на стручни и компетентни професионалци ќе бидат минато.
Мојата идеја како треба да изгледа нашиот Карпош и Скопје го прикажав на неколку фотографии во албумот „За што се залага Мила“, а на другиот албум „Карпoш во изминативе години“.
Ве поздравувам и Ви благодарам за вашата подршка.
Мила
Уште повеќе за Мила од нејзините другари
Нејзината животна приказна започна на 21 октомври 1967 година во Скопје...
Основно училиште завршила во ОУ Христијан Тодоровски - Карпош.
Во маало ја паметат како најталентиран женски фудбалер, бидејќи друг немало.Во екипа ја земал Зоран Србовски-Кепо кој единствено и додавал топка за да даде гол. Не случајно денес тој е тренер на подмладокот на Работнички Кометал бидејќи после Мила лесно ти е да направиш фудбалер од секого.
Соседите немаа мир додека учеше да свири гитара.Но уште полошо беше кога научи да свири, зошто го поттикна натпреварувачкиот дух кај другарчињата и до доцните вечерни часови се натпреваруваа кој подобро може да ја отсвири „Два динара друже“. Репертуарот мораше да си го смени по 21ч за да ги шармира соседите и остане подолго, па ја свиреа „Со маки сум се родил јас“.
Гимназија заврши во Орце Николов, последна генерација на класична гимназија.
Десет години беше активен член на извидничкиот одред „Маршал Тито“ две години леташе со едрилица во клубот „Јуриј Гагарин“ пет години работеше во Сојуз на студенти и коначно на 24 години заврши Архитектонски факултет.
Два дена по дипломирањето замина да работи во кујната на Кантоналната болница во Арау-Швајцарија каде за три месеци ја здебелија 10кг. (успех на столетието).
Во меѓувреме како и секој Балканец се снајде и почна да работи како фотограф, за понатаму да најде работа и да се вработи во архитектонското биро на Херберт Полигер.
Се влјуби во камерата и реши да направи аматерски филм на тема „Годишен одмор на група хендикепиран лица“. Доби наградно патување за Тајланд од каде се прошета до Малезија и Хон Конг. За нејзиниот авантуристички дух, посетата на Виетнам беше вистински предизвик.Омилено хоби во Швајцарија и беше планинарењето по Алпите кои ја освоија. Стрелаше со пиштол и одеше на бања да си ја стопли душата.
Но ништо потопло од родниот крај и носталгијата ја враќа дома, бидејќи не може без македонското сонце.
Со другарка и Корнелија почнаа да го издаваат списанието „Куќа“ во кое раскажуваа што прават архитектите низ светот, ја презентираа нашата архитектура и ги мотивираа трговците да пишуваат текстови за тоа што нудат на пазарот. И се во име на нејзиното височество Архитектура. Издадоа и книга „Како најлесно да си ја упропастиш сопствената куќа“ чија цел беше на духовит начин да се критизираат најголемите архитектонски заблуди и грешки.
Се запиша на постдипломски студии по Просторно планирање и сеуште ги нема завршено.
Во меѓувреме се вработи во АД за урбанизам, проектирање и инженеринг - ЗУМ (поранешен Завод за урбанизам на РМ) каде работи како урбаниста планер на изработка на Детални урбанистички планови. После сите патешествија, таа вели дека е среќна што работи урбанизам и е една од ретките која по завршување на арх.факултет, насока урбанизам се вработи како урбаниста.
Пред 4 години реши да се кандидира за градонаàлник на општина Карпош со своја Советничка листа. Во првиот круг освои 4 800 гласа и за 200 гласа не влезе во вториот круг. Но, и за еден советник во Советот на општината вредеше да се трча и Мила е повторно среќна.
Пред една година со група планинари основа нов планинарски клуб „Македон“. Идејата беше младите од нашиот град да ги запознаат со природните убавина од нашата земја. Можеби тие млади со нивната енергија, визија, скромност, упорност, тивки тренинзи испреплетени со полагање испити и работа, ја наведоа да ги поддржи и помогне во реализација на нивните идеи (Забава на Бегово поле кое е на 2000 мнв под Солунска глава).
Во меѓувреме се приклучи на проектот од Сорос, кој ја следеше децентрализацијата на општините во областа на урбанизмот. Ги доби општина Куманово и Шуто Оризари. Многу работи и се разјаснија но и остана едно реторско прашање, прашање на совеста: „Деталните урбанистии планови решаваат за судбината на луѓето и нивните имоти како најсуптилно прашање. Не разбирам како после сите темелни и стручни анализи и дефинирања за една локација, ќе никнат објекти сосема различни од планираното? Ако сонцето не ги грее нашите домовите, тротоарите се претвараат во паркинзи, зелените појаси исчезнуваат пред цивилизациските гревови, а безбедното движење на децата до училиште станува неважно - што тогаш останува важно? И остана нешто недоречено кога не спореди со Швајцарија каде се едноставно останува со години и не се менуваат законите со брзината на светлината.
Имотот е едно од матерјалните добра што го создава и остава родителот на своето дете. Дали треба да дозволиме некој да манипулира со него?
Нејзината реторика и вечна желба да се исправат нештата раѓаат уште една кандидатура за градоначаàлник но не само на советничка листа за Општина Карпош, туку овој пат и со Совеничка листа за град Скопје-затоа што и Карпош и Градот тоа го заслужија.
Независноста на изборите ќе и овозможи да ги штити само граѓаните, за разлика од другите партиски кандидати кој ќе мораат прво да ги штитат интересите на својата партија, па на коалиционата партија, па на бившата партија, па ... Каде е обичниот независен граѓанин?Исплашено пред партиските диносауруси стои и чека да види дали ќе изумрат и се ќе почне од почеток? Мила нема време за чекање и повторно ја почнува својата одисеја низ која секогаш ја води нејзиниот природен инстикт-да се биде општествено реализиран, хуман и доблесен по секоја цена. Таа ќе се бори со искреност и фер-плеј затоа што не знае поинаку, па макер и за едно единствено советничко место за некој од многуте нејзини пријатели. Нејзиното богатство се нејзините пријатели кои гласаат за неа, за личност, безусловно и спортски-затоа и никогаш нема никакви фрустрации од релативен неуспех. Успех е да ја имаш Мила Искреновиќ за пријател!
Приказната уште трае и бара нови предизвици ...