Грција денеска ги предупреди своите граѓани особено да внимаваат при посетите на Македонија, по инцидентот со грчкиот автобус во Охрид.
„Грчките граѓани се охрабруваат, да преземат мерки за особено внимание и претпазливост во врска со нивната безбедност и имот додека престојуваат и минуваат низ (Македонија)“, се наведува во соопштението на грчкото министерство за надворешни работи.
За денешниот број на весникот „Навтемборики“, портпаролот на грчкото МНР, Јоргос Кумуцакос со изјава:
„Како резултат на национализмот и нетрпеливоста насочена кон Грција, што е очигледна од страна на Скопје во последно време, дојде до напад над грчки автобуси во Охрид“.
„Кумуцакос остро го осуди инцидентот и побара од властите за ги заштитат грчките граѓани кои ја посетуваат државата.
Тој побара апсење и казни за виновниците за она што се случи“, пишува грчкиот весник.
Во неделата група од 20-30 лица нападнала три автобуси со грчки туристи, паркирани во центарот на Охрид, и на автобусите испишале “Македонија“, “Обединета Македонија и “Александар Велики“, и причинета е материјална штета, се додава во информацијата на грчкиот медиум.
www.a1.com.mk