Дали вреди да се биде добар?

Секако дека вреди да се биде добар... Со добрината победува се и секогаш.
 
Уф, тука не ни треба долг пост да се напише.
Апсолутно мора да се прават сите можни обиди да се биде добар, инаку би биле и полоши од животните.
Овој земски живот кај нас луѓето функционира по принцип на карма...така да karma is a bitch пазете се.
 
во некои ситуации не треба да се биде добар.. мое лично искуство
 
Вреди да си добар, не вреди да се спуштиш на пониско ниво од тоа на кое што си моментално, после се тешки угорниците за одење.
Добрината луѓето ја забележуваат.
Моменти на слабост секој човек има, нормално, ама како што кажа burn84-karma IS a bitch.
 
Никогаш не сум гледал да бидам добар заради тоа да привлечам внимание или да го остварам тоа што го сакам..
Секоја личност се раѓа со некаков карактер кој во текот на животот го изградува,надградува или сосема го менува. Големо влијание имаат и родителите т.е. домашното воспитување и околината во која една личност израстува врз тоа какво ќе биде однесувањето на една личност понатаму во животот.
ЗНачи според мене добрата личност се раѓа, а потоа е само изведена на добар пат и свое усовршување.
За жал во ова општество големо влијание имаат околината и пријателите и брзо се потпаднува под нивно влијание, а не секој човек е добра личност. Од моја личен поглед, се сметам за не толку добра личност, а некогаш сум бил..
Иначе треба многу цврст карактер за да го задржиш она доброто во тебе, пошо секој ќе сака да те згази и да ја искористи твојата добрина, а од доброто нема ништо повредно...:smir:
 
Со добрите секогаш максимално добар, со оние кои не ги познавам воздржано, а со оние кои не испаднале баш добри кон мене секогаш максимално воздржан. Се што набројав за сите групи како мој начин на однесување кон нив до сега се покажало како 100% исправно однесување.
 
Вреди да си добар, не вреди да се спуштиш на пониско ниво од тоа на кое што си моментално, после се тешки угорниците за одење.
Добрината луѓето ја забележуваат.
Моменти на слабост секој човек има, нормално, ама како што кажа burn84-karma IS a bitch.

Понекогаш вреди,понекогаш не,зависи кај кого,ама во последно време е:Направи добро ке те заборават,направи лошо сите те паметат. : (
 
Понекогаш вреди,понекогаш не,зависи кај кого,ама во последно време е:Направи добро ке те заборават,направи лошо сите те паметат. : (

Така е, ама да ти кажам искрено, не дека се правам некоја светица ама подобро нека ме заборават одколку да ме паметат како кучка.
А за тоа дека зависи кај кого-спрема тие што не заслужуваат сум или воздржана или ги игнорирам и избегнувам. Мразам да правам проблеми бидејќи имам огромна грижа на совест(one of the things I hate about myself :nerv:).
 
Понекогаш вреди,понекогаш не,зависи кај кого,ама во последно време е:Направи добро ке те заборават,направи лошо сите те паметат. : (

Сеедно дали вреди или не вреди човекот, кој си е добар пак ќе си биде добар, кој е лош пак ќе си биде лош. Срцето и мозокот не се менуваат!
 
Вреди да се биде добар прво за себе а потоа и за другите.
Добрината еден ден сигурно ќе се врати.
И сите знаеме дека луѓето го почитуваат добриот човек,онај кој знае да помогне во секое време и онај кој го дава најдоброто од себе.
 
Дефинитивно да... Тоа е нешто што луѓето го прават пред се заради себе, а потоа и за сите останати.
 
колку повеќе си добар, толку повеќе те користат и не те ценат
барем јас немам поинакво искуство
 
Не е добрина да правиш добро бидејки очекуваш да ти се врати со добро.
Дали ти би му помогнал некому со некоја задна мисла,аха чекај овој можам да го искористам понатака?
Тоа не е вистинска добрина.
Мирот од доброто дело доаѓа од сознанието дека си направил нешто добро,нешто корисно,нешто со што можеш да се гордееш.
Душевна сатисфакција.
Ако некој по искористувањето на твојата помош се прави дека не те познава,батали го.
Добрината во светов е во дефицит затоа што сите го делат тоа размислување.
"Шо има корист да бидам добар кога сите се лоши"
Да,вреди да се биде добар,дури и ако добрината не ти биде возвратена.
Суровоста на животот е само илузија која си ја создаваме бидејки ни е полесно да обвиниме некој или нешто за нашиот неуспех и да се откажеме.


Понекогаш кога ќе си прочитам ваков пост во грло ми се враќа ручекот а во мозок ми шета мислата што ли сум мислел кога сум го пишувал.
Цаката на животот е да ги исцедиш сите ресури додека удобно си го дрочиш на клацкалка.
Себичноста е начинот на живот.
 
Не би рекла. Добра сум само со оние кои се добри со мене/ми се блиски.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom