Извадок од интервијуто на Јелко Кацин за А1:
,,
Вие многупати изјавувавте дека сте загрижени за состојбите во Македонија, што се однесува до патриотизмот?
- Македонија не губи ништо ако е флексибилна по прашањето на името на државата, тука едноставно морате да се договорите, со помош на г. Нимиц и ОН, а што се однесува до прашањето на јазикот што го зборувате и нацијата на којашто и припаѓате, тоа е прашање не само на национална гордост, туку и на национален идентитет, и на идентитетот на културната припадност.
Не можеме да кажеме поинаку, туку дека вашиот јазик е македонски или словенско-македонски и нема никакви други можности.,,
Иако навидум изгледа дека е вон темата сепак суштински е поврзана со неа. А тоа е обезличувањето на Македонците кои некои се обидуваат да го протнат на мала врата. Можеби ова е само една несреќна изјава на Кацин, но вакви изјави има милиони кога се во прашање европските претставници.
Ако овој човек ни го претствуваат за наш лобист, тогаш душманите којзнае какви се? Да не е од оние лобисти ин-сајдери на втората страна? Кога твој лобист ќе изјави вакво нешто, замислете ја нормалната реакција на не-лобистите или луѓето незапознаени со спорот?