Како настанал исламот: Кој бил Мухамед?

  • Креатор на темата Креатор на темата Neemo
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 ноември 2008
Мислења
1.035
Поени од реакции
44
Само со војска Римјаните не можеле да ја контролираат целата своја империја, посебно Блискиот и дел од Средниот Исток со бројни Арапи.

За тој потфат беше потребно да се формира нешто појако, моќна сила на целото подрачје која би можела не само за интересите на Рим да контролира, туку и подоцна да го шири римското влијание по целиот свет.

Да се потсетиме дека во Стариот завет(Книгата за Битието) се вели како Бог му се покажал на Аврам и му ветил син (кого што Аврам долго го чекаше и за тоа на Бога се молеше) кој ќе стане “татко на сите народи“. Но, како неговата жена Сара била неродилка, му ја понудила слугинката, младата Хагар, да му роди дете. Хагар така го родила синот Исмаил.

Но, штом го роди Исмаил, Хагар почна да ја пресира својата стопанка. Кога Сара имала 75 (или 90 години) успеала да роди син по име Исак и за неа тоа било детето кое Бог го избрал за “татко на народите“. Сара затоа постојано му приговарала на Аврам, и на крајот го истерала од дома заедно со Хагар и нејзиниот син Исмаил.

Додека Хагар се мачела да го прехрани Исмаил скитајќи по пустината, Бог повторно му се прикажал на Аврама и му рекол дека само Исмаил може да биде творец на народите “затоа што Он е неговото семе“.

Така Бог испратил од небото и ангел кој се симнал во пустината каде биле Хагар и Исмаил и и’ рече дека нејзиниот син ќе биде творец на голем народ. Тогаш Хагар здогледала бунар со вода кој им го спасил животот.

Така, со божја помош Исмаил преживеал.

Исламот уште вели дека Аврам бил толку благодарен на Бога што го доби синот Исмаил, што во еден момент кога Бог го искушувал во шумата бил спремен и да го убие и да го принесе на Бога како жртва. Христијанската верзија, меѓутоа, вели дека Аврам за жртва кон Бога го понудил Исака, а не Исмаила.

Алберто Ривера, одбегнат езуит, вели дека Мухамед ова подоцна го променил и како жртва го напишал името на Исмаил. За ова да го направи го посоветувал неговиот советник Вораква.

Денес како резултат на овој мал фалсификат милиони муслимани ширум светот му оддаваат почест на Исмаил и “неговата жртва“ во џамијата која ја изградија баш на местото каде што некогаш бил најсветиот еврејски храм во Ерусалим. Ова е сега второ место по ред во исламската религија.

Да се обединат Арапите не беше нималку лесно. Расцепкани на бројни племиња и на голем простор, тие никако не сакаа да ја прифатат новата “христијанска“ религија со седиште во Ватикан. Разните емисари ги опходуваа арапските племиња ширејќи ја својата “јагнешка “ христијанска вера, но без успех.

Арапите толку многу ги мразеле Римјаните во кои изгледа видоа развратни окупатори кои ги ограбувале и терориризирале, така што нејќеле со нив да делат иста вера.

Така многу племиња опстанувале и понатаму како пагански, меѓусебно често војувајќи. Беше невозможно да се контролираат.

Овој проблем на Римјаните со тек на време им го решил еден човек по име Августин.

Тој пронајде во Мека еден човек во 6 - иот век по име Мухамед. Тој со адекватен советник и адекватна приказна ке успее да стане идол на целиот арапски народ.

Мухамед е роден оклу 570 година во Мека.

Тој имаше 25 години кога се оженил со вдовицата од 40 години Кадиџа. Имаа два сина кои рано умреа и четири ќерки. Најпозната од нив беше Фатима.

Кадиџа потекнуваше од богато арапско семејство кое ја прифати христијанската вера. Таа својот имот го такса на црквата и стана калуѓерка и доби од црквата специјална задача - требаше да пронајде подобен младич кој би ја ширел новата вера меѓу Арапите.

Околу 610-та година Мухамед почнал да тврди дека имал визии од Бога ( кого го нарекол Алах), преку неговиот главен човек Гаврил...Сам тогаш се нарекол пророк. Кадиџиниот роднина Вораква , многу близок на црквата , станал Мухамедов советник и помошник во толкувањата на божјите прикажувања. иако добро знаел дека се илузии на шизофреник

Мухамед така преку ноќ тврдел дека по него доаѓал крилат ангел со свое крилато животно ,Бурак, И тој би седнал на него и летале заедно до урнатините на уништениот храм во Ерусалим. Тука би му се придружиле другите пророци божји - Аврам, Исус, Мојсеј кои се молеле пред нив.. Потоа повторно би го вјавнал Бурак и идел до небесата до самиот Алах. Од него примил инструкции за 5 дневни молитви, пост, задолжителен аџилак и данок за сиромасите.
 
Исламот е добра религија
се разбира ја гледам како општествена појава
не навлегувам во вистинитоста на нејзиното учење
бидејќи спорно е дали воопшто има бог во ваков лош свет
а слободната волја на луѓето не може да се помири со тврдењето дека има
суверен бог
но проблемот е што религијата се спојува со националното
а тоа е нужно кога доминатното исламско население е од некоја нација
и трето класната нееднаквост која е реална
не ми дозволува да се идентификувам со идеја
чии припадници се од привилегирани општествени слоеви
тоа значи дека религијата општо е неприфатлива...
 
Neemo, ќе можеш ли да се соочиш со фактот дека зборовите ИСЛАМ и АЛАХ се многу многу постари од 1500 години, како што ти се обидуваш тука да ни ги преставиш?

Ќе можеш ли да сватиш, дека СОВРШЕНИОТ ИСЛАМ беше со отелотворувањето на Живото ЕВАНГЕЛИЕ (ИСУС ХРИСТОС), на чудесен, потполно мирољубив и херојски начин, представен на светската јавност како единствениот ПАТ на СПАСЕНИЕ?

Ако сакаш со добра волја да и се доближиме на вистината, тогаш повели!

А ако имаш намера (како што приметувам) да го омаловажуваш Името АЛАХ или ИСЛАМ, тогаш како на брат ти советувам да да се откажеш од таа злонамера.

Те поздравувам најпријателски


спирос
 
Многу погрешна констатција на Немо бидејчи муслиманите го слват жтрвувањето на Исак и после тој чин Аврам го обрезал, значи м уизвршил сунет кој и дене денес муслиманите го прават за негова слава и почит. Дури и господ Исус Христос кога с еордил му било извршено обрезување, или сунет во таа чест дека е по потекло д таа лоза. Нормални и од лозата на цар давид кој исто така потекнува од аврам.


ова докажува дека исламот и хртистијанството се браќа како што тоа биле исак и исмаил.
 
Zote, ми се допаѓа твојата позитивна поставеност!

Спремноста за жртвувањето на синот од страна на Св. татко Авраам, упатува на една многу поголема жртва од страна на Небесниот ОТЕЦ и представувањето на Господовиот СОВРШЕН ИСЛАМ во Исус!

поздрав
 
тоа значи дека религијата општо е неприфатлива...

новиот завет сите религии ги согледува многу реално како Суетни
нивните спроведувачи ..проклети-дисквалификувани од трка за вечен живот
значи како апсолутно неподобни
реалноста само ја потврдува оваа библиска констатација

затоа Исус ги укинал сите религии како крајно штетни и неприфатливи

Zote, ми се допаѓа твојата позитивна поставеност!

Спремноста за жртвувањето на синот од страна на Св. татко Авраам, упатува на една многу поголема жртва од страна на Небесниот ОТЕЦ и представувањето на Господовиот СОВРШЕН ИСЛАМ во Исус!

поздрав

што не се понудил сам себе ?
што има друг да нуди како жртва ?

појма немаш !

ниту стариот ниту нивиот завет ...немаат ништо заедничко со Исламот

каква игра играш само ти си знаеш ..........

Многу погрешна констатција на Немо бидејчи муслиманите го слват жтрвувањето на Исак и после тој чин Аврам го обрезал, значи м уизвршил сунет кој и дене денес муслиманите го прават за негова слава и почит. Дури и господ Исус Христос кога с еордил му било извршено обрезување, или сунет во таа чест дека е по потекло д таа лоза. Нормални и од лозата на цар давид кој исто така потекнува од аврам.


ова докажува дека исламот и хртистијанството се браќа како што тоа биле исак и исмаил.

значењето на жтрвувањето е објаснето во новиот завет ...........

а за сунетот - обрежуањето ...........грешка си .........
или ви е погрешен преводот од Куранот.
.
.
ОВА Е ТОЧНОТО..........

Римјани 4 - ред 9 , 10 , 11

На Авраам верата му се припиша како праведност . А кога му се прпиша ? Кога беше обрежан или кога беше необрежан ? Не кога беше обрежан туку кога беше необрежан .И го прими Знакот на обрежувањето како Печат на Праведноста што ја доби преку верата што ја имаше како необрежан ..
.
.
.
Понатаму е уште појасно објаснето дека ниту обрежувањето нешто значи .дека некој стварно верува па тоа наводно го прави Верник .........
нооооооооооооо
па и тие што велат дека ете не се обрежани исто така не ги прави верници,,ова поготово за самонаречените христијански религии .
.
.
тоа е закон на Телесните прописи кој не значи ништо..недокажува ништо
.
..
правилно е гледиштето на новиот завет..............
биолошкото тело без Личност е мртва природа.........
раката нема сама да земе оружје да убива ако личноста не и нареди....итн
 
ДА, ТОЈ НАВИСТИНА Е АЛЛАХОВ ПРАТЕНИК!

Низ разговорите со луѓето лесно се заприметува дека многумина имаат погрешна слика за исламот, а пред се за Кур,анот и Пратеникот Мухаммед с.а.в.с. Оваа погрешна слика доаѓа како плод на залагањето на едни од најголемите непријатели на исламот : - ориенталистите.

Голем број од муслиманите падналe на таа голема конфузија која ја шират неверниците и ориенталистите, а за жал голем број се оние кои се представуваат како муслимани меѓу ориенталистите, така да постигнуваат уште поголем ефект помеѓу неуките муслимански маси.

Поради тоа за што подобро запознавање со нивните криви толкувања врз Аллаховата помош, ќе се обидеме да укажеме на некои лаги и отрови кои што ги шират ориенталистите и атеистите.

Но пред се да кажеме некој збор за ориенталистиката, што е таа и што и е целта.

Ориенталистиката ја проучува ориенталната (оријент – исток) култура, јазици, обичаи, значи исламот и неговата култура. Ориенталистиката е наука која што ја измислиле Евреите и христијаните, т.е. нивните мисионери, со цел да го уфрлат отровот на сомнежот во Аллаховата Објава / Кур,анот и во програмот на животот кој Аллах го изнесува во Кур,анот, а кој видно ( практично) се рефлектирал низ праксата на Мухаммед а.с.

Паролата на христијанството: “ДАЈ МУ ГО НА ЦАРОТ ЦАРЕВОТО,А НА БОГА БОЖЈЕТО “ под влијание на ориенталистите почнува да се шири помеѓу муслиманскиот свет. Поради големото незнаење на муслиманите за својата вера, ориенталистите лесно ги протнуваат своите лаги и непотврдени факти. Така во своите дела шират лаги од типот: Кур,анот не е Аллахова/Божја Објава , туку Мухаммедово дело кое го напишал по примерот на Тората и Библијата, дека тој е само општествен реформатор а не Божји Пратеник, дека шеријатот не може да ги реши проблемите на денешниот “ напреден “ човек, дека тоа можело во добата на Мухаммед а.с., но, во ова време на општествен напредок шеријатот е застарен и непрактичен,.... и слични лаги кои што ги шират овие интриганти. За жал голем број на (не) муслимани потпаднале под нивното влијание, па дури и еден дел од исламските учени (улема) потпаднал под нивното влијание и го толкуваат исламот и неговите прописи према нивните блујавици.

Ориенталистите вложуваат голем напор за да го изучуваат исламот и неговите прописи, но не за да го помогнат, туку за да го уништат одвнатре. Тие сметаат ( за жал и голем број на муслимани) дека Мухаммед а.с. не е ништо друго освен општествен реформатор кој се дигнал против неправдата, тиранијата и насилството, а како што велат понатака “ на себе си си припишал пратеништво за луѓето да би го следеле и да би му биле покорни.”

Дека ова нема никаква основа и дека ова се само глупости на празните глави укажуваат многуте факти кои докажуваат дека Мухаммед а.с. е навистина Аллахов Пратеник, а не општествен реформатор, како што го нарекуваат овие непријатели на Аллаховата вера Ислам.

- Ако Мухаммед а.с. сакаше општествена реформа немаше непријателски да се однесува кон нештото што било највредно кај луѓето, а тоа се киповите и идолите, кои луѓето ги обожувале и ним им се клањале.

Против него се дигнале и насилниците и оние на кои им е извршувано насилство, и богатите и сиромашните, а поради неговото објаснување и наук за ништавноста на она што тие го обожуваат и му се клањаат.

-Ако Мухаммед а.с. беше само општествен реформатор, ќе се откажеше откако злоставувањата,прогоните,малтретирањата и измачувањата во разно разни форми против него и првите муслимани достигнаа најголем степен. Ќе се откажеше кога му беа нудени: богатство, власт, жени,единство итн, само да се оттргне од она во што ги повикуваше луѓето.


- Поради која причина Мухаммед а.с. и неговите следбеници беа повеќе задоволни со прогоните и измачувањата,а не со богатството и положбите кои им беа нудени ако се вратат во обожувањето на киповите,во верата на своите прадедовци?

-Поради кои причини Мухаммед а.с. ако беше само општествен реформатор ги повикуваше луѓето,вклучувајќи ги и “следбениците на Книгата “ Евреите и христијаните во обожувањето на само Еден и Единствен Бог Аллах џ.ш., кој нема ортак во своето управување,кој не е роден,а нити некого родил?

Кој е неговиот интерес тука,и која е неговата цел воопшто?

- Зошто кога му нудеа и богатство и власт,и водство и обединување, едноставно не ги прифати тие понуди наместо да ги изговори историските зборови:

“ Се колнам во Бога, Едниот,Единствениот Kој никого не родил а ниту самиот е роден, кога во десната рака би ми ја дале Месечината а во леваtа Сонцето, со нив јас да управувам,ниту тогаш нема да се откажам од мојот повик во исламот! -Ако сум во состојба да бирам помеѓу мојата Пратеничка мисија и смртта, јас со задоволство ја одбирам смртта!”

Ако е,како што тврдат ориенталистите, желбата само за општествени реформи,зошто тогаш Мухаммед а.с. не ги заобиколил Евреите и христијаните ( следбениците на Книгата) туку и на нив им укажувал на некои нивни девијации и грешки? Што имал тој со нив? Поради кои причини ја зголемувал својата омраза кон него а со тоа и потешкотиите на своите следбеници?

Зарем не му бил доволен бројот на непријатели помеѓу идолопоклониците, па сакал да го наголеми и од редовите на евреите и христијаните?

Која е целта господо на сето ова?

-Ако Мухаммед а.с. беше само општествен реформатор со сигурност ќе им ги олеснеше верските обреди на своите присталици, но гледаме дека тоа не е така. И навистина не е така! И еве зошто:


Во пустинската Арабија, без доволна количина вода , услов за исправност на Намазот/Молитвата е Абдестот / обредното прописно чистење (миење ) со вода. Потоа обавезното капење (бањање) после интимниот однос , препорачаното бањање во Петок, а сето тоа во пустинското опкружување во кое водата представувала реткост. Зарем ова ви личи на општетствен реформатор?

Поради кои општествени реформи ,ако Исламот е негов производ,им го препорачал обавезниот,строгиот едномесечен пост без никаква употреба на храна и вода од времето пред мугрите па се до заоѓањето на Сонцето, и тоа внимавајте во неподносливата сончева и пустинска Арабија?

Каква врска има Рамазанскиот пост со општествената реформа?

Поради кои причини е неговото поттикнување на доброволен намаз /молитва, пост,хаџџ,зекат .....? Каква врска имаат сите овие работи со општествената реформа ви се молам?

Зарем овие обврски не се стеги,препреки и потешкотии, посебно во такво опкружување со таква место положба и климатски услови?

Треба ли уште да набројуваме докази кои укажуваат на лагите кои што ги пласирале и пласираат непријателите на исламот и муслиманите?

Затоа на крајот на таквите им порачуваме:

Ние муслиманите веруваме дека Мухаммед а.с. навистина е Аллахов Пратеник, а најголем доказ за тоа е Кур,анот , за кој ориенталистите велат дека го напишал Мухаммед а.с., а тоа е една од најголемите лаги кои можат многу лесно да се соборат и да се докаже дека Кур,анот е Божји Збор, Божја /Аллахова Објава, и патоказ на луѓето на овој свет и исто така водич на луѓето за другиот свет.

Затоа и гордо ќе завршиме со зборовите:

ДА, ТОЈ НАВИСТИНА Е АЛЛАХОВ ПРАТЕНИК!


Преземено од: http://islamski-centar.org/forum/showthread.php?p=35768#post35768
 
Neemo .....друже ...

пази ваму .....

ја сега ќе ми ти објаснам да ја сватиш разликата....

кај православните католиците и протестантите

бог е Енергија

господ е Енергија

светиот дух е Енергија

ЈАСНО за протестанти католици православци нее спорно дека Библијата е

Прирачник за Електричари .....и затоа ја спорат потребата од постоење на Електротехнички Факултет......како нелојална конкуренција на библијата

.
.
.
е за муслиманите ............

Куранот е првокласен Прирачник за безбеден секс , геникологија и акушерство

затоа и ја спорат потребата од постоење на Медицински факултет....

како нелојална конкуренција.....
.
.
.
.
доволно да ја сватиш разликата нели ?
.
.

Уствари едно зло прихранува и оправдува постоење на другото оти ако остане само и него ќе го нема ......

затоа ги с“скаат луѓето ѓоамити на верска основа иако овие реално во ништо и неверуваат .....тие се бетер атеисти од нас атеистите ..посуетни се од нас


па така што побрзо човештвото се обедини против овие две зла ...

ги откачи што побрзо ...............

ќе може реално да се сврти кон својте вистински проблеми и да ги решава без некој мистични интересџии кој само прават сплетки за да си го оправдаат своето постоење за кое реално нема ниту една добра причина .
 
Види атеистички вернику, гледам напредок кај тебе само во една работа:

- си почнал да ги намалуваш точките. :pos2:

.
.
.
....значи.......надеж.....
.
.
.
за....
.
.
...тебе........сеуште..........................има! :vozbud:
 
Да вие муслиманите,вашата религија настанала од Исмаил синот на АВРААМ,па затоа БОГ ве благословил.Кога алах ви го пишувал "куранот" Тој земал бтв копирал од библијата,да знаете//Не сакам да ве навредам само да дискутирам да ви укажам!
 
ќе замолам до Радапцигер и Кул мал вовед околу книгиве ..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom