Види, Рубин нема да имаат квалитетен фудбалски натпревар скоро 2 недели, освен тренинзи оној натреварувачки дух од 90 минути нема да го имаат у нозе до мечот со Интер, тоа колку што е добро толку е и лошо .
И да, и мене ми се допаѓа тоа што мечевиве со ваквите аутсајдери на Интер им станаа рутина, Болоња е тим кој на пример со Јуве на гости изигра 1-1 и тоа со некомплетен состав, башка имаа и шанси бајаги за гол плус недосуден пенал, искрено денес очекував многу повеќе пред се од нивниот напад но ете, се на се си остана ова рутинирана победа без многу напор .
Друга работа, карактерот, Интер промаши 2-3 супер прилики на 1-1 и пак успеаа до крај на прво да дадат гол, во второ промашуваат исто супер шанси за зголемување на водство и пак на крај успеваат да стигнат до тројка . Слично беше и со Динамо Киев, а муабетот ми е дека едноставно не дозволуваат промашените шанси да им влијаат деструктивно врз остатокот од играта, баш напротив, тераат со исто темпо и газат врз направените грешки .
Она што не треба да не радува е грешката по која примија гол, Самуел втор меч по ред греши на ист начин, ко да го изгубил оној осет за офсајд замка, минатата со Рома Лусио го извади за таквата реакција, денес за жал бразилецот не успеа повторно да ја поправи грешката на Валтер .
Сума сумарум, со Сампдорија примија гол по смешна грешка на Сантон, со Катанија подарен пенал од Цезар, со Каљари непотребен фаул за пенал на Маикон, со Палермо смешна реакција на Кордоба по која противникот се отвори, со Динамо Киев да не ги спомнуем 2та примени гола . . .
Да, у принцип секој примен гол е по грешка на одбраната, али не на ваков пацерски и аматерски и наивен начин ебаго . :nenene: