Епа тоа најмногу боли, Мурињо за ниеден од нив не кажа дека не го давале максимумот на терен, а за едно дете кења дека не давал максимум на позиција која дефакто не му одговара .
Друго што боли, што за нив знаеш што вели, Киву е играч кој треба да игра во одбраната, не во средината, Камби е играч кој треба да игра во средината, не во одбраната, значи избегава да ги критикува, него бара оправдувања за нивните лоши изданија.
Ама кога детето е во прашање, не, не бара оправдувања, удира на критика и тоа пред цела Италија, или ке се лажеме, Камби даде се од себе лани со Рома кога играше одбрана, или Киву во средина :|, или Сантон со Палермо, Сампдорија :|.
И трето што боли, односот кон тинејџеров кој во моментов не го заслужува, ова знаеш кон што може да доведе, до негово заминување а најодговорно ви тврдам, дека за 2-3 години глава у ѕид ке лупате и ке велите, цитирам : Леле што загубија !
Ке се согласам со Ибракадабровци овде, детево е печено за лидер во оваа екипа, ко очи у глава треба да се чува, иначе губењето на Пирло ке е шала во споредба на она што Интер ке го изгуби во Балотели .
Не го критикувам де, само велам дека колку и да се труди, а знам дека го дава максимумот на терен, пак, никаква корист од него како бек, готово, годините го направија своето, соочете се со реалноста, за средина имаат корист од него, поготово кога Маикон ора десно а овој покрива .
Бало што треба да гледа од него, како дава максимум играч на позиции кои му одговараат ? Јебига, не е иста приказната кај Супер Марио .