Прекрасно деби на Снајдер. Се познава дека му лежи италијанскиот фудбал и многу лесно ке се навикне да игра мудро и солидно. Тоа нема да му биде проблем.
За другите: Се жалевме не средниот ред:uvo:....ние со Камбијасо кога ќе се врати ќе го имаме најсилниот среден ред во серија А. Дејо одигра еден од најдобрите натпревари во својата кариера и баш ми е мило што се закити со бомбашкиот гол. Мота исто го имаше на сите страни, тешко беше да се навикнеш кај е тој. За Снајдер веќе кажав дека му лежи италијанскиот начин на игра. Камбијасо на местото на Виера и готово е.
Одбраната е исто на солидно ниво. Маикон на моменти потфрлуваше. Посебно се изненадив кога го загуби дуелот со Хунтелар мислам беше на почетокот при резултат 0:0 но добро да кажеме не беше загреан уште убаво:wink:. Лусио освен едно промашено исфрлување друго не можам да му замерам. И Киву го имаше на секаде и спаси неколку доста опасни топки. Самуел искрено не го ни пратев многу како играше, не го ни видов уствари:wink:. За Цезар нема што да зборам (освен незгодната топка што му испадна од раце на резултат 0:0 друга замерка немам).
И за нападот не планирам да коментирам зошто сите си видовме каква е работата. Барса е нашиот следен пациент. Се гледамо наскоро.
Милан Мерда! :smir: