1. Од Рибери и Роналдињо до Маикон во минатото има светлосни години. Од причина што Рибери и Роналдињо беа најавувани како најголеми ѕвезди на францускиот односно бразилскиот фудбал.. Беа познати уште од своите 20 години.. Додека Маикон беше непознат.. Значи не е исто.. А Што не се замешале големите за Рибери незнам јас.. Ама знам дека Барселона и Баерн купија млади ѕвезди или таканаречени чудо од деца.. нешто што не беше случај со Маикон..
Исто таков беше случајот и со Руни.. Така да споредбава со Маикон ти е надвор од контекст..
2. Реал дозволи да си отиде Камбиасо.. Точно.. ама Реал тогаш ако забораваш освои се што можеше да се освои.. Го имаа Макелеле кој беше далеку подобар од Камбиасо во тоа време.. Тоа што сега станал Камбиасо е друга работа.. Сега копачи на средина има колку сакаш.. Сисоко, Камбиасо, Маскерано, Јаја Туре, Есиен, Микел.. Така да незнам зошто Камбиасо го вметнуваш во дискусијава.. демек тогаш Реал зажали? Мислам дека не..
3.Кој па кур е тој Коутињо? Ние чекаме некое 15 годишно дете додека историјата се пишува.. додека минуваат години без трофеј во Европа? И тоа за тебе е добра трансфер политика? А ако си ги скини лигаментите тој кога ќе дојде? Што ќе правиме? Ќе го пратиме Јуве пак во втора лига и ќе им го земиме Диего највероватно..
Токму тоа ми е муабетот.. Логиката е таа.. Гледаш и сам на натпреварот со Лацио.. Не постои за нас плеј кој ќе го купиме и ќе игра топ цела сезона.. Да им биде лидер и да им командува на сите во средина.. Такво нешто нема никаде..
А тоа дека Снајдер е добар тешко дека ќе ме убедиш.. Во Реал дремеше на клупа.. или кога играше ретко беше добар.. па еве сега е на трансфер листа.. Во Холандија не ме интересира како играл.. оти ова не е репрезентативен фудбал, а како што пратам добро.. ни Холандија нема некој успех..
Ван дер Варт е три пати подобар од него.. Барем има играно за поголем клуб од него.. Двајцата беа во Ајакс, ама овај замина во Хамбургер каде беше алфа и омега.. Доста го гледав и беше доста добар.. А Снајдер никаде не играл така добро.. Можеби во Ајакс некое време..
Како и да е.. мислам дека млад фудбалер најмалку ни треба сега..
П.С. Сега ми текна.. Балак си заминуваше на слободен трансфер од Баерн.. Не се ни обидовме да контактираме.. камо ли да го земиме.. го имавме ние тогаш Станкович.. каков Балак каков Деко..
Макелеле си замина од Реал во 2003 а Камби дојде кај нас во 2004. Од тогаш па натака Реал Мадрид не виде аир во Шпанија зошто немаа ДМЦ. Купија милион играчи и ниту еден не се покажа како добар се до 2006 кога дојдоа Диара и Гаго.
Интер никогаш не купувал млади играчи, секогаш купувал готови ѕвезди. Таква е политиката на клубот во последните 10 години. Дури сега нешто пробува да се промени.
Ти мешаш две различни политики на клубови, Барса која има најдобра младинска школа и Интер кој секогаш купувал готова ѕвезда.
Ти викаш дека Интер никогаш не се обидел да го донесе Рибери, Роналдињо и уште некој такви играчи???? Да не работиш за Масимо Морати па што го знаеш ова??? Или ако не се спомнува во јавноста немало контакт.
После многу години многу работи ќе излезат на виделина и ќе се знае повеќе што како зошто.
Интер се обидувал да го ангажира Кака (го проценил како недоволен талент), Интер се обидел да го ангажира Кристијано Роналдо (не понудиле доволно пари), Се интересиравме за Диего (не ја знам причината зошто не го ангажиравме и повторувам тоа е голема грешка),
Да не се правиме луди, сите ги знаеме играчите кои се таленти и кои во иднина вредат нешто. Прашање е кој колку е подготвен да ризикува и колку играчот ќе се развие правилно. Такви таленти како Роналдињо во Бразил ги има да ги црпиш со лопата. Од нив кога ќе дојдат на големо клубско ниво само два тројца успеваат. Во Европа има 15 елитни екипи и како можат сите тие екипи да дојдат до двајца или тројца играчи????
Кун Агуеро е платен 20 милиони евра, Александре Пато исто толку, Кристијано Роналдо е над 15, исто како и Тео Волкот и сеа замисли Интер да фрли толку пари за некој играч што ќе треба да се развие по две три години а не успее! Знаеш колку ќе пцуеме сите на форумот.
Мурињо се најде во ситуација да мора да купи готов плеј, зошто притисокот да се освои ЛШ е огромен и без таков играч тешко дека ќе можеме да направиме нешто. Во Италиај горе доле на долгорочен план низ цела сезона на 38 натпревари со многу падови во формата може ќе се снајдеме.
Викаш Ван дер Варт бил подобар од Снајдер. Варт откако се пресели во Мадрид е дупка не видена. Одигра добро само првите пет кола. После се изгуби, Шустер не го играше а Пелегрини сега не го сака ни во тим.
Башка Варт е како наш Пандев. Десната нога им е само за потпирање. Снајдер игра и со лева и со десна и според мене е многу подобар играч. Единствен проблем е тоа што лесно се повредува.
Самата цена 25 милиони за Снајдер и 12 милиони за Варт кажуав што е што.
PS Збориш за Кутињо? Па пред малку рече дека треба да купуваме млади таленти па сега за Кутињо викаш што да купуваме играчи за да ги чекаме 15 години. Многу си контрадикторен.
Јас лично очекувам многу од малиот. ГО најавуваат како новиот Кака па ќе видиме што ќе се случи.
jaс се согласувам со тебе!
не е можно супер играчи да ни поминуваат пред нос а ние да ги оставиме!
истото се случи и со диего и со аквилани и со кака!
Диего одма го зема јувентус ни а ни б со аквилани во ливерпул исто беше а кога веќе Милан немале пари во буџетот и морале да го продадат кака зошто мистер морати со стуткани раце седеше

воопшто не ми се допаѓа тоа што се оставаат другите клубови да преговараат со некој играч а ние само гледаме!
Рома ако сакаше да ни го продаде Аквилани ќе ни го продадеше уште лани. Што мислиш глупи се на конкурент од Италија да продадат икона??? Ние ги обедуваме две години за 25 милиони евра да го купиме Ливерпул успеа за два дена!
Милан знаеш кога ќе ни го продаде Кака???? Кога ќе им го дадаме цел тим од 25 фудбалери.