Да, бев во војска во оваа доброволната.
Чим дојдов од матурската вечер сабајлето не ми се спиеше, немав пари за факултет и си викам ај да си одржам семејна традиција и отидов се пријавив.
Ме викнаја таму во Скопје на 2 дена регрутација. А тоа значи дека цело време скоро си гол, пред доктурите, тестовите се многу ригорозни( НЕ Е ОНА ШТО БЕШЕ СО РЕДОВНАТА) има еден заебан психо тест, сите мислат дека е лесен демек као сликички и погодуваш разлика.
Мене ми се падна еден од мрднатите Волци, и 15 минути ми се дереше над глава. Како добив 42 одговори точни и јас незнам, таму психијатарот ми кажа зошто по ѓаволите со таква интелигенција сум заминал у восјска... ама нејсе. Бидна шо бидна, влагам у една просторија беше една стара докторка, ми вика “Соблакајсе“ а ја таков изгубен не знаев што се дешава ја прашуем “ Како да се соблечем?“ али ај го клатев пред неа, ми вика дигниго горе, на страна ама најсмешно ми беше кога ми кажа свртисе и поднаведнисе.:pos2:.
Кој разбрав дека има пријавено 4.000 души а само 200 ќе примат ми се стемни, нит врска некоја да ми помогне нит бутур, ама ете ме викнаја пројдов се ко шо треба. Само немојте да ја зезате таја со теглете што е на очно има да ве обори сместа.
Иначе мислат постариве дека ако смо биле 3 месеца лесно ни било.... активности цело време, значи набиена обука нема одмор нема паузи. Паузата што ни беше у 4 саат ни ја кратеја немавме ниеднаш 16 часа во чизми. Мене пак ко шо ме сакаше водникот, од 3 месеца месец ипол не ме пушти дома, од 90 денови јас15 дена бев пожарен, 5 дена помошник дежурен и 3 пати дежурен војник на ЦИО и 2 пати под казна во кујна. Рај и најголем мерак видов на Оризари стрелиштето кога не пратија 24 часа со колегата да чуваме таму. Интересна случка е што ни се деси таму со еден кумановец, ни стига ручекот, го отвораме фрижидерчето и гледаме грав, и таман да седнеме да јадеме кумановецот вика а бе глеј ПЛЕСКАВИЦИ,
што да видам 25 плескавици, кој му седнавмо да јадемо ПУКНАВМо и тоа без леб, не пројде ни 1 сааат преку моторолата кога ни јавија и ја ко некој фраер одговорам, кој ме праша тој “ дали кај вас се плескавиците што беа за старешините кои се на стрелиште во горното оризари?!?!“ - мене ми се стемни, како пројдовме после тоа само ние си знаеме.
- има милион случки што се дешаваја, 3 месеци многу квалитетно поминати, премногу другари а што е најбитно во мојата единица беа и 20 девојки, плакнење очи секој ден на велико. Ама сепак тие се друга приказна која не е за преку интернет
Не отидов во платеници бидејќи не можам да издржам надвор девојки со миничи да се шетаат а јас позади ограда да не можам да ги гледам.
Кој успее да помине регрутација без некој од страна да му помогне алал нека му е.
Денес пополнував еден вид на пријава за евентуално вклучување во војска, т.е. како резервист ако не дај боже пукне некаде. Бидејќи сите машки над 17 години се должни да се пријават и МО да има целосен преглед на тоа колку военоспособни граѓани има во РМ. Значи, не сум бил во војска, "но не дај боже, ако затреба, тука пак ќе бидат Бранителите..." (E Мој Народе - Војо Стојановски) :smir:
Неможеш да бидеш резервист кога немаш воена книшка, ниту служено воен рок. Без разлика доброволец или не. Едноставно таков е законот неможе.