Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 634
Господа, во најновите колумни и каравани, ке ги најдете отворено повиците за промена на името, бришење на идентитетот и негова замена со бинационална формула.
1.промена на уставното име МАКЕДОНИЈА
2.во графата националност и јазик место Македонска и јазикот Македонски да стои збир од сите етникуми и јазици во републиката, односно албанскиот, теза која ја постави Тачи а подржа нво-то на Милчин...
извадок од текстот
Во таа нова спогодба треба да се запише компромисното меѓународно име на нашата земја ( „Северна Македонија”). Понатаму, во таа спогодба треба да се запише и тоа дека компромисното меѓународно име не имплицира промена на идентитетот на етничките заедници во нашата земја. Во таа смисла, Грција ќе се обврзе да не се противи најбројната етничка заедница себе си да се нарекува македонска, а нејзиниот јазик и култура да се нарекуваат македонски. Македонија, пак, ќе се обврзе да ја прифати употребата на придавката „македонски” на неексклузивна основа (како што предлагаше Нимиц) и ќе изјави дека таа употреба, согласно со нејзиниот Устав, не имплицира територијални или други претензии кон Грција.(веке направено???)
По усвојувањето на една ваква спогодба, новото меѓународно име би ја заменило референцата БЈРМ во ООН, а во графите за националност и за јазик би се напишале формулации согласно со нашиот Устав(без македонци, туку набројани сите)(како што правилно предупреди Мендух Тачи во последното интервју за А1). Со други зборови, во тие графи би биле директно препишани сложените формулации од нашиот Устав, кои го одразуваат мултиетничкиот карактер на Македонија.
Со овие решенија би била отстранета најважната пречка на нашиот пат кон НАТО и ЕУ и би добиле недвосмислена меѓународна гаранција за нашиот национален и културен идентитет (која има посебно значење и од аспект на односите на Македонија со другите соседни земји). Како членка на најпрестижните европски асоцијации, по затоплувањето на односите со Грција, во духот на соработката и на најдобрите европски практики, Македонија ќе се обиде да ги реши сите други отворени прашања во односите со нашиот јужен сосед.