Социјална компарација - задолжителна!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Веб-сајт
www.macedonianspark.com
Што е тоа социјална компарација?

Стручната дефиниција гласи:

Социјална компарација е сложен когнитивно-емоционален процес, во кој врз основа на одредени критериуми ( способности, вештини, мислења и ставови на другите луѓе ), донесува суд за сопствените способности, ставови и карактеристики.

Потребата за социјалната компарација настанува особено силна во ситуација кога преовладува сомнежот во самите себе и кризата на идентитетот, која се јавува во кризните периоди и трауматични ситуации.

Поединецот кој се стекнал со чувството на личен идентитет има чувство на континуитет кој што го доживува, измеѓу она што бил некогаш, она што е денес, како и она што си замислува, проектира што ќе биде во иднината.
Знаеме дека идентитетот почнува да се формира уште во најраното детство, под големо влијание од личностите во најблиската околина, но и преку системот на социјални вредности во заедницата во која живее.

Што сакаме да бидеме ние во иднината, Македонци или нешто трето?

Според сето ова, од каде толкава несигурност меѓу нас Македонците?

Дали недостигот на потребните родољубски чувства и лојалноста кон своето потекло, како и надополнувањето низ инструментите на културата, традицијата кои недостигаат во системското образование причиниле денеска да сме толку кревки, без почит кон вистинските национални вредности и да претставуваме една лесна мета за сите душмани?

Барам малце да продумате, секој во себе и да преминете на следново видео:

Доколку ние направиме ваква парада, каде најмногу ќе бидат експонирани децата, сите со знамињата, облечени во карактеристична македонска боја пред кои ќе маршира националната гарда, армијата итн. итн. ....

Како тогаш би реагирале НВО-то кои сега се толку застапени?

Како би реагирал “Западот“, Нато&ЕУ ?
 
И што направија Грците со ваква парада?Му покажаа на светот дека сакаат да бидат Грци или Македонци,или пак обете истовремено,нешто што не е можно во реалниот свет,доколку Македонската нација се етаблира како посебен ентитет и на посебна територија,како што и е во реалноста барем во 99% од фактите и аргументите кој ги имаме во раце и кој не треба толку едноставно да ги прокоцкаме за еден грст “лажни ветувања“ од ЕУ,НАТО или било кој нивни политичар изминативе години.:toe:
 
Не разбираш што сакал авторот да прикаже со видеото, зошто од најмлади години децата се застапени на вакви “паради“, каде им се вградува ГРЧКА свест и припадност.
Каде истовремено им се врежува и “македонско“ чувство.

И какво значење има тоа кога се бранат единствените национални интереси.

Додека кај нас се прават трибини, се вади шлајм од пета и се плука врз историјата, античката историја се споредува со заушки, се критикува секој поизразен облик на национална свест.

И јас велам дека нашите аргументи не треба да ги прокоцкаме за горе споменатите.

П.С. Дали ја забележуваш песната во позадина ..“ој девојче ој девојче...“?
 
Забележувам,но сепак мислам дека во реалноста со вакви или слични паради како оваа на Грците само може да се постигне контраефект кај Грчката младина,па да им дојде поделбата и на нивна врата.Понекогаш треба многу повеќе да се размислува одколку да се дејствува.:toe:
 
Парадата и сите активности кои ги прави Атина во областа на пропагандата и комплетната "хеленизација" на населението на север од Олимп имаат само една цел - што подолго задржување на тие територии!
 
Парадата и сите активности кои ги прави Атина во областа на пропагандата и комплетната "хеленизација" на населението на север од Олимп имаат само една цел - што подолго задржување на тие територии!

Се разбира дека ја имаат таа цел,иако не размислуваат дека со вметнување на Македонски елементи,можат да го разбудат “лавот“ и само Македонското чувство за посебност кај одреден дел од младата популација.Мислиш ли дека Грците свесно ризикуваат со таа опција или тоа го прават со краткорочни намери,па после ќе го гаснат “пожарот“ кој сами го запалиле,и кој многу тешко се гасне?Или пак мораш да признаеш дека воопшто не размислувале на таква опција,со оглед дека Македонија како држава нема да може ништо да им понуди на Македонците повеќе од тоа што им го нуди Грција?
 
Добар пример.

Се работи за double standards, кај нас таа парада ќе беше оцрнета и прикажана како фашистичка, излоаторска и букефалистичка .
Европа ќе трубеше на сите страни, ние ќе се срамевме, СДСМ ќе ложеше оган во фабриките.

Кај нив е тоа нормално.
Нормално е и тенковите да прават вежби во нивите на етничките Македонци.
 
Не разбираш што сакал авторот да прикаже со видеото, зошто од најмлади години децата се застапени на вакви “паради“, каде им се вградува ГРЧКА свест и припадност.
Каде истовремено им се врежува и “македонско“ чувство.

И какво значење има тоа кога се бранат единствените национални интереси.

Додека кај нас се прават трибини, се вади шлајм од пета и се плука врз историјата, античката историја се споредува со заушки, се критикува секој поизразен облик на национална свест.

И јас велам дека нашите аргументи не треба да ги прокоцкаме за горе споменатите.

П.С. Дали ја забележуваш песната во позадина ..“ој девојче ој девојче...“?
Po 50 g.komunizam to e MK realnost...ama ne mesaj babi i zabi...ime mora da se meni!
Nemoj da mislis deka so izbegnuvanje ce se zacuva.,a tokmu zato treba uslovi za mladite...sto pretpostavuvam sakase da posocis.
 
“Итар“ Перо, ти си типичен пример на тоа грбаво општество каде врзувачкиот материјал беше Југословенството, а не Македонизмот. ( ништо лично)
И затоа претпоставките ти се целосно погрешни, бидејќи проекцијата која јас ја споменав, како треба да се развива секоја една личност со силна македонска свест и лојалност кон земјата во нашиот пример- Македонија тоа изостанува.

А “просперитетот“ и создавањето на услови за младите кај нас се условува со откажување од системот на социјалните вредности и негово извитоперување, откажување од иднината како Македонци.
Тоа е резултатот бидејќи кај добар дел едноставно не постои тоа чувство за континуитет и припадност кон овој народ, затоа и толку лесно потклекнува.

Ништо не е изгубено, додека самиот не се откажеш од истото.
 
Добар пример.

Се работи за double standards, кај нас таа парада ќе беше оцрнета и прикажана како фашистичка, излоаторска и букефалистичка .
Европа ќе трубеше на сите страни, ние ќе се срамевме, СДСМ ќе ложеше оган во фабриките.

Кај нив е тоа нормално.
Нормално е и тенковите да прават вежби во нивите на етничките Македонци.

Точно,но доколку таква парада се правеше во Шипковица,а вежбите АРМ ги изведуваше во Вејце наместо на Криволак.:toe:
 
Точно,но доколку таква парада се правеше во Шипковица,а вежбите АРМ ги изведуваше во Вејце наместо на Криволак.:toe:

Шипковица не е окупирана територија, Солун е.

Доколку ние направиме ваква парада, каде најмногу ќе бидат експонирани децата, сите со знамињата, облечени во карактеристична македонска боја пред кои ќе маршира националната гарда, армијата итн. итн. ....

Како тогаш би реагирале НВО-то кои сега се толку застапени?

Како би реагирал “Западот“, Нато&ЕУ ?
Веројатно ќе мрчат, не провоцирајте грчку, они су страшни момци, ама гајле ти е. Барем новите поколенија ќе знаат што се, кои се... Ќе имаат традиција. Знаеш, размисли што имаме традиционално? Освен облека, ајвар и ракија. Нешто што буди патриотизам, нешто што те прави горд на твојата земја. Јас размислив и не можев да се сетам. Додека пак, ретки се земјите кои немаат воени паради. Можеби е рано сега, имаме премногу проблеми, и таквата парада нема да побуди којзнае какви чуства и интерес, ама во секој случај ќе мора да почне да се практикува наскоро.
 
Уште од млади години им всадуваат силна пропаганда, затоа после се толку фанатични и доследни на своите национални стратегии.

А и не само македонските деца се асимилирани на тој начин, туку и албанските.
Повеќе од половина популација им е од македонско-албанско потекло, сега целосно “хеленизирани“.

И кога би дошло до некоја војна повторно брат против брата си ќе се бориме.

Грчкиот национализам потекнува од 19 век, тешко е да се создаде реципроцитетен одговор на таква хибридна творба.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom