Ni treba Pretsedatel kako Frckovski.Barem nekoj koj ke gi kazuva rabotite so vistinskoto ime.
Taka e,ama voopshto ne e "gadliv" na toa da stane kandidat na
селско-комуњарскo....i da go podrzuva
младо комуњарче, со мал стаж а со состојба на умот од старата-добра 1949
Љубомир Д. Фрчкоски
Македонскиот НОМОС
Неверојатна е количината на неразбирање вградена во расправата и аргументите за осудата на злосторствата на комунизмот и концептот на помирување во Македонија, драги мои! За Вас, драги мои, ќе ги изложиме сите грешки и зошто е потребно Македонија сепак да го направи ТОА.
Првата грешка е селско-комуњарска: сметаат дека со политичка и потоа судска процедура на осуда на злоделата сторени под капа на тој идеолошки дискурс - комунизмот - ќе се обвинат, омаловажат сите "дострели" на системот во кој тие ја поминале својата младост и стекнале имот или статус, во кој конечно Македонија стекна каква-таква државност.
Грешката е во тоа што токму убедените комунисти и нивните наследници би требало да бидат најзаинтересирани за расчистување на злоделата направени од името на идеологијата (или со нејзина злоупотреба), а и од нивно име, од име на убедените комунисти. Затоа е сосема погрешно да се нафрлаат со досетки (типични за социјалдемократската политичка култура) демек Андов или Киро,
имал поголем комунистички стаж од сите во нивното сегашно "политбиро"? Не е важен стажот туку состојбата на умот, драги млади комуњарчиња! Колку е трагично, на пример, да се види младо комуњарче, со мал стаж, а со состојба на умот од старата-добра 1949 - како бијат изгубена, погрешна битка за "каузата" на комунистичките убиства без судење?! На стрелањето бремени другарки, обвинувајќи ги дека биле шпиони, бидејќи забремениле со командантите! Тоа е вистинска трагедија, а не стажот на оние!
Во меѓувреме поради покривањето на ова прашање во Македонија се намножи една сива зона на гадинки, во умот исти со злосторниците од име на комунистичката кауза, кои ги чинеа малите гадости до крајот на стариот систем, до 1990 година. Имаше "подобни", кои ги гонеа своите колеги за вербален деликт, а потоа беа први во "гракањето" тој да се укине?
Имаше "другари" што ги линчуваа своите колеги за станови и оние кои профитираа живеејќи во узурпираните куќи на Водно, и други комуњарски правоверности. Не стрелаа вистина, но упропастуваа животи и беа радосни правејќи го тоа. Таа сива маса сега молчи и претставува бесмислена, но сепак основа на двоумењето на СДСМ што да прави со овој проблем, кој им се отвори - пукна како кашикара во дворот, во Прилеп (секако).
http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pBroj=2981&stID=72853