Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.341
Поени од реакции
2.235
Друже Павличенко е иста верзија на Трезеге , Амаури и Јакинта. Дури е послаб од сите овие тројца а играат ист стил на фудбал ... така да не ни треба таков напаѓач , потребен ни е еден мал тркач како Лавеци , Касано, Агуеро, Руни ....

Фелипе Мело можно е да го пропушти дуелот со Фиорентина тука ... им нема крај на малериве :toe:

Во Јануаскиот преоден рок можна е трампа помеѓу Јувентус и Наполи ... односно Молинаро - Зунига тука
Не, не. Можеби има ист став на игра, али правам муабет ако биде некој продаден од Амаури,Јакитна,Трезеге. Мора ваков играч, погледни само на видеото подоле колку е подвижен и побрз, и попрецизен. Запази ги неговите движења во акциите на неговите голови. Какво само чувство има, многу ми се свиѓа како игре.
Прецизност, брзина, снаодливост, млад.

А за таков напаѓач што викаш ке видиме од Џовинко ако не биде нешто ке мора и ваков да се купува. Ама сепак мислам дека Џовинко ке биде вистинска замнена за Дел Пиеро како напаѓач а не како средина.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
зошто зидан во најдобриот??? јес да е неповторлив,но неговото најдобро дојде во реал мадрид!!!
дел пиеро е иконата на јувентус,како таков не знам зошто не би бил во најдобриот тим....10 години го носеше тимот на својот грб...
Нема врска Зидан беше најдобар во Јуве и затоа успеа да крени толку висока сума. Во реал според мене беше просечен. Ако успеа да ја освои лш не значи дека бил многу јак таму
 
Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Нема врска Зидан беше најдобар во Јуве и затоа успеа да крени толку висока сума. Во реал според мене беше просечен. Ако успеа да ја освои лш не значи дека бил многу јак таму
Се сложувам. Зидан најдоброто го остави во Јуве, а не во Реал. Продавањето беше паметен потег на Моџи , со тие пари ги купивме Џиџи, Турам и Недвед ... играчи кои беа столбови. Не дека во Реал не беше добар али сепак најдоброто го даде во Јуве, нешто слично како КР7 ... кој колку и да биде добар во Реал тешко дека може да биде подобар од она што беше во Јунајтед.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.605
Се поизвесно е дека Трезеге ќе се врати во Француската репрезентација. После неговата изјава, дека ако биде повикан од Доменеш за настап на Светското Првенство нема да го одбие тој повик, денеска и Доменеш излезе со сличен став, дека ги цени сите фудбалери кои се подготвени да го дадат својот придонес за Репрезентацијата. По се изгледа дека Трезеге и Доменеш ќе ја остават расправијата зад себе и повторно ќе се обидат да постигнат успех на претстојното СП.

Помошникот тренер на Чиро Ферара, Масимо Мадалони во своето интервју дадено за tuttojuve.com на прашањето зошто Екдал и Јаго немаат голема минутажа во тимовите во кои беа позајмени, тој изјави дека Бари и Сиена биле многу заинтересирани за ангажирање на овие играчи и дека не му е јасно зошто воопшто не добиваат шанса. Исто така изјави дека Сисоко е во одлична формa, и дека Диего си ја враќа кондицијата и уверува дека против Фиорентина, Диего ќе биде ист како против Рома. линк
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
зошто зидан во најдобриот??? јес да е неповторлив,но неговото најдобро дојде во реал мадрид!!!
дел пиеро е иконата на јувентус,како таков не знам зошто не би бил во најдобриот тим....10 години го носеше тимот на својот грб...
Зидан во Јувентус беше 2 пати избран за најдобар играч на светот.
 
Член од
20 септември 2009
Мислења
31
Поени од реакции
0
Teshko deka ke se pojavi igrac kako zidan...silni noze,teknika,shut,snaodlivost, pregled na igrata...no mnogu losho ja zavrshi karierata...kako i da e vo juve si dade najdobroto od nego..

Не се согласувам со ова, не може да нема место за Дел Пиеро во All Time Best на Juve!
kakvi iminja...ehh toa pokazhuva shto znachi da se nosi toj dres i da se igra za juve...IMPERATIV POBEDA!!
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.605
Интересен дел од интервјуто на Себастијан Фреј, голманот на Фиорентина:

“Particularly while I was at Parma, there were a few decisions against us that were so glaring that one had to ask: how is that possible?
Фреј веројатно заборава дека токму тимот во кој што настапува сега исто така беше вмешан во калчополи.

Фреј најверојатно алудира на средбата Лече-Парма 2004/2005та сезона.

Пред почетокот на последното коло, 2004/2005 сезона, последните места на табелата изгледаа вака:

17.Парма
18.Бреша
19.Фиорентина
20.Аталанта

Фиорентина играше дома со Бреша, а Парма играше во гости со Лече. Евентуална победа на Парма и гарантираше сигурен опстанок во Сериа А, независно од дуелот меѓу Фиорентина и Бреша, но доколку Парма изгубеше или ремизираше со Лече, а Фиорентина победеше против Бреша, тогаш Фиорентина беше тимот кој ќе останеше во Сериа А.
Конечната табела 2004/2005:

Парма на почетокот од натпреварот водеше, потоа Лече даде 2 гола, и на резултат 3-3 Парма доби 2 црвени картони (Матео Контини и Доменико Морфео). Паралелно со тоа Фиорентина го постигна својот прв гол од белата точка против Бреша, и на крајот славеше со 3-0. После ова коло Парма и Бреша беа тимовите кои ја напуштија Сериа А, а Фиорентина беше тимот кој остана.

Овие натпревари се дел од случувањата за кои Браќата Дела Вале беа вмешани во Калчополи, а Лучиано Моџи беше обвинет дека посредувал и лобирал на судијата на мечот меѓу Парма и Лече во корист на Фиорентина.

Фреј колку што има право да го обвинува Моџи и Јуве за тоа што тогаш како играч на Парма испаднале во Сериа Б, толку може да ги обвинува и Фиорентина и Дела Вале поради овие случувања.
 
HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212

Брат незнам зошто се замараш па им објаснуваш толку, како прво да се запрашаме кој фактор е Фреј еден обичен голман (никој и ништо) да суди за клуб како Јуве, Фиорентиа и многу повеќе е вмешана во овие местенки само што Јуве го исфрлија заради сплет на околности (али и за тоа нема да останат должни), Фреј нека си гледа таму за неговиот серен тим а не да збори кој го уништил калчото, ако Јуве го уништил калчото, незнам како тогаш е клуб со 3 па и 4 пати повеќе навивачи на апенините од сите останати тимови, Јуве е религија во италија, е сега дали тоа на некого му се свиѓа или не,тоа си е нивна работа, пред некој ден расправав со интерашиве само со нив кој се разбрал па јас да се разберам, џабе е и серие б и серие ц и д ако сакат нека не исфрлат, пак ќе останеме најтрофеен клуб во италија и обожаван насекаде во светот, за разлика од некои други кои славата и традицијата ја купуваат со пари и сплетки. FINO ALLA FINE FORZA JUVENTUS
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.605
Брат незнам зошто се замараш па им објаснуваш толку, како прво да се запрашаме кој фактор е Фреј еден обичен голман (никој и ништо) да суди за клуб како Јуве, Фиорентиа и многу повеќе е вмешана во овие местенки само што Јуве го исфрлија заради сплет на околности (али и за тоа нема да останат должни)
Фреј го нападна Јувентус, а ако беше праведен,тогаш Фиорентина треба да ја нападни особено за случајот во кој неговиот поранешен тим испадна во Сериа Б.
 
Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Moмци што е работава со Мело, повреден или само шпекулација на Гол Ком? Гладам на сајтот на Јуве пишува дека тренирал :toe:
 
С

сашенко

Гостин
Moмци што е работава со Мело, повреден или само шпекулација на Гол Ком? Гладам на сајтот на Јуве пишува дека тренирал :toe:

Гол.ком само серат.Таму се е само шоекулации или нивни некои измислотини само колку да иммат секој ден нешто ново напишано.Врска нема тоа и јас мислам дека тренира и дека е спремен за Фиорентина.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.605
Панталео Корвињо, спортскиот директор на Фиорентина изјави дека малку се играчите како Фелипе Мело и дека Јуве има потенцијал да го освои Скудетото со Мело во тимот. линк
 
Член од
20 септември 2009
Мислења
31
Поени од реакции
0
Moмци што е работава со Мело, повреден или само шпекулација на Гол Ком? Гладам на сајтот на Јуве пишува дека тренирал :toe:
calciomercato.com

tuttojuve.com

toa se najdobrite...

giandomenico mesto ---toa e posledniot igrac koj se spomenuva..
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.605
Ф.Италија најавува дека Раниери ќе го побарал Молинаро во зимскиот преоден рок.

Момо Сисоко изјави дека е 100% подготвен за натпреварот со Фиорентина:
"Is my return premature? I wouldn't be back if it was. I am 100 per cent ready and I want to play against Fiorentina on Saturday,"
„Дали е моето враќање предвремено? Јас немаше да се вратам ако беше така. Јас сум 100% подготвен и сакам да играм против Фиорентина во Сабота“

А Диего изјави дека ќе им се оддолжи на Директорите на Јуве за тоа што биле толку заинтересирани за него, и најави огромна борба против Фиорентина:

[FONT=Arial,Helvetica,Geneva,Swiss,SunSans-Regular]“I will repay them. Be sure of that. The injury has hampered me a little, but now I am ready to start again,”[/FONT]
„Ќе им се оддолжам. Бидете сигурни во тоа. Повредата ме попречуваше малку, но сега сум подготвен да почнам одново’’
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
Момо Сисоко изјави дека е 100% подготвен за натпреварот со Фиорентина:
„Дали е моето враќање предвремено? Јас немаше да се вратам ако беше така. Јас сум 100% подготвен и сакам да играм против Фиорентина во Сабота“

А Диего изјави дека ќе им се оддолжи на Директорите на Јуве за тоа што биле толку заинтересирани за него, и најави огромна борба против Фиорентина:

„Ќе им се оддолжам. Бидете сигурни во тоа. Повредата ме попречуваше малку, но сега сум подготвен да почнам одново’’
Одлични вести за нас. Момо ќе биде доста важен протагонист за нас сезонава, се надевам дека добро ќе ја почне. Првата утакмица за Јуве ја изигра токму против Фиорентина, и беше одличен (како што знаеме тогаш го постигна и првенецот за нас), така да очекувам да се повтори неговиот ваков настап. Бидејќи Маркисио и Тиаго не се спремни за мечов, се најавува Момо уште од стартните 11 за против Фиорентина.

Диего конечно е целосно опоравен од повредата, и да се надеваме дека ќе изигра онака како што сите очекуваме. Сепак, една од нашите најголеми ѕвезди е во тимот, и очекувањата се високи. Сигурен сум нема да не разочара. :скрстопрст:

Во нападот се очекува да почнат Амаури и Јакинта, баш да видиме како ќе се покаже овој тандем. Еве му шанса на Амаури на терен да докаже дали е во право со изјавата кога кажа дека против Фиорентина ќе се препородел.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom