Македонските преродбеници од 19 век

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
По укинувањето на Охридската Архиепископија во 1767 г. настануваат големи денационализирачки процеси кои го зафаќаат македонскиот народ. Сите верски објекти, кои воедно имале и едукативен карактер, потпаѓаат под јуриздикција на Цариградската Патријаршија, раководена од Ромеи-хеленофони. Тогаш започнува елинската пропаганда, која ние по грешка ја нарекуваме грчка (византиска), учејки ги Македонците дела се Елини. За жал, единствена културно-просветна дејност во тоа време, па се до крајот на 19 век, постоела само по црквите и манастирите.

Ромеите- Грците, секој кој зборел словенски го нарекувале Воулгар, а јазикот вулгарски, почнувајки од 11 век, заменувајќи го терминот словен, со бугар (Стилпон Курјакидис кој во книгата „Северните етнолошки граници на хеленизмот" стр. 39). Tерминот бугар како синоним за словен се јавува поради тоа што од 1018 г., словенските народи Македонци, Босанци, Срби, Црногорци, итн. Византија ги сместува заедно, во тема Воулгариа, а како Византијците луѓето ги разликувале по територијалната, а не етничката припадност, зборот бугар го заменил зборот словен. Османлиите, ја имаат наследено византиската традиција на поимот бугар, па сите словени во Османлиското Царство ги нарекувале Бугари (Friedman 1975, str. 84). Најдобар пример ќе дадам со Босанците; во 16 век, ерменецот Симеон Лехаци патува низ Турција, азијска и европска; посетувајќи ја Босна, вели дека сите луѓе таму се Бугари и зборат „болгарски“, а нивните села ги нарекува „болгарски села“ (Симеон Лехаци, Путевые заметки, хроника и памјатные записи; изучил и опубликовал Нерсес Акинјан, Вена, 1936).

Мапа на Темите во Византија 1025 г., Македонија со Србија се тема Бугарија, па затоа Византијците од 10 век ги нарекуваат Македонците (и Србите) Бугари, односно жители на темата Бугарија. Денешна Бугарија е тема Паристрион, а јужна Бугарија - Тракија е тема Македонија, па сите жители од географска Тракија, а тема Македонија, се наречени Македонци, а оние од Паристрион- Паристрионци.
Теофилакт Охридски, грк, најверојатно родум од Еврип, е Архиепискот на Охридската Архипископија од 1090 г. до 1119 г. Познат е по тоа што го има напишано "Пространото Св. Климентово Житие" каде објаснува дека за него бугари се жителите на византиската тема Бугарија т.е. тоа се географски бугари; Византија, своите поданици ги делела по географска-тематска, а не по етничка основа, па сите жители на една тема без разлика на етносот носеле исто име. Теофилакт и самиот себе си се сметал за бугарин- жител на темата Бугарија па во Пространото Житие на Св. Климент запишува "Св. Климент ни го предал НА НАС БУГАРИТЕ сето она што се однесува на црквата"
(Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румјанцев музеј во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивeн институт на БАН (кутија III, папка IV.)

Како мнозинското население во византиската тема Бугарија (Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија) било словенско, бугари за грците биле словените, па Теофилакт пишува во своето житие на Св. Климент за "славенскиот или бугарскиот народ", а јазикот во во темата Бугарија го нарекува бугарски
. За него, Св. Климент бил "прв епископ на бугарски јазик" (Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румјанцев музеј во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивeн институт на БАН (кутија III, папка IV.).


Најголемата бугарска лага во историјата
Инаку, ниеден средновековен Македонец, Србин или пак тракоант(словен) не го нарекол јазикот словенски- бугарски или пак словените- бугари. Но, мораме да ја разбереме позицијата на Византија и тогашните прилики на именување на луѓето, по географска, а не етничка основа. Грците на пример, се нарекувале Ромеи (Римјани), а нивниот јазик ромејски (римски) во целиот среден век, се до крајот на 19 век, како оставштина од Византија; грците биле дел од источното римско царство- Романија, па по тогашниот византиски обичај луѓето да се декларираат по географската припадност, тие биле Ромеи-Византијци. Инаку, многу познато е дека грците не се римјани, ниту пак имаат некаква лингвистичка или крвна врска со римјаните.
Инаку, ова византиско именување на луѓето по географската припадност, бугарите денска го користат како најголем "доказ" дека Македонците се бугари, што е најголемата бугарска лага.


"Краткото житие на Св. Климент", уште наречено "Охридската Легенда", за кое се смета дека е напишано од охридскиот Архиепископ од 13 век, гркот Димитриј Хоматијан, родум од Ликија (Мала Азија), сите словенски народи ги нарекува бугари - волгарои. За словените, грчкиот автор во "Охридска Легенда" пишува: "тие беа иселени во старо време од воената сила на Александар, од крајот Бруса Олимп кон Северниот океан и Мртвото море, а откако поминало многу време, со страшна војска го преминаа Дунав и ги зазедоа сите соседни области: Панонија и Далмација, Тракија и Илирик, а и голем дел од Македонија и Тесалија" (Охридска легенда- автора на житието — охридскија архиепископ Димитриј Хоматиан; Ал.Милев, Гр'цките житија на Климент Охридски" , 1966 г. ). Во истата Охридска Легенда, оригинално напишана во 13 век се вели дека папата го ракоположил Методиј за архиепископ на Моравија и Бугарија (тема Бугарија), а климент бил ракоположен од Методиј за епископ на целиот Илирик и на "бугарскиот народ" кој ги владеел тие краишта (Ив. Дујчев, Краткото Климентово житие от Димитриј Хоматиан, в „Климент Охридски, сборник от статии по случај 1050 години от см'ртта му" БАН, Софија, 1966 г., стр. 161—171). Од тука гледаме, дека сите словенски народи на Балканот, грците ги нарекувале бугари во средниот век, бидејки и србите, хрватите, црногорците, босанците т.е. сите кои ги населуваат Илирик, Далмација и Панонија за грците биле бугари.
Дека навистина поимот "бугар" означувал словен, но, не и посебна народност во средниот век, доказ се и останатите документи од времето на Димитриј Хоматијан, охридскиот архиепископ, ракоположен на охридскиот архиепископски трон во 1216 г. Од негово време имаме зачувано записи на Македонци кои се декларирале "по род Македонци". Тука имаме и запис од Иван Иерекар од селото Власто (денeска Велестово) „по род Македонец“ (J. Pitra, Analecta sacra et classica specilegio Solesmensi parta, t. VI Juris ecclesiastici graecorum selecta paralipomena). Parissis et Romae 1891, col. 315. Во 1891 г., католичкиот Cardinal J. Pitra објавил 155 документи од Охридската Архиепископија, кога била дел од Епирската држава, од времето на Архиепископот Demetrius Homatian (1216-1235), каде што Македонците се спомнати преку 50 пати и се забележува дека тогашните Македонци се изјаснувале по народност како Македонци „To de genos Elkon ek Makedonon“ (D. Angelov, Prinot KJM Narodostite i Pozemleni Otnoshenja vo Makedonija pp. 11-12 et. seq.; 43). Ангелов, како бугарски историчар ја застапува теоријата дека Македонците се нарекувале така по територијата која ја населувале, но како историчар тоа негово тврдење е ступидно. Во тоа време, Охрид припаѓал на Епирското Царство и логично би било тие територијално да се наречат Епирци, но во Епир, како што покажуваат историските извори во 13 век живееле Македонци и така се наречени . Порано, Охрид припаѓал на Илирик, не на Македонија, освен за време на Самолиловото Царство, а подоцна потпаѓа под византиска тема Бугарија; територијалните имиња на Македонците се Бугари, Епирјани, Илири.
Во 19 век, во Отоманската Империја, поимот Бугар означувал проста раја, селани, додека сите граѓани се декларирале како „Грци“; се’ градско били „грчко“, градската облека била „грчка“, а селската „бугарска“ (Wilkinson 1951: str. 149). Самите Бугари велат дека поимот Бугар немал национално значење: „Во турско време бугарскиот селанец ги означуваше Бугарите од градовите со зборот „Грк“, а граѓанската носија за него беше „грчка носија...Нашиот селанец, кога ќе речеше „ние сме Бугари“, мислеше „ние сме христијани“, т.е. православни. Рускиот цар беше за него „бугарски цар“ не по народност, ами по православно христијанство.....“ (А. Т. Балан, Една македонска теорија, Периодическо списание LXV, 1904, стр.818).
Според најновиот „Речник на современиот елински јазик“, зборот бугар - воулгар, на елински, означува простак („Речник на современиот елински јазик“, Г. Бабиниотис, Атина, 1998 г.).
Српскиот академик, Петар Драгашевиќ, антимакедонски настроен, кон крајот на 19 век бил во Тесалија и Грција, при што вели: „грците ме нарекуваат Бугар, иако сум Србин од Србија...зборот бугар означува Словен“ (Petar Dragasevic “Makedonski Sloveni”, 1890 g., Beograd). Српскиот пропагатор, Цвијиќ, борецот за србизација на Македонците, бил меѓу егејските Македонци и во Грција, па за своите впечатоци, тој пишува: „гркиот селанец ги вика македонските Словени секогаш Бугари...кај Грците, името Бугарин означува исто што и Словен. Грците ги нарекуваат Бугари и Србите, ако не знаат дека се од Србија...Името Србин за грчкиот селанец е само политички поим...а Бугарин е етнографски поим...полухеленизираните македонски словени- Чифчии, пкмалку зборуваат грчки, себе се сметаат за Грци“ (Професор Јован Цвијић (1865-1927), рада "Македонски Словени, проматрања о етнографији македонских Словена", Књижара Геце Кона, Београду 1906. год.). Др. Јован Цвијиќ, познат српски етногеограф и академик, српската влада го има пратено во Македонија во 1905 г. и за големосрпски владини интереси има напишано дека Македонците се аморфна маса, без национална свест и книжевен јазик, кои имале симпатии и кон Србите и кон Бугарите, па лесно можеле да се претопат или во Срби или во Бугари. Но, истиот тој Цвијиќ, подоцна сведочи дека кога бил во Македонија, Македонците имале развиено македонска национална свест па самиот се демантира и вели: "малите луѓе од народот, селаните, знаат само дека се Македонци" (Svetozar Pribicevic: „ Diktatura kralja Aleksandra”, 5. poglavlje, str.128).

И во сама Елада и Тесалија, имало голем број на словенско население, кое гркофоните го нарекувале Бугари. Во Грција никогаш не се населиле Бугари, нит пак Бугари ја владееле таа територија; во 7 век таму се забележани склавиниите на племињата Милинги и Езерци. За време на грчкото националослободително востание 1821-1829 г., се пеела една песна за премавнување на различностите на различните етноси кои ја населувале Елада и создавање елинска нација : „Албанци, Власи, Бугари, луѓе кои говорите на други јазици, придружете се“ ( 1. Victoria Clark, Why Angels Fall. A journey through Orthodox Europe from Byzantium to Kosovo Macmillan: London, 2000 ISBN: 0 333 75185 X; 2. FATHER GREGORY TILLETT, The British Orthodox Church).
Крсте Петков Мисирков го објаснува поимот Бугарин:
“Грците исто така не разликуваа словенцките народности и сите словени...го велеа со презреното име „бугари". …Грците…употребуваа името бугарин за да воплотат во него своiето презреiн'е кон се словенцко.. Со името бугари не крстиiа грците и нас македонците. Но тоа прекрстуаiн'е не iет iединствено… ( “За Македонцките Работи”, Предгоор, Софија, Печатница на „Либералниј Клуб'“ 1903 ). За жал, неколку пати во својот живот, Крсте П. Мисирков од страна на бугарската полиција, под закана за физичко ликвидирање, бил теран да потпишува статии со пробугарска позиција, претходно напишани од самата бугарска држава.
Во едни такви услови, кога Македонците учеле грчки училишта и кога се словенско’ било нарекувано бугарско, за нашите предци од 19 век словенското значело бугарско, секој кој говорел словенски говорел бугарски. Така и некои наши преродбеници, македонскиот народен јазик го нарекуваат бугарски, но не мислејќи на бугарски, каков што сега го знаеме, туку на словенски.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Македонските преродбеници биле во немилост од страна на егзархиските (бугарската црква) службеници во Македонија, кои имале за цел бугаризација на Македонците. Секретарот на бугарскиот Егзарх за Македонија, Петко Рачев Славејков, главниот во спроведувањето на бугаризацијата во Македонија, во 1871 г. објавува статија под наслов "Македонското прашање", каде прави осврт на македонското преродбенско движење, критикувајки ги Македонците кои себеси се сметале за потомци на античките Македонци, додека други пак за чисти словени, но не и бугари; приврзаниците на обете македонски партии ги нарекува "македонисти". Славејков пишува: "...Многу пати имаме слушнато од Македонистите дека тие не биле Бугари, туку Македонци, потомци на древните Македонци...Сме слушнале и друг доказ. Некои македонисти се двојат од Бугарите врз друга основа, според која тие се чисти Словени, а Бугарите се Татари и не знам ти што". Понатаму и самиот Славејков го опишува "она мислење дека божем старите Македонци биле Бугари, т.е. Словени", каде авторот на гореспомнатата статија јасно укажува дека за голем дел од Македонците, поимот бугар означувал словен, не етноним, а тие се сметале за наследници на античките Македонци, кои пак биле чисти бугари т.е. чисти словени. Ова македонистичко движње во Македонија било масовно, за што Славеков вели "идеја што многумина сакаат да ја спроведат во живот", а притоа заклучува дека на целиов овој процес во Македонија гледа "како знак на освестеност (македонска)" на Македонците, додека бугарскиот народ се уште не бил создаден или како што Салвејков вели "неустроениот наш народ". На крајот, Славејков заклучува дека Македонците (за него претставувале долни Бугари, а вистинските Бугари биле горни Бугари) не се сметале за Бугари и не биле освестени како такви во 1871 г., па вели: "Во однос на стравот (на Македонците) од бројноста на горните Бугари и од нивното порано пробудување, тоа не прилега ни да се спомнува, како што не треба да се гледа така ни на децата на еден татко. Само затоа што некои браќа (Бугарите) се освестиле час понапред, од тоа не следува дека тие треба да бидат погорни". Меѓутоа, треба да се потцрта дека целава македонска преродба, Бугарите вешто ја криеле како од својата, така и од светската јавност, но, работава излегла во јавност "благодарение на непретпазливоста на еден од нашите собраќа". Извор: (Статија на Петко Рачов Славејков в'в вестник “Македонија”, издаван в Цариград, година В, бр. 3 от 18. И. 1871 г. Цитирано по С'брани с'чиненија, т. 7. Публицистика, С: Б'лгарски писател, 1981 г., стр. 21 – 24).

Статија на Петко Рачов Славејков в'в вестник “Македонија”, издаван в Цариград, година В, бр. 3 от 18. И. 1871 г. Цитирано по С'брани с'чиненија, т. 7. Публицистика, С: Б'лгарски писател, 1981 г., стр. 21 – 24

И господин Генадиј, Митрополит Велешки (роден во село Подкожене, Поградец) ни кажува дека во 19 век, во Македонија поимот Бугар означувал чист Словен, дека сите словенски народи се Бугари, па тој запишува: "од Бохемија и Моравија сите тие се Словени, чисти Бугари, наши браќа". Покрај тоа што за г. Генадиј денешните Чеси и Словаци се Бугари, тој своето потекло го влече од античките Македонци, па за него Аристотел е "првиот учител во Грција, учител над учителите, чист Бугарин (Словен)" (Извор: Симеон Радев, "РАННИ СПОМЕНИ", наслов: "ПОСРЕштАНЕТО НА ЧЕТИРИМАТА Б'ЛГАРСКИ ВЛАДИЦИ", Ново, коригирано и доп'лнено издание под редакцијата на Трајан Радев, Изд. к'шта Стрелец, Софија, 1994).
Глигор Прличев во својата автобиографија пишува: „...бугарската азбука само на тројца им беше позната и се нарекуваше српска..“ (Григор П'рличев, Автобиографија). За него и Србите се Бугари т.е. Словени; во тоа време, само Србите имаа реформирана и кодифицирана словенска азбука, па затоа и Прличев вели дека бугарската (словенската) азбука се нарекувала српска. Никола Попфилипов, македонски учител вели дека бугарскиот јазик е општ балкански јазик (вестник "Maкедонiја" Цариград, 6. Април, 1868 г.).
Јордан Хаџиконстантинов - Џинот, јасно кажува дека за него поимот Бугари значи Словени, па во неговата "Солунска Легенда" објавена 1859 г. во "Гласник друштва српске словености" вели дека Св. Кирил и Методиј се апостоли на сите Бугари (Словени), (Гласник друштва српске словености, VIII, стр. 146-147).
Варијанти на преписи на "Солунската Легенда" објавуваат и бугарски автори од 19 век, каде пак се гледа дека во Македонија, поимот бугар, означуал само словен, па во истата се вели дека Св. Кирил и неговиот брат Страхота (св. Методиј) ја создале словенската азбука за просвета на "бугарите" (словените) од Моравија и дека кнезот на Велика Моравија бил "бугарски" кнез (ј. Иванов, "Б'лгарски старини из Македонија", БАН, 1970 г. ).

Фототипно издание на "Солунската Легенда".


Старословенскиот т.е. црковнословенскиот од целата светска историографија се нарекува словенски јазик, а воедно и сите средновековни македонски автори, македонските средновековни житија, целата средновековна книжнина тој јазик исклучиво го нарекуваат словенски и како таков се нарекува до ден денешен. Но, учејќи по грчки училишта, каде називот словенско е заменет со бугарско, Кузман Шапкарев во своите дела истакнува: „ги преведоа (Св. Кирил и Меродиј) на бугарски најнужните книги од светото Писмо...кога двајцата свети браќа отидоа во Рим да се залагаат во светото седиште за бугарскиот превод на светото Писмо...Св. Климент едни ги учел да читаат и пишуваат бугарски...Св. Климент ја измислил црковно-бугарската азбука тнр. кирилица...Св. Климент е прв бугарски епископ во Охрид (Извор: Кузман Шапкарев, „Голема бугарска читанка“, 1868 г., стр. 96, 97). За Шапкарев, Словените се античките Македонци, а Бугарите (мисли на словените) се дојденци од Волга, од Русија и дека Македонците се исто со силните “браќа”, Русите. Шапкарев целосно ги извртува термините Словени и Бугари, па вели дека Словените живееле во Македонија од Апостолски времиња (1 век н.е.), додека Бугарите дошле во 7 век, се измешале со Словените и така настанал нов етнос. По Шапкарев, Светите Кирил и Методиј биле Бугари, а Словените биле античките Македонци.
За разлика од Бугарите, каде поимот Бугар почнал да означувало националност кон крајот на 19 век, кај македонците поимот Бугар означува Словен. Еден Бугарин, во весникот „Македонија“ од 15.06.1868 г. за велешките учители пишува дека за нив „српски или бугарски е едно исто“, но дека тоа е „погрешно мислење“. И навистина, многу од нашите учители биле неуки, не знаеле ни името да си го напишат, а самиот Прличев вели дека учел историја во дуќанот на некој си Ангел Групчев (Григор П'рличев, Автобиографија). Бугарите, Јордан Хаџи-Константинов Џинот го прават чист блгарин, но тој во својата наставна програма, користел и српски наставни книги како „Граматика Мразовиќа, Захариевиќа, Цветник Рајиќа“ (В. Кунчов, „Град Скопие“, стр. 121, Софија 1898 г.).
За Никола Прванов, бугарски пишувач на книги, бугарскиот јазик е општословенски па вели „да ги спречиме македонските браќа да го користат налинот на кој Србите ги изговараат БУГАРСКИТЕ зборови...да не го акцентираат првиот слог“ („Читалиште“бр. 6, 1875 г.). Според цитатот на Прванов, тој смета дека и Србите говорат бугарски (мислејќи на словенски) и употребуваат „бугарски“ зборови.
Овдека ќе презентирам и каква историја се изучувала во тоа време. За Паисиј Хилендерски, кого бугарите го сметаат за првиот бугарски историчар, Бугарите биле чисти Словени и сите јужни Словени се Бугари, па вели: „од Балтичкото море, кај Брандибур, најпрво емигрирале Бугарите, а оние кои останале таму, се нарекуваат Словени (Славјаноб'лгарска историја- „За славјанските учители“, Паисиј Хилендарски, а762 г.). Читателот веднаш ќе свати дека за Паисиј, сите западни Словени се Словени, а сите оние кои емигрирале (најверојатно мисли на јужни и источни Словени) се Бугари! Во бугарските преписи од 20 век на историјата на Паисиј, се наоѓа и наслов за Србите, како посебен народ, но, имајќи искуство со бугарската историографија на „прилагодување“ на историјата за проповедање бугарштина, не е чудно ако овој наслов е додаден по 1898 г. за прв пат оваа историја е објавена во Бугарија; едноставо, не е можно да се пишува дека сите Словени кои емигрирале од прататковината се Бугари, а само Србите да не се. Денеска, бугарската пропаганда за да натури бугарски карактер на пиринските Македонци, тврди дека Паисиј е по потекло од Банско, иако по јазикот на пишувањето се докажува дека е од Софиско, поправо од Кралев Дол, каде што во почетокот на 20 век се уште жувее неговата фамилија ( "Отец Паисиј Хилендарски е родом в с. Кралевдол (Софијско)" , Веле Кралевски, в. "Независимост" (броја от 15.Х.1923 г.) / "Нешто за езика на Паисиевата историја", Иван П. Кепов в кратката си статија в сп. "Родна реч" (1931/32 г., кн. II)). Читателот, само може да си замисли до каде иде бугарската пропагандна машинерија.
Современикот на Паисиј Хилендарски, отец Спиридон Габровски, во 1792 г. ја пишува „Историјата на бугарските народи“, за кого сите јужнословенски народи се Бугари, и Србите и Македонците- Словените. Во неговата кратка историја тој вели: „Болгарите ги завладеале Тракија, Македонија, Далмација, Белото Море и Рим...Илирите се нарекуваат Болгари...од Болгарите произлегоа Србите..., а од кога Александар ја зеде целата илирска војска да го бие светот...од тогаш Болгарите почнаа да се нарекуваат Словени и Македонци (Спиридон Иеросхимонах, Историја во кратце о болгарском народе славенском, превод М. Г. Минчев (c), ред. П. Тотев, худ. доц. Ив. К'нчев (c), предп. инж. Д. К'нев, печ. УИ "В. Априлов" - Габрово, ИК "Луна", 2000 г. ; - Спиридон Иеросхимонах, Историја во кратце о болгарском народе славенском 1792, пр.Б. Христова, проф. Б. Рајков, БАК при НБ "Св. Кирил и Методи", И "ГАЛ-ИКО", Софија, 1992 г.). Пак имаме доказ дека “Бугар” во тоа време значело Словен, а тогашните „Бугари“, себеси се сметале за чисти Словени, ист народ и со Србите, и со Македонците и со Илирите (најверојанто Хрватите, Црногорците и Словенците).


Историја во кратце
о болгарском народе славенском

написа Иеросхимонах Спиридон Габровски в лето 1792
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Денеска, бугарската историографија сака да ги прикаже македонските преродбеници како национално свесни Бугари, што е чиста глупост. Бугарската пропагандна машинерија, ни прикажува само по некoлку зборчиња од нашите преродбеници каде стои „Бугари„ или „бугарски јазик“, но не целата содржина, плашејќи се да не се открие вистината, дека бугарско значело словенско.
Македонските преродбеници се сметале за директни потомци на античките Македонци, со македонска народна свест и тоа јавно го објавувале. За Јордан Хаџи-Константинов - Џинот, Македонците од 19 век потекнуваат од античките Македонци и нивната култура, од Пеонците, па дури и од античките митолошки народи како Мирмидонците, а сите тие биле чисти Бугари т.е. Словени („Цариградски весник“ бр. 458 од 21.11.1859, „Цариградски весник“. бр. 211 од 05.02.1855 г.). И за Ѓеорѓија Пулески античките Македонци се чисти Словени (Славјано-Македонска општа Историја, Софија 1893 г.).
Познатиот македонски ушебникар за основните училишта во Македонија, Димитар Македонски го гледа својот народ како антички Македонци, па во една своја статија пишува дека античките Македонци не ги голтнала земјата, туку дека се чисти Словени: „...Македонците не се Цинцари, ниту друг некој народ, но чисти Бугари ... оттаму ќе научите дека Македонците не се изгубиле од лицето на земјата, како што си дозволуваат некои да кажуваат, затоа што, колку што ние знаеме, тие не згрешиле некогаш до толку, што, да зине земјата и да ги голтне.“ (в. Македонiја од 16.02.1871).
Во својата „Кратка свјаштена историја за училиштата по Македонија (на македонско наречје)“, печатена „Во печатницата на Македонија“, Цариград 1867 г., пишува:
„П.[Прашање] Кои се оние Бугари (Словени), што се крстија во почетокот на први век после Рождество Христово?
Од. [Одговор] Тие се Бугарите што живеат во Македонија
П. Од кого се покрстени тие?
О. Од Апостол Павле, кој најнапред проповедал во Филипи и Солун...

Апостол Павле ги покрстил прво античките Македонци во Филипи, а сето тоа е многу убаво објаснето во Библијата. Димитар Македонски сосема е сигурен во своето потекло- дека е ист со првите Христијани, крстени од Апостол Павле, а тоа се античките Македонци, кои според него се чисти Бугари (Словени).
Факт е, дека сите оние македонски преродбеници кои го користат бугарското име како словенско се школувани по грчките училишта. Сите тие прво биле гркофили, за дури при крајот на својот живот да сватат дека се Словени (они го користат терминот Бугари), што потврдува дека дома, од нивните родители, дедовци не биле воспитувани дека се бугари, туку напротив. Димитар Миладинов се школувал во Јанина, каде мнозинско население е влашкото, кое сите словенски народи ги нарекува со едно име- Бугари (Petar Dragasevic “Makedonski Sloveni”, 1890 g., Beograd).
Горноспомнатиот Славејков, во свој извештај за состојбите во Македонија од февруари 1874 г. до бугарскиот егзарх рапортира дека во разговор со македонските патриоти, забележал дека имаат прецизна мисла „Македонците не се Бугари“...и без оглед на цената сакаат да имаат своја сопствена црква. Тие имаат помош во нивниот сепаратизам од високи свештеници од Константинопол, пред се Натаниел Охридски, Панариот Пловдиски и Архимандритор Харитон Карпузов; во борците за возобнување на македонска независна црква, Славејков ги вбројува и Кузман Шапкарев, Димитар Македонски, отец Зверклиј Зогрљафски и отец Петар Димитров. Понатаму, Славејков зборува за за унијатењето на македонските црковни општини со Ватикан, само за да се ослободат од бугарската Егзархија или како што вели Славејков: „никој не бара вистинска унија со Римокатоличката Црква. Едноставно, тоа е средство за обновата на Охридската Архиепископија”; представникот на бугарската Егзархија во Македонија, известува дека македонското свештенство избрало и свои Митрополити на независната македонска црква, и тоа: отец Харитон за Митрополит Серски и Мегленски, отец Козма Пречистенски за Дебарски Митрополит, Отец Панариот за Пелагонски Митрополит, отец Нил Извороз за Солунски, Кукушки и Воденски Митрополит, отец Доротеј за Скопски Митрополит, отец Дионисиј за Архимандрит на струмичката епархија. Веќе претходно имало и унијатство со Ватикан на Македонците од Кукуш, Воден, Струмица и Малешево...(Dve pisma na P. R. Slaveykov za makedonizmot. - Razgledi XIV, 5(1972), p.561-566).

Македонската борба за црковна независност одела заедно со борбата на национално ослободување. Бугарскиот Патријарх Кирил, за оваа македонска црковнонационална борба за независност забележува: Агентите и приврзаниците на унијата во своето писмо до солунските епархиски претставници беа споменале за решавање на "македонското прашање" преку унијата. За да го искористат докрај огорчувањето во македонските епархии, тие ги засилиле обвинувањата против Егзархијата ...Како во 1860 г. кога агентите на унијата преку в. "Б'лгарија" што беа изработиле културно-национална програма за ослободување на бугарскиот народ од Патријаршијата преку склучување на унијата, така и сега тие се појавиле со определена програма за духовно-народносно ослободување на македонскиоте епархии преку унијата. Веке и во тековниот политички јазик на македонските дејци од тоа време се зборува за "македонско движење", под кое се разбирало независно црковно ослободување. Тука има, мегутоа, еден момент од важен политички карактер: сепаратизмот се проширува од црковна на поширока народносна основа." (Кирил Патриарх Б'лгарски, "Егзарх Антим (1816-1888)", стр. 549-550).

Ѓорѓи Пулески (1838-1894), во 1875 г. во својот речник на македонски-турски-арнаутски, дава дефиниција за македонска нација, па вели: „Народ се велат луѓе кои имаат исто потекло и зборуваат ист јазик, кои живеат и се дружат меѓу себе и кои имаат исти обичаи и песни и прослави, тие луѓе се нарекуваат народ, а местото каде што живеат татковина на тој народ. Така, Македонците се народ (нација), а татковината им е Македонија (Пулески, „Резник од три језика, стр. 49, Белград 1875). Тој е исклучително интелегентен човек, самоук, не учел училиште, ни грчко, ни бугарско, ни српско; затоа, тој го пренесувал она што го слушал од своите домашни, од својот народ, дека се Македонци и секогаш се сметал за потомок на античките Македонци. Воедно, Пулески е и прв македонски историчар, со својата голема историја на македонскиот народ од 1660 стр., каде ја опфаќа историјата на Македонија од античко доба, па се до 19 век, а покрај секој историски податок го има дадено користениот извор. За Пулески, Мијак е кратка форма за Македонец и тие биле гардејците на Александар Македонски, додека Брсјаците биле неговата брза коњаница. Кога човек подобро ќе се продума, Мијаците најверојатно се дојдени од егејскиот дел на Македонија, од територијата меѓу Солун и Негуш, за што сведочат истите топоними во тој дел на Македонија и Мијачијата- с. Битуше, Маврово, Галичник (р. Галик во егејска Македонија) и како Мијаци го користеле своето национално име во Илирик. Во Македонци, Пулески ги вбројува и црните и белите шопи и сите останати македонски словенски племиња. За преселбата на словените од зад Дунав вели, дека тоа се избегани Македонци, после Римско-Македонские војни и тие луѓе се враќале само на своите огништа (Славјано-Македонска општа историја, Софија 1893 г.). Во 1880 г. Пулески ја објавува и првата граматика на македонскиот јазик „Слогница речоска“, а во ракопис му остана обемната граматика „Јазичница“. Бугарската историографија, на Пулески му наметнува дека потпаднал под српска пропаганда, па затоа станал „македонист“, што е еден голем абсурд. Пулески никогаш не се школувал во Србија, ниту живеел таму, ами се борел за слободата на Бугарија со своја чета и живее од 1878 г. во Софија се до својата смрт, 1894 г.
Кон македонските преродбеници ќе го придадам и Димитар Поп Георгиев Беровски ( 1840-1907 ), истакнат македонски револуционер. Тој е образуван човек, посетувал духовно училиште во Одеса, Русија. Раководел со Разловечкото и Кресненското востание, за ослободување од Османлиското ропство и познат е неговиот “Устав на Македонскиот Револуционерен Комитет“ на Кресненското востание. По уставот, во востанието можел да учествува секој кој се чувствува за Македонец (член 2), за ослободување на Македонија (член 4). Ова востание избувнува во источна Македонија, Малешевијата, на границата со права Бугарија, токму во периодот на формирање на бугарската држава 1878 г.. Македонската национална идеја е присутна: ослободување на цела Македонија и формирање една држава; востанието требало да се прошири во сите делови на Македонија (Член 125), а биле формирани чети во Костур, Тетово, Скопје, Горна Џумаја, Велешките области (Член 130); што е ова, ако не веќе оформен народ, кој се сметал за едно исто, без разлика дали потекнува од источна, западна, јужна или северна Македонија? Во член 15 од уставот се спомнуваат и националностите во Македонија: христијани и муслимани Македонци, Турци, Албанци, Власи и сите останати...; за бугарите се вели дека се само словенски браќа, чл. 186, но биле непријателски настроени кон востанието, член 132 (1878, Private library of the Bulgarian patriarch Kiril. Archive division. Item 2341. Archive unit 50, folio 30-61).
Македонска родољубива интелигенција во Русија, собрана е во петроградската македонска колонија, која го издава списанието "Македонски глас", раководен од Димитрија Чуповски (роден во с. Папрадиште, велешко). За уредниците на "Македонски глас", Македонците не се ниту Срби, ниту Бугари, ниту Грци,...туку посебна нација, Славо-Македонци (From the article " K makedonskomu narodu" (To the Macedonian Nation), whose author wrote under a pseudonym ,Upravda", published in the journal .,Makedonskij gobs" - Organ storonnikov nezavisimoj Makedonii" (a Russian title which translates as "The Macedonian Voice - Organ of the Defenders of a Free Macedonia"), I, No.2, St. Peterburg, June 27, 1913, p.26). Не можејќи како да оправда постоење на македонска национална свест во 19 и 20 век, бугарската пропагандна машинерија, секој национален свесен Македонец од спомнатиот период го нарекува „србоман“, вклучувајки го и Чуповски, Пулевски, Мисирков итн. Но, самите бугарски пропагатори си се вплеткуваат во мрежата од своите лаги, бидеќи колку се остри македонските национални дејци од 19/20 век против бугарската пропаганда, толку се остри и се борат против српската пропаганда. Доволно е да се отвори само некој број од "Македонски глас", да се видат десетиците статии против српскиот режим во Македонија, да се прочита „За Македонцките Работи„ каде Мисирков говори за српскиот национализам и шовинизам.
Зарем сега, во 21 век кога знаеме што значи поимот Бугар, а што Словен, пак да го користиме терминот Бугар за Словен? Дали треба да се правиме Бугари и сите словенски народи да ги сметаме за бугарски? Сега, кога ни е достапна сета средновековна книжнина од Македонија, треба ли да ги занемариме историските вистини и факти? Дали треба да ги заборавиме делата на Св. Климент, Св. Наум, Св. Кирил и Методиј кога говореа само за Словени, словенски јазик, а целосно ги игнорираат бугарите од проста причина што во средновековието Бугарите биле турски народ, не само етнички различен од Словените, туку и расно посебен, од азијатско потекло? Покрај тоа, треба ли да заборавиме дека македонските преродбеници се сметале за потомци на античките Македонци?
Со ова, паѓаат во вода бугарските квазитеории дека македонскиот народ почнал да се чувствува како македонски од 1944 г., напротив корените на македонштината се многувековни.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
На секоја реченица може да се реплицира, да започнам со темата која деновиве ме интересира најмногу. Власи - Маке(и)дони. Селото Власто дали не е денешното Власти, каде е роден и баронот Константин Белиу - Македонецот?

Иерекар што значи на македонски? (прашање до Анавено)

Дека навистина поимот "бугар" означувал словен, но, не и посебна народност во средниот век, доказ се и останатите документи од времето на Димитриј Хоматијан, охридскиот архиепископ, ракоположен на охридскиот архиепископски трон во 1216 г. Од негово време имаме зачувано записи на Македонци кои се декларирале "по род Македонци". Тука имаме и запис од Иван Иерекар од селото Власто (денeска Велестово) „по род Македонец“ (J. Pitra, Analecta sacra et classica specilegio Solesmensi parta, t. VI Juris ecclesiastici graecorum selecta paralipomena).
 
E

emission

Гостин
Македонците не се Цинцари, ниту друг некој народ, но чисти Бугари
Тоа ти е да видиш дека имало некој што кажал дека не се Власи за да не може денес секој неписмен да тврди такво нешто.

Кои се оние Бугари , што се крстија во почетокот на први век после Рождество Христово?
Од. [Одговор] Тие се Бугарите што живеат во Македонија
П. Од кого се покрстени тие?
О. Од Апостол Павле, кој најнапред проповедал во Филипи и Солун..
Ова е за да видиш дека Бугарин не е национално определение затоа што тогаш во први век после Христа и во Библијата пишува дека тој ги покрстил Македонците а Бугарите ни не биле во Европа. :smir:
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Тоа ти е да видиш дека имало некој што кажал дека не се Власи за да не може денес секој неписмен да тврди такво нешто.

Ова е за да видиш дека Бугарин не е национално определение затоа што тогаш во први век после Христа и во Библијата пишува дека тој ги покрстил Македонците а Бугарите ни не биле во Европа. :smir:
И jа понаучете малце историjата ... и ќе се уверите дека Македонците не се цинцари, ниту друг некоj народ, туку се чисти Бугари како вас; од таму ќе се научите уште дека Македонците не се изгубиле од лицето на земјата како што некои си дозволуваат да докажуваат оти колку што ние знаеме тие не се согрешиле некогаш толку та да зине земјата па да ги голтне.“

Болдираното е да видиш на кои Македонци мисли Д. Македонски и благодарам за твојот пост, зошто потврдува дека Власите тогаш се нарекувале Македонци.
 
E

emission

Гостин
Поздрав Каснаковски. Мене ми е задоволство тие што ги зафатил вирусот на Татарљупството марем малку да им пренесам од вирусот на вистината и да се надевам дека вториот ќе надвладее некогаш.


И jа понаучете малце историjата ... и ќе се уверите дека Македонците не се цинцари, ниту друг некоj народ, туку се чисти Бугари како вас; од таму ќе се научите уште дека Македонците не се изгубиле од лицето на земјата како што некои си дозволуваат да докажуваат оти колку што ние знаеме тие не се согрешиле некогаш толку та да зине земјата па да ги голтне.“
Зошто би велел дека Македонците не се цинцари ако мисли дека се Цинцари. Тој вели дека не се изгубиле од лицето на земјата како што тврделе многу Бугари во тоа време бидејќи тие застапувале теории дека буквално исчезнале после распадот на Македонската империја.


Болдираното е да видиш на кои Македонци мисли Д. Македонски и благодарам за твојот пост, зошто потврдува дека Власите тогаш се нарекувале Македонци.
Ништо не го потврдива тоа, туку напротив вели дека не се Власи Македонците. А цитатот што следува разгледај го подобро и размисли бидејќи очигледно првиот пат ниту си го погледнал ниту си размислил за него ниту си го коментирал.
Кои се оние Бугари , што се крстија во почетокот на први век после Рождество Христово?
Од. [Одговор] Тие се Бугарите што живеат во Македонија
П. Од кого се покрстени тие?
О. Од Апостол Павле, кој најнапред проповедал во Филипи и Солун..
Еве ти објасни кои се тие Бугари во први век во Македонија иако единствено логично објаснување е дека се Македонци (Македонски Словени ) кои и други преродбеници сметаат дека се исти народ. Значи ова е сосема доволен доказ дека Бугари не е национално име бидејќи во 1 век немало Бугари во Македонија.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Еве ти објасни кои се тие Бугари во први век во Македонија иако единствено логично објаснување е дека се Македонци (Македонски Словени ) кои и други преродбеници сметаат дека се исти народ. Значи ова е сосема доволен доказ дека Бугари не е национално име бидејќи во 1 век немало Бугари во Македонија.
Нема Бугари, ама нема и Словени тогаш се` уште, нели? Толку знаеле тогаш лугето, за тоа и така пишувале.

Македонски пишува дека античките Македонци не се Цинцари. Значи некои тврдат дека се`. Најдов веќе доста примери за тоа, дека Власите тогаш се нарекувале Македонци - баронот Константин Белиос, Маркус Крајда од Кожани (во Кожани не живееле „славомакедонци“), македонците на Бајрон....
 
E

emission

Гостин
Нема Бугари, ама нема и Словени тогаш се` уште, нели? Толку знаеле тогаш лугето, за тоа и така пишувале.
Абе гледам дека кога ти одговара се правиш мутав, ама ништо тоа е од вирусот што ти го кажав. Бугари 100 проценти немало, ама други преродбеници сметаат дека Македонците од тоа време и Славјаните се едно и исто а точно така смета и Димитар Македонски, само што тој за Македонските Славјани вели Бугари.

И не знам од каде ти сега потреба да измислуваш дека истиот тој мисли на Власи кога вели Македонци кога тоа се гледа од авион дека не е така и е лага што ти си ја измисли. Ако имало Власи кои се нарекувале Македонци тоа си е друга приказна и не припаѓа на оваа тема а овие недвосмислено кажуваат дека не се зборува за Власи без разлика колку ти ќе се обидуваш да ги тераш работите во тој правец. Толку околу тоа.


Еве ќе ти го поставам прашањето поинаку за да не се правиш дека не си разбрал - за кои Бугари зборува Македонски ?


 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Еве ќе ти го поставам прашањето поинаку за да не се правиш дека не си разбрал - за кои Бугари зборува Македонски ?
И ти не се прави дека не разбираш. Сам си одговорил на прашањето!

И не знам од каде ти сега потреба да измислуваш дека истиот тој мисли на Власи кога вели Македонци кога тоа се гледа од авион дека не е така и е лага што ти си ја измисли. Ако имало Власи кои се нарекувале Македонци тоа си е друга приказна и не припаѓа на оваа тема а овие недвосмислено кажуваат дека не се зборува за Власи без разлика колку ти ќе се обидуваш да ги тераш работите во тој правец. Толку околу тоа.
Такво нешто не сум напишал, читај „пажљиво“

„Ако имало Власи кои се нарекувале Македонци тоа си е друга приказна“ мене ме интересира токму таа приказна.
Поздрав.
 
E

emission

Гостин
И ти не се прави дека не разбираш
.
Не е греота да не знаеш , греота е да не сакаш да научиш. Ајде пак белки ќе се засрамиш да се правиш мутав иако си Бугар и тоа не е ништо ново за вас.
За кои Бугари во први век од нашата ера зборува Димитар Македонски?

Сам си одговорил на прашањето! Такво нешто не сум напишал, читај „пажљиво“
Не си напишал а ?? Пак лажеш, пак те фатив со спуштени гаќи бе Волгар. Еве да видиш дека си напишал.
Болдираното е да видиш на кои Македонци мисли Д. Македонски и благодарам за твојот пост, зошто потврдува дека Власите тогаш се нарекувале Македонци.
Срамно е да лажеш ама како што ти кажав ако престанеш и ако сакаш да ја научиш вистината ќе ти се прости.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Значи тука си имаме работа со реинкарнацијата на Глигоров..Туку ај за да се потсмириш малку оти гледам по сите теми се просеруваш околу Власите-Македонци ќе ти кажам следното. До ден денес се спори за етногенезата и потеклото на Власите. Некои велат биле остатоци од Траките, Римјаните па се оди до апсурдот да се тврди дека се потомци на Македонците од времето на антиката. Заедничко за овие теории е дека на Власите се гледа исклучиво како на население кое потекнува од народите кои биле тука и пред "големата преселба" додека со словенојазичното население тоа не е случај.Но од цитатот може да се примети дека Македонски сака да ја исклучи теоријата за можното потекло на Власите од Античките Македонци. Зошто го прави тоа??? Заради тоа што тие кои според него се нарекувале (иако мислам во повеќето случаи биле нарекувани отстрана) Бугари од Македонија всушност се наследниците на Македонците од времето на Филип.
И престани да ја тупиш со тоа колкава била прифатеноста на таа теорија меѓу Власите бидејќи е ирелевантно. Власите ако сакаат сосема слободно можат да се чувствуваат Македонци. Толку за Власите.
Во однос на темата: Недвосмислено се покажува дека поимот Бугар нема значење во однос на определување на национална припадност туку во тоа време се прифаќа како еднаков на Словен.Овие два поими често се мешаат и поистоветуваат а јасно е и зошто е така. Кон крајот на 18 век и во почетокот на 19 век се јавуваат преродбеничките процеси меѓу словенојазичното население во рамките на Турција. По извојуваната српска автономија процесот на будење меѓу населението се одвива во црковните училишта каде свештените лица подвластени на Цариградската патријаршија се повикуваат на славното минато пред доаѓањето на Османлите врз основа на стари документи од времето на Византија. Тие ја прифаќаат византиската терминологија во којашто поимот Бугар се среќава со различни значења од народносно до територијално-административно до јазично... Така Бугар стана еднакво на Словен, но Македонците дури и така дефинирајќи се себеси како "Словени" односно "Бугари" отсекогаш инсистирале дека се потомци на "оние Бугари/Словени" од времето на апостол Павле и Александар Македонски кои тогаш беа нарекувани Македонци.

p.s: Кон темата сакам да додадам од она што се сеќавам дека во оргиналниот текст на Македонска крвава свадба исто се приметува на повеќе места каде бугари, бугарки е шкртнато и заменето со поимите рисјани, рисјанки што покажува дека веќе на преминот на 19 и 20 век во услови на безочна пропаганда од страна на соседите било јасно дека Македонците не се како "другите Бугари", па затоа е подобро да останат само како рисјани.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Да провериме дали напишаното е вистинито

„Најдобар пример ќе дадам со Босанците; во 16 век, ерменецот Симеон Лехаци патува низ Турција, азијска и европска; посетувајќи ја Босна, вели дека сите луѓе таму се Бугари и зборат „болгарски“, а нивните села ги нарекува „болгарски села“ (Симеон Лехаци, Путевые заметки, хроника и памјатные записи; изучил и опубликовал Нерсес Акинјан, Вена, 1936).“

http://armenianhouse.org/lekhatsi/chronicle-ru/notes/contents.html

Оттуда за пјать днеј мы достигли Босна-Сараја.* Это был большој город, построенныј на высокој горе. Через него протекала широкаја река, еште большаја, чем остальные. Это был благоустроенныј и торговыј [город] и место купцов. Там сидел беглербек Румелии. Мы разыскали там четырех армјанских купцов, которые, утешив нас, с лјубовьју встретили и почтили у себја дома, за что да вознаградит их Господь! Там мы пробыли два днја. Лјуди тој страны – здоровые богатыри, сильные и могучие, рослые и мускулистые; они совсем не знајут турецкого јазыка, но только болгарскиј. Говорјат, что в Румелии, кроме городов, есть 80 тысјач болгарских сел; по исповеданију они греки, а их архиепископ сидит в Атране. Почему же они всем округом принјали мусульманскују веру? Говорјат, что как-то прибыли к ним хараджчи, и они из-за ништеты отреклись от веры, чтобы не платить харадж. Тогда хараджчи, собравшись, отправились в Высокују Порту (“Высокие Врата” или “Высокаја Порта” (Баб и-Али), так называли Стамбул) и дали понјать хондкару, что боснијцы принјали мусульманство не во имја бога, а из-за хараджа. Тогда царь повелел: «Пусть платјат [все], хоть и стали мусульманами, кроме хаджи, которые ходили в Мекку». Увидели [62] они, что и веры лишились и харадж платјат, стали ходить из-за хараджа в Мекку. Все они хаджи; среди них очень мало платјаштих харадж, таких называјут румелијскими газијами. В Боснии повсјуду есть также много болгарских монастыреј. В пјати милјах [от города] на высокој горе стоит большој известныј и великолепныј монастырь; нам сказали, что в эту епархију входит триста сел. Војдја внутрь, мы обошли его и благословили бога. Рјадом с монастырем находилсја большој горјачиј источник, которыј приводил в движение 12 мельниц. В другом месте, около Хулупа, мы увидели построенные царјами большие бассејны и каменные украшенија, подобные источникам Бурсы. В Боснии все лјуди говорјат по-болгарски и если клјанутсја, то, кроме имени Мехмета, ничего по-турецки не знајут, поэтому говорјат: «Такоми бога и вира Мехметскаја», то есть «Вот те бог и вера Мехметова», и т. д.

„Книга содержит описание путешествија по странам Ближнего Востока, совершенного Симеон Лехаци в 1608-1619 гг.“

Векот не е 16, туку 17.
Вие дали правите разлика меѓу турски, туркменски, узбекски, киргиски, казахски, ујгурски и т.н.?
Еден Ерменец има слушнато бугарски јазик и за него сите слични јазици се бугарски, како што за вас горенаведените јазици ќе бидаат турски.

Сега обични Бугари кога слушнат македонски литературен јазик на радио или телевизија кажуват тоа е СРПСКИ, ако не знаат разликите. Дали тоа значи дека вие сте Срби?


 
A

anaveno

Гостин
Сега обични Бугари кога слушнат македонски литературен јазик на радио или телевизија кажуват тоа е СРПСКИ, ако не знаат разликите. Дали тоа значи дека вие сте Срби?...
Ne, toa samo ja potvrduva nasata izreka: glup si kako Bugar!
A ti si bugar, pa zakluci si za tebe.

I koj ti e kriv sto si STUPIDOIDEN? Gledaj se sto pisuvas.
Ako ne razbirate makedonski - ucete.
Samo ne naucivte od Kirila navamu,ta sega ke naucite...
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Запис на учителот Ѓорѓи Македонски во 1846 година

“...Да се знае, кога селаните од моето родно село Радибуш Криворечка Паланка, ме главија за учител во нашето селско училиште, а и за Ранковци и за Криви Камен, за 1800 гроша годишно. Роден сум од татко ми свјаштеник Димитрија и мајка Васкресија, како 7-мо дете од дванајсе деца, пет машки и седум женски. Славјанско писмо го изучив од татко ми Димитрија Македонски, кој така се вика зошто сме Македонци, а не Грци, а неговиот татко се викал Јосиф, свјаштеник, а неговиот дедо Стојмен свјаштеник. И јас прекорот си го зедов Македонски, а не по татко ми и по дедо ми, за да се знае оти сме славјани од Македонија.“

Ден Голема Богородица на 1846. Ѓорѓи Македонски
(15, т.Први, 282)

Горниот запис се наоѓа во Богослужбената книга “Општи Минеј“ во црквата во с.Радибуш - Кривопаланечко, на последната непажинирана страница. Ова е многу значаен документ за Ѓорѓи Македонски од с.Радибуш - учител и свештеник , значи образован човек, во времето на зачетоците на Македонската преродба.

Слична била и изјавата на јерејот Димитрија од истиот крај во 1848 година:

“За моето назначување најмногу се заложи г-н Михаил Македонски, зошто сум роден Маќедонец и службата си ја терам по словенски. Од бога било пишано моето отечество Макеедонија да страда од Грците, па тие не ни даваат и денеска мир, иако сите знаат дека Македонија била постара држава иод нивното царство...“
 

Kajgana Shop

На врв Bottom