Кога е некој неспособен и да се самоубие.....
Легнал во ковчег, си пукал во глава и преживеал!
52-годишен маж од Подгорица на живописен начин решил да му стави крај на својот живот, но, поминал само со повреди. Легнал во ковчег, си пукал во глава, обидот му бил неуспешен, преживеал.
Според неслужбени информации од полицијата, човекот со иницијали М.Б. дошол во продавница за погребална опрема "Палма" и си купил ковчег. Човекот претходно му се пожалил на еден свој пријател дека веќе не можел да ги издржи проблемите во семејството и решил да се убие. По разговорот повторно се вратиле во продавница и си купил мртовечки ковчег. По ова М.Б. му рекол на работникот да го извади надвор, кој го сторил тоа мислејќи дека се работи за шега.
Во прошталната порака напишал "... трагично го завршил својот живот и ги навел имињата на ужаленото семејство". Користејќи прилика кога неговиот пријател отишол во тоалет, тој излегол надвор, легнал во ковчегот, извадил пиштол и испукал еден куршум. Куршумот му поминал низ двете вилици, излегол од носот и го искршил стаклениот излог на продавницата.
Веднаш реагирала полицијата и М.Б. бил транспортиран во Клиничкиот центар во Подгорица. Таму му била санирана повреда и се наоѓа вон животна опасност, пренесува "Дневник хр".