DameMak
Добро е што си загрижен, ама не се трвожи толку. Примени АНАЛОГИЈА.
Тие кои не обвинуваа дека сме бугарофили кога сакавме Македонија да биде независна - доживеаја политички пораз и Македонија се осамостои.
Пак ќе се случи истото: Истите тие кои сега се здружиле и со грци и со бугари и го делат народот на букефалисти или македоноиди и проевропејци - ќе исчезнат од политичката сцена во следните неколку години.
Велиш да не се тревожам многу и да користам аналогија, а?
Слушај, ако се познаваме уште од тоа време подобро јави ми се на приватни пораки да се видиме наместо вака да ме провоцираш да ја растурам тастатурата од пишување за тоа време.
Пих, колку е, значи, тешко да натераш жаба да рипне во вода.:wink:
Инаку, за сите нека знаат дека не сум вршел секогаш противпропаганди активности. Чудото македонско наречено навремено појавување на антикомунизам и покрај силното пројугословенско чувство (индоктринираност) можат некои да го отфрлат како тогашно следење на мода т.е. процеси низ светот. Можат, нормално, демократија ли сме или што. Слобода на говор, и то.
Е се`а, антикомунизмот е токму тоа „анти“ или по нашки „против“. Значи, антикомунизмот е секогаш против нешто и тоа без да биде за нешто конкретно. Затоа ја имаме изреката дека полошо од комунизам е антикомунизам.
Ами з`ш море мило нашиот антикомунизам беше цврсто врзан ЗА вековниот сон на македонците за самостојна и просперитетна држава и тоа без исклучок? Да не е случајно затоа што некој се „тревожел“ како на оваа тема за букефалистите?
Инаку, како дополнување, во тоа време беше црно и бело. Комунисти за југославија и антикомунисти за самостојна Македонија.
Не можеше да се биде комунист (левичар), а да се биде и за самостојност!!!
Тогаш борбата беше да се смени позицијата на слуга („република“ во федерација) во позиција на слободен човек (самостојна држава) преку менување на системот од левичарски во правна држава и пазарна економија.
Успехот кој беше постигнат при убедувачките процеси за претворање на југословените во македонци си имаше и свои „негативности“. Се намножија на позиции на одлучување такви луѓе кои незнаеле дека незнаат. Луѓе, родени и образовани (индоктринирани) во еден систем се зафатија да го менуваат истиот во друг притоа немајки јасна слика во што тоа се менува.
Во тоа време сите мислеа дека ќе живеат како ликовите на серијата „Династија“ (постарите на форумов знаат).
Е па, тие незнајковци, замислени дека знаат што прават (со голема помош од левичарите) фактички ја спречија следната фаза. Фазата која требаше да го заокружи процесот на освестување и осамостојување на македонецот.
Тој, последен, процес беше да се пролиферува, односно едуцира населението за начелата на слободниот човек кој живее во демократија. Значи индивидуализам и слобода, односно знаења (филозофии) кои намерно биле недостапни за пошироката македонска популација!!! Овој процес имаше за задача да обезбеди македонецот никогаш повеќе да не се доведе во положба на закрепостеност и слугаторство некому.
Преку напишаново секој може да си заклучи дека прецосот на нашето осамостојување е незаокружен. Вака ни се случи со истата техника од минатиот режим да владеат нови владари. Значи, колку работите се променија сепак останаа исти.
Тогаш имавме едноумие, сега имаме повеќе партиско едноумие и беспоштедна
борба на ривали, а требаше да имаме
натпревар на концепти при решавање на заедничките проблеми (лево или десно).
Со ова напишано може да прејдам на вториот дел.
Аххх - тука не се согласувам со тебе тотално.
Зошто? Затоа што природниот тек на нештата е да имаш и левица и десница. Во секоја современа демократија е така. Проблем е што нашите левичари се тапа тапосана, трулеж од старите комунистички времиња.
Ти користиш струја? Нормално дека користиш. Кога би имало само еден пол (северен или јужен) нема да имаме струја, нема ни да комуницираме вака преку интернет, но нема да има ни атоми, ни молекули ни ништо.
Универзумов е поставен така да има стално две крајности и работите да се придвижуваат де кон едната де кон другата крајност.
Доколку правеше разлика помеѓу
- лево ориентиран, левица и левичар (болдираното),
- десно ориентиран, десница и десничар (болдираното),
немаше да ми одржиш толку суптилно жестока лекција како е поставен универзумот. Мислам дека не заслужувам такво нешто.
Само ме буни нешто. Зборуваш за постоење на две крајности, а спомнуваш само една како проблем.
Ај да речеше:
- дека десната ориентираност кај нас е
практично непостоечка,
- дека десницата кај нас фактички владее, наместо да води, и тоа со левичарски техники,
- дека на индивидуализмот и слободата се гледа исклучиво од призмата на левичарската пропаганда и е погрешно сфатена,
- дека општеството ни е сеуште под
ментален склоп на закрепостеност наместо слободно и каде што може поединецот да си е во потрага по сопствената среќа
- и многу други проблеми.
Ти спомна дека проблемот лежи во левичарите кои биле вакви или такви, а какви мислиш дека се? Та дури и пофалба си доби.

Како и да е, знај дека во Македонија не постои десна ориентираност.
Чест за малубројните исклучоци, се разбира!!!
Што се однесува до левичарите... Ќе ти кажам колку помалку од нив, толку подобро за сите нас и откако ќе се создаде доволен број на десно ориентирани поединци ќе добиеме здрава десница. На крај само по себе ќе дојде до појавување на социјалдемократи или разумна лева ориентираност.
Поздрав:helou: