Јас мислам дека Раниери не е вчерашен тренер, и знае како да се справи со младината и со искуството..Треба да направи совршен спој,и да ја пронајде формулата каде и Џовинко и Недвед би си го нашле своето место, каде и двајцата би биле задоволни..Колку е поголема конкуренцијата на секоја позиција во тимот, толку тимот е подобар..Џовинко, е млад полетен, допрва доаѓа неговото време, но во нозете го нема искуството што го има Недвед..Недвед, од друга страна, го респектирам, му заблазнувам на тоа што го има направено за Јувентус, и му сум благодарен што остана во Јуве кога беше најпотребно..Ама годините си го прават своето, така да мора да се размислува за негова замена, а од Џовинко во моментов подобра замена не гледам..Така да мислам дека и Недвед тоа го знае...Сурово зар не?Aма мислам дека треба да се микса, и Џовинко и Недвед, зошто сигурно губиме ако го ставиме кој било од двата постојано да грее клупа постојано..