Ок еве нека биде така, еве ќе разговараме за приоритетите од блогот.
Викате дека најважни приоритети ќе ви бидат во земјоделитео во следните четири години следните:
- Агенција за обезбедување и чување на овошните насади во Преспа;
- Подобрување на патиштата до насадите.
Ве молам жалосно е да се каже дека главен приоритет ќе ви биде агенција за обезбедување на овошните насади? Од што од кого? Од каде излезе овој приоритет по кој анализи на целната група? или подобрување на патиштата до насадите? Во јаболковото производство имаме еден куп приоритети кој се далеку погоре и далеку поважни од овие. Жално е ако сметате дека треба да се зафатите во земјоделието со овие два а ги истакнувате како најважни???????
Каде се стандардите, каде е интегралната заштита, каде е брендирањето, итн? Да не ве учам се ќе треба да почнете да ми плаќате?
А оваа агенцијава ако ги чува насадите од болести тогаш извинете моја грешка :pos2:.
Одиме понатаму во
Образованието ниеден проект не е Ваш и од локално значење тоа се проекти на Владата на Рм, немате ништо што вие и со помали средства и многу поконкретно ќе превземете како Локална Власт не сте државна не ставајте знак за еднаквост.
Слободна Економска Зона во
Локален економски развој????? Пак проект од типот на оние на Бузлевски немојте ве молам дајте нешто остварливо???
Сообраќај: Локален превозник за што од каде за каде????
Асфалтирање на патишта и улици: повторно проекти на Владат не ваши?????
Уредување на паркови и нови зелени површини:
Формирање на градски парк- шеталиште. - Каде ќе го формирате овој парк икакво е тоа шетлиште кога Преспа веќе има солиден Градски плоштад со Парк????????
СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА - Овде се зборува за народни кујни, за проекти на влада, пак за влада и пак за влада. дајте бе луѓе вие се борите за локална власт, кажете што знаете сами со сопствени ресурси да направите? Старачки дом???? Кого ќе подржите во формирање н старачки дом?
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА:
Овдека сте најлоши, или кажувате некој работи кои функционираат веќе и кои треба да се развијат повеќе или измислувате смешни реченици:Проект Биосферен резерват Преспа Парк ќе ве молам ќе ми каже некој што е ова?????????
ТУРИЗАМ
Декларативно набројување што имаме. Кажете што ќе работите на ова поле ова се декларативни реченици ко Бузлевски да го слушам брррррр?
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА: Научете ние се граничиме со Општиа Лемос во Грција не со Лерин, понатаму Преспа Парк е веќе проект што функционира и тој нема врска со меѓународна соработка? Каде ви се ЕУ фондовите??????/
Доста беше од мене да не станам досаден на читателиве на форумов. Жално е колку сте залепени со Владава? Знаеме дека ја имате власта на државно ниво ама морате да се потприте на локални ресурси, луѓе и други средства, да можете сами да се изборите за средства од други разни фондови посебно во ваква криза кога владата не може да семоќна и ќе мора да крати голем број од проектите кои ги најавува не дека не сака да ги реализира или дека се лоши, барем повеќето од нив ама толку се средствата. Затоа Ве молам размислете со локални сили
а не препишувајте програми од овде од онде со додаток на проекти на Владата.