Сите науки што се дел од историјата и обработуваат историски факти се сложуваат во фактот дека од VI до VII век наеднаш без претходни артефакти за било какво постоење се појавуваат т.н. Словени, кои така паднати од небо успеале наеднаш да развијат таква култура, јазик и со еден збор цивилизација која успешно ќе се наметне и ќе ја потисне онаа цивилизација која со векови претходно постоела. И не само македонската, него и римската и после неа во тоа време актуелна визанатиска цивилизација (да не ја спомнува и булгарска односно Аспарухова цивилизација, затоа што не е вредна за спомнување). Брееее, што цивилизација ќе да беше тоа, да не биле случајно вонземјани кои наеднаш дошле и ни наметнале на нас неуките Македонци нешто посовремено и поцивилизирано...