K
kat.<3
Гостин
Што треба да знаеме за Бог? Бог не сака и сака да имаме лична поврзаност со него.
Бог не сака дури иако ние не сме го сакале Него. "Во тоа се состои љубовта, што не ние Го засакавме Бога, туку Бог нас не возљуби и Го прати Синот Свој, за да ги очисти гревовите наши." (Прво Соборно Послание на Светиот Апостол Јован Богослов 4:10)
Што е грешно со нас? Нашата поврзаност со Бог е растурена од гревот.
Сите ние направивме избор покажувајќи дека сме склони да бидеме:
Пасивно рамнодушни на Бог "Сите ние бевме заблудени како овци, се отстрани секој од патот свој, - и Господ ги возложи врз Него гревовите на сите нас." (Книга на пророкот Исаија 53:6)
Или активно против Бог "А овој суд е за тоа што светлината дојде на светот, но на луѓето им омиле повеќе мракот отколку светлината, оти нивните дела беа лоши. Зашто секој, што прави зло, ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат осудени неговите дела, оти се лукави." (Свето евангелие според Јована 3:19-20)
Резултатот на нашиот избор да се спротивставиме или да Го игнорираме Бог има за резултат Духовна смрт (одвојување од Бог). "И вас, кои бевте мртви поради вашите престапи и гревови." (Послание на Светиот Апостол Павле до Ефесјаните 2:1) "Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот – смртта, по таков начин и смртта премина на сите луѓе преку еден човек, оти сите згрешија." (Послание на Светиот Апостол Павле до Римјаните 5:12).
Што Бог направи за нас? Бог ни донесе решение за нашата изгубена поврзаност.
Исус дојде да го направи она што ние не можевме да го направиме за нас "Зашто Бог толку го возљуби светот, што го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен." (Свето евангелие според Јована 3:16)
Тој дојде во светот за да не донесе до Неговиот Татко Исус му рече: "Јас сум патот, вистината и животот; никој не доаѓа при Отецот, освен преку Мене. " (Свето евангелие според Јована 14:6)
Тој умре на наше место за да ја плати казната за нашиот грев "Бидејќи и Христос, за да нѐ приведе кон Бога, еднаш пострада за гревовите наши, праведник за неправедните: вистина, мртов по тело, но оживе духом." (Прво соборно послание на Светиот Апостол Петар 3:18)
Тој се подигна од смртта за да покаже дека Неговите тврдења беа точни "Ви го предадов најнапред она, што го бев и примил, дека Христос умре за нашите гревови, според Писмата; дека Он беше погребан и дека на третиот ден воскресна, според Писмата, и дека му се јави на Кифа и потоа на единаесетте; после им се јави еднаш на повеќе од петстотини браќа, од кои повеќето се живи и до денес, а некои починаа." (Прво Послание на Светиот Апостол Павле до Коринтјаните 15:3-6)
Што треба да направиме? Ние мораме да Му веруваме на Исус како нашиот Бог и спасител
Нашиот сопствен труд за да се здобиеме со Божјото прифаќање е несоодветен "Он не спаси, но не според извршените од нас праведни дела, туку по Својата милост, преку бањата на преродување – и обновата од Светиот Дух" (Послание на Светиот Апостол Павле до Тит 3:5)
Мораме да ја признаеме нашата потреба од простување "Сите згрешија и се лишени од славата Божја." (Послание на светиот Апостол Павле до Римјаните 3:23) "А митникот стоеше оддалеку; не смееше дури и очите да ги подигне кон небото, туку се удираше в гради и велеше: Боже, биди милостлив спрема мене грешниот!" (Свето евангелие според Лука 18:13)
Мораме да го прифатиме Исус и неговата понуда за спас како подарок "А на сите што Го примија – на сите што веруваа во Неговото име – им даде можност да станат Синови Божји" (Свето Евангелие според Јована 1:12) "Зашто по благодат сте спасени преку верата; и тоа не е од вас - Божји дар е; не е од дела, да не би некој да се пофали." (Послание на Светиот Апостол Павле до Ефесјаните 2:8-9)
Каде да започнеме? Личната поврзаност со Бог започнува денес
Ти можеш да ја започнеш твојата лична поврзаност со Бог преку твојата вера во Исус како твојот Спасител и Бог. Можеби ќе ти биде од помош да ја изразиш твојата нова вера во зборови слични на овие:
Господи, знам дека мојот грев ме раздели од Тебе.
Ти благодарам што Го испрати Твојот син да умре на моето место. Сега верувам во Исус дека Тој ќе ги прости моите гревови. Го поканувам во мојот живот како мој спасител и Бог. Ти благодарам што ме прими во Твоето вечно семејство. Во името на Исус, Амин.
Што следно? Твојата вера во Исус започнува бескрајна поврзаност со Бог
Божјото ветување за тебе:
Бог те уверува дека ако си верувал во Исус како твој спасител, Тој ти дава вечен живот "Ова ви го напишав вам, кои верувате во името на Синот Божји, за да знаете дека имате живот вечен и да верувате во името на Синот Божји." (Прво Соборно Послание на Светиот Апостол Јован Богослов 5:13)
Бог ветува никогаш да не те напушти. "Нема да те оставам; ниту пак ќе те напуштам." (Послание на Светиот Апостол Павле до Евреите 13:5)
Бог ги прости сите твои гревови, минато, сегашност и иднина. "И вас, кои бевте мртви во гревовите и во необразението на вашето тело, Он заедно со Него ве оживи, простувајќи ви ги сите гревови; а тоа стана, кога Христос го избриша ракописниот закон, што беше против нас, а кого го зеде од средината и го прикова на крстот" (Послание на Светиот Апостол Павле до Колосјаните 2:13-14)
Бог ти го даде Својот Дух за да можеш да живееш на начин кој Бог го сака. " Ако живееме со Дух, по Духот сме должни и да постапуваме." (Послание на Светиот Апостол Павле до Галатјаните 5:25)