Ако нема македонски идентитет, нема да има и независна држава

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Народот е носител на суверенитетот на државата. Носител на суверинитетот на македонската држава е македонскиот народ. Ако нема македонски народ, ако има народ на Северна Македонија или Македонија - Скопје, нема да има ниту посебна држава, барем во вакво политичко опкружување во кое се наоѓа денеска Р. Македонија. Без сопствен идентитет, изостанува волјата на народот за носење сувереност и преминуваме во “аморфна маса“, која може да го прими идентитетот на поробителот. Кои ќе бидат нашите докази пред светот за нашата национална посебност, ако доброволно сме се откажале од името на државата, јазикот и идентитетот????????

Затоа и Македонија беше поделена во 1913 г., оти нашите соседи си се фатија со работа за бришење на македонскиот народ и создавање срби, грци и бугари уште од втората половина на 19 век. Алибито за поделбата на етничка Македонија беше тоа што Грција, Србија и Бугарија, заедно со своите ментори Англија, Франција, Австрија и Русија, измислија дека Македонци не постојат, користејки ја турската политика на поделбата на народот по верска основа. Отоманската империја своите поданици ги делеше по верата, а не по националноста. Ако селото потпаднало под јуриздикција на Фенерот, селаните за отоманската империја беа грци, ако селото било под бугарската егзархија, селаните станувале бугари преку ноќ. Ваквата состојба и одговараше на европската блудница, за да можат големите тогашни европски сили преку своите спонзори Грција, Србија и Бугарија да си ги остварат своите стратешки влијанија на Балканот.

Грција во 21 век пак бара бришење на македонсиот идентитет, јазик и држава. Тоа е нејзино право да се обиде да не` избрише, но немаме ние право да го менуваме името и идентитето на нашите минати и идни генерации. Наместо да се бориме да опстоиме, некои наши “политичари“ и нивните партиски “експерти“ бараат да и удоволиме на Грција и со тоа да “влеземе“ во ЕУ и НАТО. Тоа се истите оние “политичари“, кои не` излажаа дека привременото име ФИРОМ е само за неколку месеци. Ние доброволно прифативме да се нарекуваме ФИРОМ, а Грција не ја ратификувала се` уште таа спогодба. Потоа, истите тие, се истопорија дека ќе имаме двојна формула- едно име за светот и нас, а друго посебно име за Грција. Од лани тие “политичари“ пак го сменија ставот, па рекоа дека нема шанси за двојна формула, туку треба целосна промена на државното име за сите употреби и да се бара зачувување на идентитетот и јазикот. Но, од друга страна, овие квазиполитичари, бараат, по секоја цена да се прифати предлогот за името за Грција. Значи, повторно лажат дека се за зачувување на македонскиот идентитет, оти Грција под “компромис“ единствено прифаќа ништење на се` македонско во идентитетот, јазикот и државата.

Како што си го сменија “ставот“ стопати, овие сдсОВЦИ, дефинитивно ќе го сменат и сегашниот став за зачувување на идентитетот и јазикот. Доказ за тоа е нивната борба против она што тие го нарекуваат “антиквизација“ на општеството. Всушност, нивната борба е за укинување на македонскиот идентитет и негирање на античките македонски корени. Нема античка македонска жичка во населението на Р. Македонија, нема ниту македонски идентитет и македонска држава и јазик. На што ќе го темелат “чистокрвните словени“ својот македонски идентитет, македонски јазик и македонска култура, ако немаат ништо во себе од античките Македонци?
Несомнено, тие го негираат и МАНУ. Ставот на МАНУ и официјалната македонска историографија уште од времето на комунизмот е дека современиот македонски народ е мешавина на античките Македонци и македонските Склавени. Во секоја книга и учебник по историја од комунистичкото доба, ќе се најде опишана етногенезата на современите Македонци низ процесот на симбиоза меѓу античкииот македонски народ и Склавените.

Нека најдат еден учебник по историја од времето на комунизмот, каде се тврди дека Македонците се чисти словени, а не спој на античките Македонци и склавените, исто како што денешните маџари се мешавина од словените-моравјани и турко-маџарите, како што италијаните се мешавина на латините со германите и словените, како што шпанците се мешавина на германи, иберијци и арапи, како што денешните бугари се мешавина на источните антски словени Севери со турко-бугарите и траките итн. Но, како квазиполитичарчињата од СДС играат грчко оро, сега решиле да го избришат и македонскиот корен во нас и да не` направат чисти словени, аморфна маса без идентитет. Со официјализирање на “аморфната словенска маса“, се официјализира отсуството на волјата на народот за идентитет; нема македонски народ, нема носител на суверенитет, нема правни основи за држава.

Босанците си создадоа и бошњачки народ, само за да опстои државата Босна и Херцеговина. До 1991 г. не постоеше бошњачки народ, туку муслимани од БиХ. Доколку не се преформулираа муслиманите како бошњачки народ, како носители на сувереноста на БиХ, оваа држава денеска ќе беше поделена меѓу Србија и Хрватска, според договорот Туѓман-Милошевиќ. Српските паравоени сили извршија геноцид во Сребреница, но пак бошњаците си се вратија на својата територија, зошто БиХ е признат меѓународен субјект во ОН.

Грчките политичари, понекогаш отворено и јавно, понекогаш прикриено, уште од 1991 г. кажуваат дека се работи на бришењето на Р. Македонија и нејзина поделба. Но, никој не може да ја избрише државата на македонскиот народ и меѓународниот признат субјект Р. Македонија и членка на ОН, се додека постои посебен народ, носител на суверинитетот, а не аморфна словенска маса, која може во секој момент да биде разделена. Македонија како членка на ОН, дури и во случај да биде нападната од странски агресор, окупаторот ќе мора да се повлече кога тогаш.

Некој да не` подели, мора да има алиби, а алибито е аморфната маса без волја на да биде носител на суверенитет, без идентитет. Да беше можно, ќе не` поделеа уште 1992/1993 г., кога немавме една пушка и не бевме дури ни членови на ОН. Никој не можеше да не ` подели и се` уште не може, зошто “таа“ нема обезбедено покритие пред меѓународната заедница за уништувањето на Македонија. Ако го промениме името, по автоматизам ќе се менува и идентитетот и самите ќе си дадеме причина и покритие да бидеме поделени и да ја снема нашата држава.

Пак ќе се наратам на оние “ескперти“ и “политичари“, кои се клеветени од нивните најблиски соработници дека носеле грчки куферчиња полни пари, кои не залажуваат дека во НАТО, државава ќе биде спокојна од албанските желби за поделба на Р. Македонија. Трагикомичното е што токму тие населија 200.000 косовари- албанци во Македонија, ја изменија етничката слика на државава, според една од точките на планот на грчките, српските и бугарските шовинисти за бришење на Р. Македонија. Притоа, “забораваат“ да кажат дека НАТО ги брани членките само од надворешна агресија, но не и од внатрешната поделба т.е. од волјата на народот. Белгија, каде што е седиштето на ЕУ и НАТО, може слободно да се подели на два дела, франкофонски валонски и фламански. Фламанците можат слободно да си формираат своја држава, бидејќи имаат свој идентитет и не се аморфна маса.

Ако кај нас албанците се одвојат, а ние своеволно си го промениме името, а со обврзувачки ќе го смениме и македонскиот идентитет, државата на Македонците веднаш ќе ја снема. Ако бидеме свесни и не дозволуваме по никоја цена да се промени нашиот идентитет и посебност, нашата волја да бидеме носители на сувереност, а со тоа и државотворност, кој и да се дели, цепи и двои од Р. Македонија, ќе имаме сопствена држава; колкава-толкава, но наша држава, да бидеме свои на своето.

Проблемот не е во големината и силата на државата, туку во петтоколонашите, кои работат за туѓи интереси. Во Европа и светов постојат многу помали држави од нашата, кои се стабилни, богати и носат мирен, спокоен и достоинствен живот на своите граѓани. Да не го заборавиме Луксембург, кој е 10 пати помал од Р. Македонија по територија и жители, но е секогаш или прв или втор по ГДП во светот или пак Монако (10.000 пати помал од нас) , кој претендира на посебна етничка посебност од мешавина на старите феникијци и грци, а е една од најбогатите земји во светот. Овие држави имаат политички лидери патриоти, кои работат исклучиво за доброто на сопствената држава, а не за туѓи интереси. Додека имаме политичари кои играат танц како им свири некој од надвор, нема просперитет на Р. Македонија.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.544
Поени од реакции
1.785
еее кога ние ќе имаме политичари кои работат за доброто на македонија, тогаш...
сонцето ќе згасне и светот нема да постои:toe:
 
Член од
22 јули 2008
Мислења
819
Поени од реакции
26

Makedonskata Drzava moze da ja snema samo vo slucaj Makedonskiot Narod samiot da si se otkaze od nea!!! A toa nema nikakvi sansi da se sluci kolku nekoj da se trudi da go stori toa popusto im e na site, a posebno na gejcite no i na nasive politicari i ovdeka mislam i na onie koi bi "vitkale kicma " no i na onie koi glumat golemi patrioti ko ne biva go fanale Aceta za jajca da izvinete so nivnite kampanji i gradenje spomenici na spomenatiot nas predok.
Makedonskata drzavnost ne e od vcera i za toa postojat dokumenti odnosno fakti i argumenti koi nikoj ne moze da gi negira i pobie kolku i da se trudat.
No ne e nasiot problem so nasite sosedi kolku vo toa da sakaat da ne ubedet nasite politicari, posebno ovie patrioticve sto se aktuelni deneska, Makedonskata drzava e zagrozena od vnatre i nea moze samo da ja zagrozi vnatresniot faktor so kogo imavme prilika da se zapoznaeme 2001 godina.
Toj faktor deneska blagodarenie na "golemite patrioti" e ustavotvoren narod i nositel na suverenitetot kolku nie da ne sakame toa da go priznaeme i potvrdime toa si e taka i samo poradi toj fakt koj sramno go potpisaa partiskite prethodnici na denesnive "golemi patrioti" vo Ohrid 2001 godina na ovaa nasa Makedonska Drzava e staven golem znak prasalnik ?

Zatoa Makedonci dokolku uste ve ima so nesto malce povekje vo glavata dobro zamislete se kaj i sto ne vodi edna promasena politika koja denes se forsira samo zaradi licni interesi na edna grupa na luge koja e nesposobna da se nosi so predizvicite na koi e izlozena sekoja drzava vo ovoj svet,lugje koi zaradi svoite kompleksi se spremni da go zrtvuvaat i svojot narod i svojata drzava samo za da gi sokrijat tie svoi nedostatoci sto e ednakvo na predavstvo i na svojot narod i na svojata Makedonska Drzava!!!
 
SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
Temava na bitushe mu e porachana od komitetot tamu.Kako bre nema makedonski identitet,kako nema nezavisna drzhava?Pa shto sme nie od 91 pa navamu?Okupirana drzhava? :uvo:
 
So treses be i ti mesijo kakva 91 godina kakvi bakraci???

Makedonskata drzava i nejzinite moderni temeli se postaveni na vtoroto zasedanie na ASNOM na 2 Avgust 1944 godina za sto si postojat dokumenti i fkati koi nikoj ne moze da ni gi odzeme pa ni so sila.
Moze samo nie samite da se otkazeme od toa z a da se smeni nesto odnosno da si ja izgubime drzavata i identitetot.
Kako sto rekov Makedonskiot Narod i Makedonskata Drzava se najmnogu zagrozeni od vnatre so faktor koj ja potrese Makedonija 2001 godina i do den denseka rabotat na urivanjeto na ovaa drzava rabotejki protiv ovoj narod koj im preci da si gi ostvarat vekovnite zelbi za nekoj si fantomska drzava cij eden del go dobia vo "kosove".
Od niv treba da se plasime no i od odredeni nasi politicari koi glumejki "golemi patrioti" ne vodat vo samoizolacija koja moze skapo da ne cini dokolku nemame nekoj na nasa strana vo ovie burni vreminja.
Najzalno ke bide dokolku dozvolime da se srusi seto ona sto generacii i generacii go gradele vo ovaa drzava i narod zaradi nekoi iskompleksirani patriotcinja i spasiteli se srusi preku nok zaradi nivnata nesposobnost da go rabotat ona za sto narodot gi izbral.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Протест од писателите до Фуере
Друштвото на писателите на Македонија вчера се обрати до амбасадорот на Европската унија Македонија, Ерван Фуере, со протест по повод воведувањето на новите правила што ќе се применуваат во ЕУ од јануари годинава, според кои се брише македонскиот јазик од документите на европските институции и се воведува формулацијата „јазик на Бившата Југословенска Република Македонија“.

Оценувајќи го ваквиот потег како срамен и без преседан во поновата европска историја и барајќи објаснување за поводот и целите на овој непромислен потег, во обраќањето до Фуере, писателите, меѓу другото, подвлекуваат: „Обидот за бришење на македонскиот јазик во документите на европските институции и воведувањето на апсурдната формулација претставува мрачна визија за бришење на идентитетот на еден народ, кој со векови опстојува на почвата на Европа. Овој обид на ЕУ по административен пат да го избрише јазикот што претставува духовна татковина на секој Македонец е ирационален и спротивен на демократските, хуманистички и цивилизациски процеси на современиот свет и на нова Европа“
 
oBi_VaN

Is the man!
Член од
11 ноември 2007
Мислења
756
Поени од реакции
21

И да не се чудите, писателите имаат поише муда од нашиве политичари....:tapp:
 
SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
So treses be i ti mesijo kakva 91 godina kakvi bakraci???
Abre ostavi ja ti 1944 godina i za taa dalechna istorija,glavnoto za nas od koga sme zhivi se sluchuvalo od 91 po raspadot na SFRJ pa navamu i dosega.Od 91 godina sme nezavisna drzhava a po vlezot na ON Makedonija beshe subjekt za pregovaranje vo svetot i deklarirana kako Makedonska teritorija na Balkanot.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
На овие од Бихаќка и броењето и календарот им почнува со доаѓањето на Б.Ц. на власт.

Јеботе.
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Dali toa znaci deka kako vo biblijata imame istorija pred P.N.E. 1991 i posle 1991?Mozeme da se vratime i vo 1903,postoela togas Krusevskata Republika,Makedonski jazik,zelba za slobodna Makedonija,revolucija,zaginati za Makedonskata kauza a ne za Bihackata kauza...
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Dali toa znaci deka kako vo biblijata imame istorija pred P.N.E. 1991 i posle 1991?Mozeme da se vratime i vo 1903,postoela togas Krusevskata Republika,Makedonski jazik,zelba za slobodna Makedonija,revolucija,zaginati za Makedonskata kauza a ne za Bihackata kauza...
Да, ама Б.Ц. не постоел тогаш!

П.Б.Ц. и Б.Ц.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Би рекол,како и во многу други прилики:

АКО НЕМА ИСТОИМЕНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА ЌЕ ГО ЗАГУБИМЕ И МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ.
 
F

FilipMacedon

Гостин
Битуше просто е ,сакаат да не направат како Циганиве,да немаме сопствена национална држава
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Битуше просто е ,сакаат да не направат како Циганиве,да немаме сопствена национална држава
Сигурно подпаднал под влијание на групата “имеменувачи“ но со задржување на идентитет,што практично значи “од еднаш педер не се станувало“.:toe:
 
SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
Битуше просто е ,сакаат да не направат како Циганиве,да немаме сопствена национална држава
Za 3godini vladeenje toa i ni go napravija, a ako pochekame ushte 4 godini mozhe i so Kongo ili Mongolija rod da se najdeme.A veruvaj deka pochnuva cela Evropa da ni se potsmeva,vkluchuvakji go i balkanot koga se objavi vesta deka Makedonija kje lobira vo Hunzistan so brakjata Hunzi a natpisot beshe "Makedoncite i Hunzite Brakja?".Koi svetski bruki! Ushte ne ste svesni shto napravil Gruevski ama kje dojde i denot na samovtemeluvanje na nashite vrednosti,jazik identitet i nacija pa i drzhava.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom