Македонија го освои 11-то место на СП во ракомет; Победа над Кореја од 32-31

Статус
Затворена за нови мислења.
Браво честитки 11 место ајдееее не е лошо не е лошо!

И честитки за КИРЕ ЛАЗАРОВ!
 
Браво 11 место не е лошо. Браво цареви, ни донесовте и радост и нервози али сигурно ја сплотивте Македонија да навива во еден глас.

П.С. Најдобра беше реакцијата на тренерот кога сочно Македонски кажа некои пцовки али во знак на олеснување.
 
Тоооооо срцињаааа :vozbud::vozbud::vozbud:
алеале, алеалееееееее :oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Ај нека ни е честито, иако кога ги победивме Полска и Русија мислевме дека можеме да се бориме за многу повисоки места, но ова 11 место е сосема доволно засега.:oeoeoe::oeoeoe:
 
Коментаторов значи: Велкоски и Стоилов се` уште без реализација на турниров...

Па каде ќе реализираат кога го пикате Филип и каде што треба и каде што не треба?

Стоилов 2 гола има дадено

Честитки до Македонија
11 у свет не е малце а не ни многу

сакаме повеќе
 
Честитки за ракометарите. Па 11 во свет да бидеш, во конкуренција на едни јаки репрезентации, е повеќе од довелен успех. Честитки уште еднаш, наредно светско во топ 3 влегуваме :vozbud:
 
Стоилов 2 гола има дадено во мечов


Има 2ца Стоилови. Еден играше постојано а другиот се приклучи во вториот дел како замена за Стојановиќ.
 
Браво за Кире, ЅВЕР е чоекот, за некои 20 години некој МОЖЕБИ ќе го стигне во постигнати голови на светско првенство и просек од преку 10 голови по натпревар.

А за нашава репрезентација, кажете што сакате ама дрва сме.
 
Кире честито 15 гола на еден натпревар не се даваат секој ден. Прв во свет со 92 гола, Македонија 11та. Најголем успех, честитки до сите за храбрата игра, сега не очекуваат квалификации и да и се одмаздиме на Норвешка за поразот.
 
Браво за Целата репрезентација и за Кире Лазаров.
Ај ако знае некој да каже кога ке се враќаат во Македонија. Се збореше дека ке има организиран пречек од АМС.
 
Џену, ја реименував темава, се надевам во ред е. Ако не е зборни, ќе вратам ко шо беше :)

И пречек на аеродром, обавезно мора да има!
 
Браво мајсториииии,браво Кире го руши рекордот да даде господ никој да не ти го стигне.Честито нека ни е 11 место.
 
Кире мајсторееееееееееее але алеееееее :olee: :olee: :olee:
 
Нека ни е честито 11тото место и овај успешен настап на нашата селекција!
Завршивме на одличното 11то место, го имаме најдобриот стрелец и рекордер во постигнати голови на едно светско!
:oeoeoe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom