Vartolu
1897 Fighter
- Член од
- 29 декември 2007
- Мислења
- 15.309
- Поени од реакции
- 5.981
Милан и Јувентус ќе се натпреваруваат за потписот на Торес
Според италијанските медиуми, екипите на Јувентус и Милан ќе се натпреваруваат за потписот на Шпанскиот интернационалец, Фернандо Торес.
Ваквите извештаи од италија пристигнуваат откако вчера The Times обајви дека Ливерпул се соочува со мали финансиски проблеми. Весникот објасни дека Ливерпул ги купил, Фернандо Торес и Рајан Бабел практично на “кредит“.
Имено за реализација на овие трансфери директорите на клубот подигнале кредит со каматната стапка од 9% и се обвразале дека за 18 месеци кредитот ќе биде вратен.
Ливерпул по крајот на овие 18 месеци ќе мора да врати 31,5 милиони фунти, и доколку не обезбеди средста за враќање на дологот ќе мора да ги продадат Торес и Бабел за да одговори на обврските кон банките.
Јувентус и Милан се во потрага на нови напаѓачи, Јувентус е во трката по потписот на Амаури, додека пак Милан е заинтересиран за, Дрогба, Шевченко и Нистелрој, па Торес е многу интересна опција за двата клуба.
Поради рокот во кој мора да се продаде Торес, доколку тојде до такво нешто, се претпостаува дека цената на Шпанецот ќе биде околу 28 милиони фунти, нешто што им одговара на двете екипи бидејќи Торес со формата од оваа година покажа дека е напаѓач од светска класа.
Што мислите за ова?Јас мислам дека газдите на Ливерпул ќе бидат мртви ако се случи овој трансфер...