Крај на 1во полувреме сеуште 0-0..
Супер игра, Хајдук подобар, Динамо имаше само 2 шанси и тоа преку пробиви на Самир, првиот пат Шивојнич биеше ама Малоча блокираше, вториот пат Субашич одбрани. Хајдук далеку повеќе шанси, најчесто преку Ибричиќ, неколку супер пробиви на Шарбини, а најдобрите 3 шанси беа кога Оремуш го проигра Стринич во шеснаесетникот, но овој шутна покрај голот. По неколку минути Шарбини имаше огромна шанса, сам на сам против Бутина но голманов одбрани.. Третата голема шанса беше на крај на полувремето кога Оремуш биеше од 17-18 метри но само во стативата..
Атмосверата е супер, на моменти грмат БББ, на моменти Торца, а и останатиот дел од Максимир е доста солидно пополнет.
--- надополнето ---
Пораз 1-0. Гол на Бишчан. Во второ полувреме подобра игра на Динамо, неколку добри удари, но Субашич имаше добри интервенции. Во 76та минута пас до Додо, овој супер се проби, биеше но Малоча блокираше, и исфрли во корнер. Корнерот изведен со краток пас од Додо до Самир, овој му ја врати и Додо нафрли, Бишчан погоди во стил на Пујол против Германија.
Понатаму имаше уште две шанси за Динамо, првата преку Шивојнич, но Субашич одличен.
Втората супер пробив на Самир, сам на сам против Субашич, но непрецизно биеше.