Која ви е дискусијава. како може да споредувате 2 дијаметрално спротивни дисциплини. И Ф1 (што се смета за круна на авто-трките , а според мене одамна се изгуби тој епитет) и ВРЦ си имаат свои карактеристики и свои особености. Во ф1 се справуваат со ненормални брзини, медиумски притисоци, во ВРЦ со непостојани услови и променливи стази кои бараат многу импровизирање од страна на возачите. Врвни возачи возат и таму и таму, ама или си рели возач или си open-wheel возач. Не дека неможе Хирвонен да седне у Ферари или маса да седне у Форд Фокус ВРЦ, ама не е тоа тоа. Остајте го што Леб има тестирано за Ред Бул или што се одржува тоа глупавата трка Race Of Champions, што демек е меродавна кој каков шофер е, а возат на стаза од 1 км, направена на фудбалско игралиште
Оф Топик - ФИА се повеќе и повеќе ги расипува 2те првенства, и не памтам од кога не биле толку дебилни и досадни. Само пробуваат некои нови правила демек поинтересно па да биде ама ништо од тоа. ВРЦ се спушти на ниво да биде Форд вс. Цитроен, демек ради економската криза али тоа е. Криза е да ама во поглед на интерерсноста на овие натпреварувања. Според мене ИРЦ, новото првенство слично на ВРЦ станува поинтересно, нажалост. А В8 Суперкарс и ДТМ се исто така нажалост поинтересни од Ф1. Жално ама вистинито, од моја гледна точка. Така да според мене нема кој е боље, кој за што се определил, тој за тоа си е боље, а ако правиме муабет за на улица со обична кола кој е подобар, знаете и вие што е одговорот