Бошкоски: Изборите покажаа дека сум релевантен фактор во политиката
Независниот кандидат за претседател на Република Македонија Љубе Бошкоски денеска на прес-конференција порача дека е релевантен фактор на политичката сцена со кој треба да се разговара. Тоа, како што посочи, му го овозможуваат 155.000 освоени гласови на вчерашните избори.
Бошкоски истакна дека со скромна кампања успеал, како што кажа, и покрај силните притисоци и психозата на страв внесена со анкетите кои му предвидувале рејтинг од еден до два отсто да забележи сериозен резултат.
- Во една скромна кампања и со минимални средства покажав дека во Република Македонија од денеска ништо не е исто и оти се појави трета опција. Се урна митот од минатото дека Република Македонија е биполарна држава, рече Бошкоски. Тој најави дека во консултација со граѓаните и со неговиот Изборен штаб ќе се одлучи за следните чекори кои ќе ги преземе и додаде дека едно е сигурно оти граѓаните можат да сметаат на него и дека нема да ги заборави.
Прашан дали тоа значи дека ќе оформи нов политички субјект и дали на некој од преостанатите два кандидата ќе им ги даде гласовите во вториот круг, Бошкоски повтори дека за тоа ќе се одлучи наскоро по консултациите со граѓаните и со неговиот Изборен штаб.
извор
Очекувајте наскоро... ВМРО-Љубевистичка
И п.с. нели беше уверен дека ќе биде претседател чоеков?
Сега се правда со скромната кампања...