Изборни резултати од Претседателски избори 2009 (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување

За кого ке гласате на следните претседателски избори?

  • Ѓорѓи Иванов (ВМРО-ДПМНЕ)

    Гласови: 313 39,0%
  • Љубомир Фрчковски (СДСМ)

    Гласови: 126 15,7%
  • Нано Ружин (ЛДП)

    Гласови: 23 2,9%
  • Mируше Хоџа (ДПА)

    Гласови: 1 0,1%
  • Љубе Бошковски (независен кандидат)

    Гласови: 141 17,6%
  • Имер Селмани (Нова Демократија)

    Гласови: 68 8,5%
  • Нема да гласам (или сеуште неопределен)

    Гласови: 74 9,2%
  • Агрон Буџаку (ДУИ)

    Гласови: 3 0,4%
  • Ќе го поништам ливчето, никој не ми се допаѓа.

    Гласови: 53 6,6%

  • Вкупно гласачи
    802
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

кцхсхт

македоноид
Член од
4 февруари 2009
Мислења
341
Поени од реакции
9
Do nekako razbiram lugje sto glasat za govornata mana ivanov i vrti gazot boskovski ama tolku lugje dadoa glas na eden covek sto bi ja prodal i sopstvenata majka na grcija i eu mie sram da kazam deka sum makedonec.
Јас пак не разбирам луѓе како тебе... За разлика од тебе тастатурџија, Иванов со како што викаш ти говорна маана успеал да стане професор, доктор на науки, магистер на науки, визитинг професор на меѓународни универзитети, и да не должам... Еве да претпоставиме дека ти немаш говорна маана, што ти постигна во животов освен што си јак тастатурџија???
 

кцхсхт

македоноид
Член од
4 февруари 2009
Мислења
341
Поени од реакции
9
Chestitki do dpBne vo Prilep i Bitola i neka im e so "srekja" na Mlekarite,Branitelite i Stechajcite.
КОЈ ВИКАШЕ ДЕКА ГО НЕМА, ЕВЕ ГО ТУКА БИЛ, МОЈОТ ИДОЛ, ЧЛЕНОТ НА СДСМ СТРУМИЧКА... КАЖИ МИ КАДЕ ДА СЕ ОБРАТАМ ЗА ДА СТАНАМ ЧЛЕН НА СДСМ СТРУМИЧКА???
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Некој спомна дека ова биле најдосадни избори до сега. Тоа е одлична вест за Македонија. Колку се подосадни изборите, тоа значи дека Македонија се повеќе и повеќе созрева како држава и како политички систем. Колку помалку “циркузи“, толку побрзо Македонија ќе прерасне во стабилна земја и нејзиниот политички систем побрзо ќе се стабилизира. А тоа е она што сите го сакаме.

Што се однесува на изборите, локалните не ме интересираат, сеедно ми е кој ќе победи, а за претседателските ќе кажам: Напред професоре Иванов, со вас сме! Најдобриот избор за Македонија!
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Кој е вашиот коментар за Љубе? Јас искрено очекував помалку гласови, но малку фалеше да биде втор и да го уништи и Фрчко!
 

кцхсхт

македоноид
Член од
4 февруари 2009
Мислења
341
Поени од реакции
9
Избори 2009

Иванов: Македонија го положи тестот на зрелоста и направи голем исчекор кон ЕУ

Македонија покажа дека има капацитет за фер и демократски избори. Не само што спроведовме такви избори туку тие беа без никаков пропуст и забалешка. Покажавме на дело дека европските вредности живеат во Македонија, дека граѓаните го живеат европскиот сон и оти Македонија заслужува да биде дел од ЕУ и НАТО, изјави вечерва претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов.

Тој искажа благодарност за граѓаните кои гласале за него, но и за оние што ги поддржале другите кандидати, како и до неговите ривали за, како што рече, серизноста што ја покажаа во реализацијата на идејата за спроведување коректни избори.

- Покажавме високо ниво на граѓанска култура, демократичност и морални вредности. Граѓаните се обединија околу идејата да има избори кои ќе бидат препорака за ЕУ. Покажавме дека кога е Македонија во прашање можеме да бидеме сложни, особено кога се во прашање националните и државните интереси, истакна Иванов.

Со овие избори, посочи претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, направен е голем исчекор за Македонија кон ЕУ.

А КАДЕ Е ФРЧКО ДА ИЗЛЕЗЕ И ДА СЕ ПРОИЗНЕСЕ ЗА СВОИТЕ ДОБРИ РЕЗУЛТАТИ ВО СТРУМИЦА И КУМАНОВО???:vozbud::vozbud::vozbud:
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
инаку друг коментар зошто изгуби сдс?
не ги сака народот зошто се глупи или народот нечини?
Народ кој гласа за партија, а не застанува да размисли и да собере 2 и 2 пред да заокружи некоја бројка... не чини :pipi:
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
па затоа што размислил не гласал за сдс
Сакаш да ми кажеш дека најголемиот дел од луѓето кои ги заокружиле бројките на Иванов и Фрчкоски гласале бидејќи размислиле а не бидејќи традиционално гласаат за вмро/сдс...????

=============================================================
ПОДАТОЦИ ОД МОСТ
ИВАНОВ 34,8 ОТСТО, ФРЧКОСКИ 20,1, СЕЛМАНИ 15,2, БОШКОСКИ 14,8 ПРОЦЕНТИ
Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов освои 34,8 отсто од гласовите, Љубомир Фрчкоски 20,1, Имер Селмани 15,2, Љубе Бошкоски 14,8 отсто, Агрон Буџаку 7,9, Нано Ружин 3,9 и Мируше Хоџа 3,4 отсто, соопшти вечерва на прес-конференција граѓанската асоцијација МОСТ.

Одѕивот на претседателските избори бил 58,1 отсто.

МОСТ ги следеше избори со 3.750 набљудувачи, кои покриваа околу 65 отсто од гласачките места.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Сакаш да ми кажеш дека најголемиот дел од луѓето кои ги заокружиле бројките на Иванов и Фрчкоски гласале бидејќи размислиле а не бидејќи традиционално гласаат за вмро/сдс...????
не ми испревртувај постови јас зборував зошто сдс пак катастрофални изгуби
а ти сакаш да кажиш дека никој од нив не гласал заради Иванов и Фрчковски
туку заради партија
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
486
Поени од реакции
6
Еден извадок од странскиот печат:

"The SDSM insisted the election had been far from fair, though it praised the peaceful conduct of the ballot."
"We have had a day free of violence, and one of the criteria for fair elections has been fulfilled. But people were frightened by governing party supporters. Irregularities occurred today," said SDSM election staff head Gjuner Ismail. "These were not fair elections."


http://www.pr-inside.com/macedonian-presidential-vote-ends-peacefully-r1132095.htm

Браво за Ѓунер Исмаил. Кој ќе не оцрни ако не ние самите? :kesa:

Сакам да ги прашам членовите на овој форум дали некој од вас бил уплашен денес додека гласал? Или овој Ѓунер Исмаил повторно **** без врска?
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Што толку сте запнале за тој Иванов,тој на тв ни еднаш не излезе да каже кој е и што сака да прави со државата(НЕМА СТАВ,ОСВЕН АКО ГВУЈО НЕ МУ ШЕПНЕ НЕКОЈА ГЛУПОСТ),нека искочи на дуел со Фрчко,па да си ги измериме,Вие гласате за Грујо не за Иванов,ама знаете со Хитлер што се деси
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
не ми испревртувај постови јас зборував зошто сдс пак катастрофални изгуби
а ти сакаш да кажиш дека никој од нив не гласал заради Иванов и Фрчковски
туку заради партија
Ти напиша дека овој народ затоа што размислил не гласал за сдсм.

Јас тврдам дека поголемиот дел од тие што не гласале за сдсм а гласале за вмро-дпмне, го сториле тоа не бидејќи размислиле туку бидејќи така традиционално гласаат.

Истото е и за оние кои гласале за сдс а не за вмро.

Поентата ми е токму тоа - никој од нив не гласал заради Иванов и Фрчковски.

Океј, не е никој, но поголемиот дел гласале поради партијата. Посебно тие што гласале за Иванов бидејќи народот реално го запозна пред месец дена, кој знае дали има и толку...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom