Изборни резултати од Претседателски избори 2009 (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување

За кого ке гласате на следните претседателски избори?

  • Ѓорѓи Иванов (ВМРО-ДПМНЕ)

    Гласови: 313 39,0%
  • Љубомир Фрчковски (СДСМ)

    Гласови: 126 15,7%
  • Нано Ружин (ЛДП)

    Гласови: 23 2,9%
  • Mируше Хоџа (ДПА)

    Гласови: 1 0,1%
  • Љубе Бошковски (независен кандидат)

    Гласови: 141 17,6%
  • Имер Селмани (Нова Демократија)

    Гласови: 68 8,5%
  • Нема да гласам (или сеуште неопределен)

    Гласови: 74 9,2%
  • Агрон Буџаку (ДУИ)

    Гласови: 3 0,4%
  • Ќе го поништам ливчето, никој не ми се допаѓа.

    Гласови: 53 6,6%

  • Вкупно гласачи
    802
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 октомври 2008
Мислења
1.945
Поени од реакции
89
Ставот на Иванов е истиот оној став кој го има Грујо заедно со владеачката гарнитура, за неменување на името и глумење на преговори...
За разлика од опозицијата која крши кичми....
Друго нешто да не не ти е јасно???
:smir:
односно, да се смени надворешната политика кон соседите
 
S

smart ass

Гостин
Па по фацата можеш и многу лесно да заклучиш дека и два грама памет нема,само плаче ко прдле некое,Фрчко ова ми кажа,Фрчко она ми кажа,биди маж,избори се,прав муфљус ти е Иванов,ќе ми преговара утре за името,ај бе,како што ќе му кажат така игра,сам неможе ни газот да си го избрише,не па ќе ми води држава,ама ај вие од вмро гласате за партијата не за човекот,а пред да го кандидираат поим немавте ни кој е ни што е,одеднаш стана од шизик.
Прво, за тоа дали Фрчко нешто му кажал, и дали тие си имаат меѓусебни привтни конфликти не треба да не интересира нас, тое е меѓу нив...
А за тоа дали ке игра како ке му свират???Епа прво размисли чии ставови треба да застапува, дали негови или оние што се од општ интерес, па види дали ке работи сам и самоиницијативно, или ке го зборува и прави она што државата, т.е. народот му го налага и бара да го зборува и прави....
Една држава не се води само од еден поединец, прво позади него стои партијата, но пред се народот. Што мислиш, Обама сам решава што ке биде со САД или тоа го решаваат на некој друг начин, можеби???:smir:

односно, да се смени надворешната политика кон соседите
Точно:toe:
 

кцхсхт

македоноид
Член од
4 февруари 2009
Мислења
341
Поени од реакции
9
Како што гледам ти врска немаш во она што го тврдиш и пишуваш.
Затоа подобро....ќути си:jaj:
Не е тема на разговорот дали јас имам врска или не!!! Темата беше ставовите на ФРЛЕ за името од 1993 па до сега. Нели си добар аналитичар, или како и сите Кумровчани, за да анализирате други сте многу јаки, а да се погледнете во огледало тешко ви оди...
 

кцхсхт

македоноид
Член од
4 февруари 2009
Мислења
341
Поени од реакции
9
Не е тема на разговорот дали јас имам врска или не!!! Темата беше ставовите на ФРЛЕ за името од 1993 па до сега. Нели си добар аналитичар, или како и сите Кумровчани, за да анализирате други сте многу јаки, а да се погледнете во огледало тешко ви оди...
АЛО КУМРОВЕЦ!!!Те нема, нешто споро оди анализата за Фрле и еволуцијата на неговите ставови за името... :vozbud::vozbud::vozbud:
 
M

MKEUpatriot

Гостин
Има голема разлика мегу подржувачите на Љубе и подржувачите на ВМРО-ДПМНЕ.Кај првите има свест на почитување на култ на личност нема рационално размислување.Основна придобивка на демократската свест е верување во идеја а не во човек.Само бог е безгрешен и може така да се третира.Прво титулата брат не е својстена за овие времиња.Ова не е време на херои туку на прагматичари.Братот н учествуваше сам во војната 2001 и не беше водач на чета или ајдутин.Беше министер за внатрешни кој работелсо цел тим зошто логички Љубе немаше познавања од воени стратегии о одбрана.Понатака војната ја ИЗГУБИВМЕ бидејки по пат на оружје се смени уставот.Оттука не ми се јасни изјавите јас ја бранев Македонија.Не ја бранеше сам и не беше ти во ров.Митот за улогата на Љубе во конфликтот треба да се сведе на рационално ниво.Тој беше министер а за неговите успеси како таков ке се изјаснат воени аналитичари експерти од таа област.Понатака сметам дека Хаг НЕ ТРЕБАШЕ ДА МУ СЕ СЛУЧИ.И така излезе.Во текот на целото судење ВМРО-ДПМНЕ беше со него секако со секаква подршка како нејзин член што е во ред.Но по неговото вракање тој започнува голема антикампања против власта особено откако одбива ад хок да му дадат подршка.Јас гледам дека тој смета дека треба да биде НАГРАДЕН за 2001 и дабиде претседател.Таква фунција не се дава за награда.Така заликува неговата кампања ве бранев 2001 сега изберете ме.Лично сметам дека Љубе го нема тој капацитет за таква функција.Тоа се гледа од водењето на кампањата во три правци и тоа зборува како некој романтик без конкретни идеи предлози суштина туку оди во жесток напад на власта го потенцира моментот на војната во 2001.И се фрла на критики на ВМРО-ДПМНЕ небаре за премиер ке о бираме.а вели ја сум сеуште во ВМРО-ДПМНЕ а оди на комитски вечери на ВМРО-НП и се гушка со Љубчо Г кој народот го има отфрлено значи Македонија е мала и се знае.Проблемот со лугето како Љубе Бранко и Љупчо е во нивната свест е тоа што веруваат дека се некои посебни луге за да владеат родени водачи со тоталитарна свест.Моите прогнози се дека тој ке освои околу 40.000 гласа.Ако навистина веруваше дека е посилен од Груевскинво ВМРО требаше да си ги проба силите партиската конвенција ке си излобираше кај мноштво делегати и толку.А кампањава се поклопува со онаа на ВМРО-НП И СДСМ.Се спомнува прави вмроовци и лажни и сл.И за крај сепак Иванов е доктор на правни науки и тој факт не треба да се избегнува.
 

TMPO

Obraz
Член од
31 октомври 2007
Мислења
1.728
Поени од реакции
26
Koga go gledam onoj bivsiot UCK-a Zubeidi zad Selmani po sekoja izjava sve mi stanuva jasno za sto vredi covekot.
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
Има голема разлика мегу подржувачите на Љубе и подржувачите на ВМРО-ДПМНЕ.
Нормално дека има,Грујовистите поддржуваат комуњар а оние од Љубе прав ВМРО човек.Дури ни лидерот не ти е чистокрвен ВМРО човек туку клониран,да се потсетиме Груевски е од кај Циле и ДА а останата компанија отпушокот од СДСМ,оние олигарсите на чело со Иванов!
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Народот се' помалку се пали на избори
Големите политички идеи се потрошија, а граѓаните не веруваат во празните ветувања на политичарите, па затоа се зголемува бројот на неопределени избирачи, а се намалува присуството по партиски митинзи

Големите политички идеи се потрошија, македонските граѓани политички созреваат, се зголемува нивото на нивната политичка култура, па се' помалку или воопшто не веруваат во празните ветувања на политичарите. Оттука и се' поголемиот број неопределени избирачи и се' помалку присутни по партиските митинзи или средби со електоратот, оценуваат политичките аналитичари.Според сите анкети на специјализираните агенции и институции, процентот на неопределените гласачи или на оние што не знаат за кого или воопшто нема да гласаат, се движи меѓу 45 и 55 отсто. Евидентно е дека и на партиските митинзи и на средби со граѓаните, се' помал е бројот на присутните. Сликите од големите и незаборавни митинзи посветени на прогласувањето на македонската независност, на желбата и неопходноста од промена власта се веќе минато. Не само поради бројките на присутните што тешко дека некогаш ќе се повторат, туку и заради отсуството на жар во политиката, недостигот од големи политички идеи, концепти и пораки, со што не успеваат да го качат адреналинот кај граѓаните.

Професорот на ФОН Стефан Буџаковски смета дека на граѓаните им е преку глава од лажни ветувања и оти процентот на неопределените постојано ќе се зголемува. Избирачите веќе гледаат што е реализирано од предизборните ветувања на партиите и сега тоа размислување ќе биде доминантно. Македонија можеби нема некоја долга демократска традиција, но граѓаните сфатија дека политиката и ветувањата им одат во прилог на поединци и групи концентрирани главно во најмоќните партии или во оние помалите што изнаоѓаат начини за да се испазарат во дадена ситуација. Сето ова значи дека и партиите мора да се престројат во однос на тоа што ќе понудат и што навистина ќе можат реално да остварат - вели професор Буџаковски.Аналитичарот Мерсел Биљали се согласува дека се чувствува заситеност кај граѓаните и додава оти веќе се апсолвирани сите големи политички идеи. Меѓу нив ги вбројува и оние од сферата на меѓуетничките односи и смета дека евентуалната нивна понуда не е профитабилна.

- Граѓаните ги прифаќаат идеите врзани само за подобрување на нивниот секојдневен живот и ништо друго. За жал, од празните ветувања се губи и колективната доверба во политичарите. Политичарите, пак, мора да научат да даваат отчет за (не)сработеното пред избирачите. И, како што е редот во развиените демократски земји, ако не успеале да ги исполнат ветувањата, треба да поднесат оставки. Само на тој начин ќе се врати довербата кај граѓаните во политичарите - вели Биљали.

Според анкета на Центарот за истражување и креирање политики спроведена пред почетокот на изборните активности, граѓаните се апсолутно незаинтересирани за кампањи преку митинзи, што досега важеа за традиционален метод во македонската политика. Според Жидас Даскаловски, причините за тоа може да се најдат во пропуштените шанси и погрешни политики на елитите, кои ја раководеа земјава од независноста до денес. Граѓаните не сакаат генерални говори, зашто од нив обичниот човек тешко добива нешто. Тие се заинтересирани за јавни дебати и за кратки средби со политичарите, со прашања и одговори на специфични теми.

- Политичката култура во секоја земја е различна и на периоди се менува. Главна улога имаат модернизациските процеси, внесувањето нови елементи во кампањите. И кај нас гледаме дека на секои избори пристапот на партиите во помала или во поголема мера ги следи трендовите од други земји. Свеста кај граѓаните за изборите се менува, тие се пофокусирани на конкретни политики, а помалку на изборни ветувања. Одбиваат да дадат глас на слепо за некоја партија - вели Даскаловски.Аналитичарите се согласни дека големите политички идеи што можеа да ги кренат широките народни маси, се на залез бидејќи земјава е во период на консолидација и во очекување на интеграција во ЕУ и НАТО. Единствено отворено е прашањето за спорот за името и грчкиот однос кон нашиот идентитет.

- Веројатно е дека околу грчкиот притисок да го промениме името може да се случи мобилизација на масите - смета Даскаловски.

Политичките партии, пак, имаат свои видувања за спласнувањето на политичката еуфорија и партиската опиеност. Ермира Мехмети од ДУИ оценува дека наспроти показателите на сите анализи за максимална исполитизираност во минатото, сегашната кампања и високиот процент неопределени, говорат дека се надминува идентификацијата на граѓаните со политиката и политичарите. По 20-годишното фокусирање на националните идеи, се отвора ново поглавје со нови теми во политиката. Според неа, политиката не е само еуфорија, туку нормален процес што не зависи само од политичарите, туку и од други општествени чинители. Портпаролот на СДСМ, Емилијан Станковиќ, во трендот на зголемување на неопределените гласачи гледа одраз на незадоволството на граѓаните од власта.
Но, фактот што во Македонија во последните седум години се случуваат осум непосредни изјаснувања на граѓаните - три парламентарни, две претседателски, двапати локални избори и еден референдум за територијалната организација - има сериозно влијание врз ефектот на замор кај гласачкото тело. Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека граѓаните не можат да се искористат само за еднократна употреба како што тоа се случуваше низ периодот на транзиција. Тој констатира дека избирачите повеќе не им веруваат на политичарите што многу ветуваат, а ништо не исполнуваат. Токму затоа како партија инсистираат на отчетност и на транспарентност.
Предраг Димитровски


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=4BD7ECC2FC7FC54FBF3D03F217F422E2
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
Го гледаше ли некој Фрчко на НАША-ТВ кај Јанко Јади Бурек?Фрчко го здрви кутриот Јанко. После еден одговор Јанко не знеше кај се наоѓа,му требаа секунди дур се свести кај се наоѓа а и многу тези од Фрчко првпат ги разбира или ги слуша во Македонскиот речник,типично за Јанко Јади БурекКоски и за дпБне член или симпатизер.Фрчко за претседател :smir:
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Го гледаше ли некој Фрчко на НАША-ТВ кај Јанко Јади Бурек?Фрчко го здрви кутриот Јанко. После еден одговор Јанко не знеше кај се наоѓа,му требаа секунди дур се свести кај се наоѓа а и многу тези од Фрчко првпат ги разбира или ги слуша во Македонскиот речник,типично за Јанко Јади БурекКоски и за дпБне член или симпатизер.Фрчко за претседател :smir:
Фрчко ко секогаш беше фраер и ме изнасмеа со тоа за антиквизацијата, вика - ова несаглам луѓе го прават..

Туку... шо го здрвил Јанко, не заебавај, зш ги избегна прашањата за мемоарите на Киро и за Унијата на народи???

Зш не го здрви и за то, а?
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
леле го глеав фрчко кај јанко бурекџијата. ме ПРЕСМЕА, аххаххахахаха, каква манга. поштуем, најискрено. ѕвер =)))
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
Туку... шо го здрвил Јанко, не заебавај, зш ги избегна прашањата за мемоарите на Киро и за Унијата на народи???

Зш не го здрви и за то, а?
Тие муабети не се за спомнување ни за трач,од проста причина што само од Мирка е излезено и од никој друг,доказ нема,обвинување има.Крај!Па сеа ти види дали е логично да го коментира тоа.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Тие муабети не се за спомнување ни за трач,од проста причина што само од Мирка е излезено и од никој друг,доказ нема,обвинување има.Крај!Па сеа ти види дали е логично да го коментира тоа.
Дај нека ја побие, нека ја закопа нека и направи нешто штом е така, или ај ќе ја остајме Мирка ко нерелевантна...

Ами со Киро шо прајме?
И тоа не е за спомнување и е трач штом е излезено од перото на Киро?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom