Изборни резултати од Претседателски избори 2009 (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување

За кого ке гласате на следните претседателски избори?

  • Ѓорѓи Иванов (ВМРО-ДПМНЕ)

    Гласови: 313 39,0%
  • Љубомир Фрчковски (СДСМ)

    Гласови: 126 15,7%
  • Нано Ружин (ЛДП)

    Гласови: 23 2,9%
  • Mируше Хоџа (ДПА)

    Гласови: 1 0,1%
  • Љубе Бошковски (независен кандидат)

    Гласови: 141 17,6%
  • Имер Селмани (Нова Демократија)

    Гласови: 68 8,5%
  • Нема да гласам (или сеуште неопределен)

    Гласови: 74 9,2%
  • Агрон Буџаку (ДУИ)

    Гласови: 3 0,4%
  • Ќе го поништам ливчето, никој не ми се допаѓа.

    Гласови: 53 6,6%

  • Вкупно гласачи
    802
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
Почнавте да плачите, значи готово, ами шо ќе биди после 22 или 5 април :pos:


Не случајно се трга СДС настрана, не сака да се срами со претседател, зошто ќе мора да се реши спорот со името, а ако се смени името народот ќе вика СДС го смени името, ќе го изгубите и така малиот рејтинг, а вака Иванов да добие и ако го смени името ќе викаат ВМРО го смени.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.897
Поени од реакции
83.091
BRAVO PATRIOTI OD DPMNE

se raduvate deka selmani "ima"pogolem rejting od BRAT LJUBE

i vie se udirate vo gradi deka ste za Makedonija
i vie si zimate za pravo da se pretstavuvate kako luge sto ke go zacuvaat
imeto i se drugo za makedonija
kade ste da pisete deka i vasiot dzole denes dade izjava vo koja pokraj standardnite
BISERA NA MUDROSTA kaza deka mora da se najde kompromis za imeto

VIE samo dozvolivte na vasite mediumi da ja zabosotat taa izjava na dzole,ottrgnuvajki go vnimanieto so bistrata misla na dzole deka negovite studenti se potpisale za nano za da ne mu se smejat.
uste si dozvoluvate da kazete deka mnogu go zalite JOHAN
daj barem kazete kako go zalite????
taka sto celo vreme se raduvate na rejtingot na selmani????
e stvarno ne mi se veruva deka postojat vakvi luge vo moeto opkruzuvanje

SAMO TIE STO SE PRAVI VMROVCI ZNAAT DA SOCUSTVUVAAT SO MAKATA NA JOHAN,A VIE NE
PRAVITE VMROVCI ZNAAT SAMI DA ODBERAT ZA KOGO KE GLASAAT
SIOT NAROD KE GLASA ZA LJUBE
BRAVO TAKAE SAMO VISTINSKITE MAKEDONCI GO SAKAT BRATLUBE GO MRZAT IVANOV I GO ZALAT JOHAN NA SPECIJALEN NACIN A NE KAKO VMROVCINATA KOI SOCUSTVUVAAT SO JOHAN NA LAZEN NACIN I PLUS SE RADUVAT NA REJTINGOT NA SELMANI

DA ZIVEE MAKEDONIA
MAKEDONIA ------- THE BEST
GRCKA ------------ THE GEY
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
Лажна е анкетава хузнистичка е и изолационистичка е и античка е:zid: шо би рекол Фрчко
Да ти кажам право ама и ич не згрешил.

Почнавте да плачите, значи готово, ами шо ќе биди после 22 или 5 април :pos:
Фрчкоски : „Јас искористив можност да го видам владиниот кандидат бидејќи го кријат од дебативе, добар е, здрав и жив“, изјави Фрчкоски.
:tv:
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
Фрчковски е контроверзен човек, со минато исполнето со скандали и гангстерство. Тоа секој јавно го знае. Сeкој има црни дамки во својата кариера, но Фрчко и тоа како ги надминал границите, морално и етички.
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
Ѓорѓе Иванов - Тажна приказна во една убава земја

 
Член од
6 март 2009
Мислења
25
Поени од реакции
1
ЗАЕДНО МОЖАТ ПОВЕЌЕ!

Фрчковски и Братот Љубе може да се фатат рака под рака. Тие се ионака во коалиција против ВМРО на овие избори.

Двајцата кандидати за претседател се познати како големи борци. Фрчко и Љубе се докажани тепачи на жени. Замислете си ги како стојат заедно - Братот со митралез тепа новинарки и преведувачки, а Фрле со безбол палка тепа жени по паркинзи. Им фали само минофрлач и моторна пила и ете ви го денешниот Петок 13-ти!

Јас предлагам да ги избереме и двајцата. Затоа што:
ЗАЕДНО МОЖАТ ПОВЕЌЕ!

Колку убаво заедно ќе непретставуваат надвор од Македонија. Веднаш ќе добиеме многу белосветски пријатели од типот на Рамбо, Брус Вилис, Шварценегер, Џеки Чан или Чак Норис. Само не знам - тие не тепаат жени.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.897
Поени од реакции
83.091
Фрчковски и Братот Љубе може да се фатат рака под рака. Тие се ионака во коалиција против ВМРО на овие избори.

Двајцата кандидати за претседател се познати како големи борци. Фрчко и Љубе се докажани тепачи на жени. Замислете си ги како стојат заедно - Братот со митралез тепа новинарки и преведувачки, а Фрле со безбол палка тепа жени по паркинзи. Им фали само минофрлач и моторна пила и ете ви го денешниот Петок 13-ти!

Јас предлагам да ги избереме и двајцата. Затоа што:
ЗАЕДНО МОЖАТ ПОВЕЌЕ!

Колку убаво заедно ќе непретставуваат надвор од Македонија. Веднаш ќе добиеме многу белосветски пријатели од типот на Рамбо, Брус Вилис, Шварценегер, Џеки Чан или Чак Норис. Само не знам - тие не тепаат жени.
HAHAHA POSLE IZBORI KOGA FRCKO KE VE ZGAZI KE VIDIME UBAVO KOJ KE SE SMEE VIDIJA ANKETATA VO UTRINSKI PA POSLE ZAFRKAVAJ SE UBAVO VI KAZA OSA HEHEHE
POZZZ
 
Член од
6 март 2009
Мислења
25
Поени од реакции
1
КОЛКУ УБАВО СЕ ИЗНАСМЕАВ

:pos2::pos2::pos2::pos2:
Хахахахахахахахахаааааа...

Анкета во Утрински Весник???

Хахахахахахахахахаааааа...
:pos2::pos2::pos2::pos2:
 

кцхсхт

македоноид
Член од
4 февруари 2009
Мислења
341
Поени од реакции
9
Проф. д-р Виолета Ачкоска:

Што бараат “граѓаните на Скопје“ во НАТО?

четврток, 12 март 2009


Можеби на многумина ќе им звучи грубо, но, мислам дека сè додека за приемот во НАТО и ЕУ се одлучува со консензус, Република Македонија, Северна Република Македонија, Република Македонија (Скопје), Бивша, сегашна, вардарска или било која друга држава Македонија, под никакви услови, нема шанси да стане член на овие асоцијации
Драги Македонци! Си имаме ново име: ГРАЃАНИ НА СКОПЈЕ. Таквото именување беше разбирливо кога доаѓаше од устата на некој грчки политичар кој со навредлива реторика сака да го прикрие грчкиот геноцид врз Македонците и да го игнорира проблемот со одземените имоти на македонските бегалци од Грција, кои ни по шест децении не можат да се вратат назад зашто не се Грци по етничка припадност. Но, кога такво ословување ќе слушнете директно од челникот на НАТО алијансата, тука навистина нешто не е во ред.

Пред неколку години, во амфитеатарот на Филозофскиот факултет во Скопје, со убедителни зборови, господинот Шефер ни ги објаснуваше принципите на функционирањето на НАТО и условите кои треба да се исполнат за влез во оваа воена асоцијација. Сега ми се чини дека сето тоа важи за некоја друга земја, за некоја друга нација. Нам, на Македонците, едноставно и децидно ни се кажа дека немаме име и идентитет. Што ќе ни е тогаш НАТО?

Господине Шефер, јас не припаѓам на некоја си таму, балканска зона Скопје! Јас имам идентиет. Јас сум Македонка и мојата земја е Република Македонија. Таа не е “Скопје“ како што со краен цинизам ја нарекуваат нашите јужни соседи. Во неа живеат Македонци и граѓани на Македонија, а не ”народот и граѓаните на Скопје”. За жал, со вашата изјава во текот на летотот 2008 Вие индиректно ги подржавте нецивилизациските и апсурдни барања на грчката шовинистичка политика и ни кажавте дека за, “граѓаните на Скопје” важат посебни услови за влез во НАТО. Онакви какви што не важат за Албанија, Хрватска, Бугарија, Романија и за другите држави.

Почитуван господине Шефер, ние Македонците, извинете ако ја навредив драгата госпоѓа Бакојани, која не знае дали Грците се Македонци или Македонците се Грци, па ги меша идентитетите кои, нам, на ”Скопјанците” сосема ни се јасни, сме навикнале на слични навреди. Па од 1913 година наваму, кога Грција за првпат доби дел од Македонија, нејзината политика спроведува невидено варварство заради бришење на македонското име и идентитет, етничко чистење и прогон на Македонците.

Ние знаеме како изгледа чекањето за грчки визи (во времето на бившата СФРЈ) во посебни редови кои не важеа за ниту една друга земја (недостасуваа само жолти ленти околу раката), малтретирањето на граничните премини, фрлањето на пасошите зашто наводно го нема местото каде сте родени (тоа е преименувано во рамките на грчката политика за промена на македонските топоними во грчки), немањето можност до денешен ден да се вратите на своето родно огниште, на гробовите на прадедовците.

Почитувани господа, креатори на европската и светската политика, иако ние сме незначителност во однос на вашата висока политика, сепак требаше да дојдете на 18 јули во Скопје, на средбата на децата-бегалци од Егејска Македонија, за да ја разберете македонската голгота и траумите на илјадници прогонети Македонци за кои ”демократска” и европска Република Грција пласира фабрикувана историја и сака сосема да ги избрише од постоењето.

Почитувани господа! Дали Вие навистина верувате дека Република Македонија со 2 милиони жители, со тешки економски проблеми и со сепаратистички тенденции на одделни радикални Албанци претставува загроза за јужниот сосед? Дека наводно пројавува територијални претензии! Дали сметате дека барањето за почитување на националните и човековите права, заштитата и располагањето со приватната сопственост на протераните Македонци од Грција може да се стави во пакувањето на наводните територијални претензии на “Скопје“ кон северениот дел од Грција, прекрстен во грчка покраина Македонија во 1988 година.

Се чуствувам длабоко повредена од несериозноста со која одделни политичари, историчари, платеници итн. си играат со судбината на нашиот македонски народ. Моето потекло, име и идентитет не се за политичко пазарење. Тоа веќе го направија на еден Букурешт во 1913 година и на уште еден во 2008. Мислам дека е доста. Ајде Македонци, да се свртиме кон себе си, да покажеме доволна доза на љубов кон татковината која се гради само со пожртвуваност, работа и чесност.

Стана одамна јасно дека наводниот спор со името се води заради целосно уништување на македонската државност и македонскиот национален идентитет. Можеби на многумина ќе им звучи грубо, но, мислам дека сè додека за приемот во НАТО и ЕУ се одлучува со консензус, Република Македонија, Северна Република Македонија, Република Македонија (Скопје), Бивша, сегашна, вардарска или било која друга држава Македонија, под никакви услови, нема шанси да стане член на овие асоцијации. Во пазарењата за влез во НАТО се виде дека аспирациите на балканските соседи кон Македонија сè уште не згаснале. Секогаш се наоѓа по некој од букурешките или други актери и нивни сојузници на кои им смета независна Република Македонија во која живеат граѓани со македонски национален идентитет, та не ја признавааат посебноста на македонскиот народ, на македонската православна црква, историја, јазик итн., барајќи или подржувајќи промена на уставното име на Република Македонија.

„Ние ќе имаме и еден тефтер до нас и во тефтерот кога ќе отвориме ќе пишува: овие ВМРО-вчиња ни ги вадеа децата од работа, овие ВМРО-вчиња со име и презиме ни се закануваа, ни ѕвонеа по врати, по телефони. Ништо нема да им заборавиме“, изјави Фрчкоски.``

ima li ovoj mozok kolku steta pravi so ovie izjavi?
Тоа е целта, да направи штета!!! За друго немаат капацитет, деструктивизмот им е едино нешто што им остана...
 
Член од
9 март 2009
Мислења
10
Поени од реакции
0
БРАЌА ПО ОРУЖЈЕ

Фрчковски и Братот Љубе може да се фатат рака под рака. Тие се ионака во коалиција против ВМРО на овие избори.

Двајцата кандидати за претседател се познати како големи борци. Фрчко и Љубе се докажани тепачи на жени. Замислете си ги како стојат заедно - Братот со митралез тепа новинарки и преведувачки, а Фрле со безбол палка тепа жени по паркинзи. Им фали само минофрлач и моторна пила и ете ви го денешниот Петок 13-ти!

Јас предлагам да ги избереме и двајцата. Затоа што:
ЗАЕДНО МОЖАТ ПОВЕЌЕ!

Колку убаво заедно ќе непретставуваат надвор од Македонија. Веднаш ќе добиеме многу белосветски пријатели од типот на Рамбо, Брус Вилис, Шварценегер, Џеки Чан или Чак Норис. Само не знам - тие не тепаат жени.
Ха-ха-ха.
Па Бошковски и Фрчко заедно може имаат рејтинг над 10 проценти и заедно точно можат да влезат во вториот круг.
 

ArhangelOFDeath

Immortality
Член од
3 септември 2008
Мислења
1.906
Поени од реакции
126
Се знае бе Иванов има најпредседателска фаца.А и закон е човекот.Супер е.Он е идниот председател на Македонија
 

кцхсхт

македоноид
Член од
4 февруари 2009
Мислења
341
Поени од реакции
9
Дефинитивно ќе гласам за Имер Селмани, човекот има визија,харизматичен е и што е најбитно,мноооооооогу е покултурен,поумен и пореален од останатите кандидати. Вистински европски господин.
За разлика од многу други албански политичари, Селмани е човек за почит, вистински пример на европски политичар. Морам да приметам дека во своите реклами и пред своето седиште на партијата покрај другите знамиња го користи и македонското знаме што не е случај со скоро сите други албански политичари. Во секој случај е предвесник на други и многу попозитивни политички односи меѓу етничките заедници во Македонија. Сепак, тоа не е доволно во моментот да биде избран за претседател на Македонија...
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.897
Поени од реакции
83.091
Oваа Виолета Ачкоска е изолационистички антиквизатор, што сака да не врати во минатото и да не оттргне од европскиот пат, истовремено подржувајќи го Лукашенко.
--------------------------------------------------------------------------------

...Морам да приметам дека во своите реклами и пред своето седиште на партијата покрај другите знамиња го користи и македонското знаме што не е случај со скоро сите други албански политичари. ...
О не, Селмани го користи државното знаме!
Сега ќе види он - Нула гласови од Албанците.
 

кцхсхт

македоноид
Член од
4 февруари 2009
Мислења
341
Поени од реакции
9
Oваа Виолета Ачкоска е изолационистички антиквизатор, што сака да не врати во минатото и да не оттргне од европскиот пат, истовремено подржувајќи го Лукашенко.
Да бидеш искрен прво према самиот себе и да бидеш реален во анализата на она што те опкружува најмалку значи дека си изолационистички антиквизатор. Просветли се и освести се, гледај во вистината и реалноста, живеење во илузија и лага боли...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom