Изборни резултати од Претседателски избори 2009 (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување

За кого ке гласате на следните претседателски избори?

  • Ѓорѓи Иванов (ВМРО-ДПМНЕ)

    Гласови: 313 39,0%
  • Љубомир Фрчковски (СДСМ)

    Гласови: 126 15,7%
  • Нано Ружин (ЛДП)

    Гласови: 23 2,9%
  • Mируше Хоџа (ДПА)

    Гласови: 1 0,1%
  • Љубе Бошковски (независен кандидат)

    Гласови: 141 17,6%
  • Имер Селмани (Нова Демократија)

    Гласови: 68 8,5%
  • Нема да гласам (или сеуште неопределен)

    Гласови: 74 9,2%
  • Агрон Буџаку (ДУИ)

    Гласови: 3 0,4%
  • Ќе го поништам ливчето, никој не ми се допаѓа.

    Гласови: 53 6,6%

  • Вкупно гласачи
    802
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 март 2009
Мислења
13
Поени од реакции
0
Za pretsedatel ne e vazno da se pocituva partijata tuku malku treba da se sogleda i celovitosta na licnosta, A toa go nema kaj Ivanov

Г-нот Иванов е ограничена личност која ке ги почитува само партиските идеи, а нема да го почитува мислењето на граганите на РМ. Тој им треба на Вмровците само за да ги помилува нивните криминалци и да ги потпишува законите кои ке ги донесуваат
 
Д

Демијан

Гостин
Za pretsedatel ne e vazno da se pocituva partijata tuku malku treba da se sogleda i celovitosta na licnosta, A toa go nema kaj Ivanov

А каква личност гледаш ти кај Фрчковски ако може да знам.Што е тоа што би те натерало да го дадеш гласот за него?Чесен човек е,добар човек е?Дали во него гледаш потенцијален претседател?
 

кцхсхт

македоноид
Член од
4 февруари 2009
Мислења
341
Поени од реакции
9
Писма

Гледајте во иднината!



Ни кажуваат треба да мислите на иднината, оставете го минатото. Тоа ни го кажуваат луѓе кои гордо слават годишнини посветени на нивните народи и држави. Но нивните годишнини се со трицифрени бројки, а за некои од нив и на почетокот од 20. век имаа живи сведоци. Додека нашите годишнини се со четирицифрени броеви и опфаќаат четири милениуми. Е тоа богами може да биде причина некои да се чувствуваат хендикепирано, безвредно, исфрустрирано. Затоа да погледнеме наназад, да речеме само стотина години. Така ќе можеме да видиме дека неколкуте војни на балканските простори се воделе со една единствена цел, да се истисне Отоманската империја за да се завладее територијата на Македонија, да се реализираат хегемонистичките интереси и глобалните сфери на интереси.

Во тој бурен период во Македонија се сменуваа господарите, знамињата, имињата, топонимите и слично. И како резултат на сите тие (не)прилики имавме чест да бидеме дел од Букурешкиот договор, чест каква што има јагнето на Велигден. Но Букурешкиот договор беше со рок на важење, а тој рок незадржливо изминува... Трицифреното гледање во минатото е многу непријатно. Затоа да гледаме двоцифрено, десетина години, во кои скоро сите сме современици на настаните:

При распадот на СФРЈ камелеонираните комунисти од петни жили се бореа да ја зачуваат Југославија, а не да се заокружи дефинирањето на Македонија; токму тие добија мнозинство во парламентот; на конститутивната седница се постави дилемата „Денес над Македонија“ или „Хеј Словени“; претседателот на државата, веројатно затоа што беше увезен, повеќе време потроши на платформите за спас на Југославија отколку за дефинирање на „неговата“ Македонија; смислените и рационални чекори на Словенија и Хрватска ние ги третиравме како сецесионизам; имавме референдум за осамостојување со двосмислено кукавичко прашање; пропуштивме да се декларираме и настапиме како рамноправни наследници на државата која се распаѓаше, а чија членка бевме и ние, наводно рамноправна; сè уште под импресија на федерализмот и националниот клуч донесовме устав во кој не успеавме да кажеме дека Македонија е национална држава на македонскиот народ; Уставот така речи не беше отпечатен, ние веќе прифативме да го менуваме, под притисок од надвор и значајна помош од внатре; гордо се откажавме од уставното име; ни кажаа, и прифативме, дека сме тенденциозни и не знаеме да правиме попис на населението; секој можеше да купи или продаде државјанство, некој едно, некој илјадници; за знамето ни рекоа не чини и ние уметнички души си нацртавме ново; потпишувавме договори како првата или втората, или која ли беше страна...

Навистина можеби е подобро да не гледаме во минатото имајќи предвид што сè може да се види. Сепак последнава година и не може да се нарече минато, таа е сегашност и тоа сурова. Почна реализацијата на големоалбанскиот проект на територијата на Македонија. Проект по сценарио одамна напишано, а во изминатите 60-тина години како негови доследни коавтори и рецензенти посебно се истакнаа Тито, Крсте, Киро така што не е чудо на сцена да имаме популистичка, а сега веќе крвава фарса. По првите сериозни оружени конфликти некој рече тоа се терористи, со нив нема преговори и треба соодветно да се одговори. Тие исти зборови имавме можност да ги слушнеме и на 11 септември истата 2001 година, а еден месец подоцна и да видиме што значи тоа „соодветно“. Но, ние треба да гледаме во иднината. Во интерес на иднината ние треба повторно да го смениме Уставот затоа што така ни велат оние што ни скроија Букурешки договор, кои рекоа дека сме држава приправник, името не чини, пописот не можеме да го спроведеме, ни рекоа дека знамето треба да го смениме, ни скроија уште еден договор, домашен Охридски. Во интерес на демократијата и граѓанското уредување треба да се случат промени на Уставот со кои Македонија со чекори од седум милји ќе се оддалечува од граѓанското општество, а Собранието онака демократски ќе ги изгласа без право нешто да додаде или одземе.

Навистина зашто ние да гледаме во минатото, кога некој гледал и видел, па нас само ќе ни раскаже кога веќе не знаеме да учиме од минатото и не знаеме дали сакаме држава и како се прави. Затоа ајде да гледаме во иднината, онаа која за нас ја нацртаа нашите пријатели кои и во минатото сесрдно ни помагаа како и сега.

Текстов е пишуван есента 2001, пред промената на Уставот. До сега не е објавен, што не значи дека и по 8 години изгубил од својата актуелност. Различни се само личностите кои ни ги кажуваат овие мудрувања. Г. Фуере тоа го прави веќе подолго време. Од неодамна тука е и г. Рикер, амбасадор на САД. Истиот оној кој Сенатот го испитуваше и „тормозеше“ затоа што демек ми ти бил промакедонски ориентиран. А ние како некој клен требаше да се фатиме на јадица.

Почитувани господа, народ без минато е народ без иднина. Дрво без корен. А дрво без корен нема ни гранки и едноставно се нарекува ТРУПЕЦ. Господа јас сакам да бидам дрво со корен, ако вие сакате да бидете трупци тоа е ваше право, демократско разбира се.


Васко Костески
 
Член од
5 март 2009
Мислења
13
Поени од реакции
0
Ако требаше да се стави натпартиска личност тоа требаше да биде Ќерим кој навистина ке го почитуваше народот,ама кумуњаривњ ги избрукаа што го предложија први. Инаку тој е човек со вистински предизпозиции
 
M

Mario Gómez

Гостин
А каква личност гледаш ти кај Фрчковски ако може да знам.Што е тоа што би те натерало да го дадеш гласот за него?Чесен човек е,добар човек е?Дали во него гледаш потенцијален претседател?
Жал ми е навистина што е Фрчкоски во игра и што му го зема местото на некој кој навистина вреди да се кандидира.Ако добие Фрчкости(нема шанси)Македонија ќе оди во целосна пропаст.Тој е стварно греота што живее.
 
Член од
5 март 2009
Мислења
13
Поени од реакции
0
Ако требаше да се стави натпартиска личност тоа требаше да биде Ќерим кој навистина ке го почитуваше народот,ама кумуњариве ги избрукаа што го предложија први. Инаку тој е човек со вистински предизпозиции
 
Д

Демијан

Гостин
Ако требаше да се стави натпартиска личност тоа требаше да биде Ќерим кој навистина ке го почитуваше народот,ама кумуњаривњ ги избрукаа што го предложија први. Инаку тој е човек со вистински предизпозиции

И Керим не е таков каков што сите мислиме дека е...Страшен дипломат е ама во некои работи имаме и погрешна престава за него.
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.564
Поени од реакции
286
А каква личност гледаш ти кај Фрчковски ако може да знам.Што е тоа што би те натерало да го дадеш гласот за него?Чесен човек е,добар човек е?Дали во него гледаш потенцијален претседател?
Со оглед дека ингеренциите на претседателот се повеќето во надворешните политички води Фрчкоски има најголем углед во светот и најголемо искуство во надворешната дипломатија и политика.
 
Член од
5 март 2009
Мислења
13
Поени од реакции
0
Сега изборот за претседник е сведен на минимум едноставно нема избор кој би бил баш ок, сите се политички или човечки недостаоци, би рекол сите се некој хендикеп.
 
Д

Демијан

Гостин
Жал ми е навистина што е Фрчкоски во игра и што му го зема местото на некој кој навистина вреди да се кандидира.Ако добие Фрчкости(нема шанси)Македонија ќе оди во целосна пропаст.Тој е стварно греота што живее.

И папата Б.Ц и сите високи структури на СДС знаат дека овие избори и те како се загубени за нив.Фрчко е само шаблон работа.Нема теорија да победи,а ќе влезе во втор круг благодарение на големото постојано гласачко тело што го има СДС стекнато од поодамна.
 
Член од
5 март 2009
Мислења
13
Поени од реакции
0
Барем тој е признаета личност која е почитувана во светот и е баш чист, нема нешто што би му го зеле како недостаток.
Керим
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.564
Поени од реакции
286
И папата Б.Ц и сите високи структури на СДС знаат дека овие избори и те како се загубени за нив.

Како тоа знаат дека ќе изгубат?Јас колку што гледам рејтингот на Иванов и ДПМНЕ енормно се намалува додека на СДСМ наагло се наголемува,мора да е паниката и нервозата огромна во ДПМНЕ штом тролуваат полтроните насекаде.

Барем тој е признаета личност која е почитувана во светот и е баш чист, нема нешто што би му го зеле како недостаток.
Керим

Керим е добар само не им одговара на ДПМНЕ,нема да може да се контролира или уште помалку ќе биде партиски послушник,додека од друга страна Иванов ќе служи за помилување на терористи од ДУИ според договорот меѓу ДПМНЕ и нив.
 
Д

Демијан

Гостин
Како тоа знаат дека ќе изгубат?Јас колку што гледам рејтингот на Иванов и ДПМНЕ енормно се намалува додека на СДСМ наагло се наголемува,мора да е паниката и нервозата огромна во ДПМНЕ штом тролуваат полтроните насекаде.




Керим е добар само не им одговара на ДПМНЕ,нема да може да се контролира или уште помалку ќе биде партиски послушник,додека од друга страна Иванов ќе служи за помилување на терористи од ДУИ според договорот меѓу ДПМНЕ и нив.

Па види го рејтингот на Фрчко моментално,башка и луѓево јес да се глупи ама не се до толку за да видат каков човек е.Можеле и подобар да најдат овие од СДС.


Кој прв стапи во коалиција со нив,со терористите?Со ДУИ?На првите избори кој одби коалиција со Албанците а кој го искористи тоа и коалицираше со нив?

Те прашувам пошто незнам мал бев тогаш...
 
M

Mario Gómez

Гостин
И папата Б.Ц и сите високи структури на СДС знаат дека овие избори и те како се загубени за нив.Фрчко е само шаблон работа.Нема теорија да победи,а ќе влезе во втор круг благодарение на големото постојано гласачко тело што го има СДС стекнато од поодамна.
Toa e резултат на лошата политика која ја води СДСМ овие години што резултираше со рапидно губење на нивната репутација кај народот.Па сега и нешто Бранко изведува и сите одат во пропаст.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom