СП Хрватска 2009 - Македонија : Германија (17:30h)

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи на натпреварот?

  • Македонија

    Гласови: 63 79,7%
  • нерешено

    Гласови: 1 1,3%
  • Германија

    Гласови: 15 19,0%

  • Вкупно гласачи
    79
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Не ама гледано од тоа што го покажавме денеска пред да почнат чешкине курви да не дупат видов игра 10 пати подобра од германскана и покажавме дека кога сакаме можеме и дека светски шампион не не плаши. Можеби на хартија и по бодови не тепаа ама не им ја признавам ја а ќа има и други ко мене само поради тоа што судиите го одиграа клучниот фактор во германската победа. Не дојдоа до тие 2 бода со нивна игра туку само со тие судии и делегати.
 
Само утре да не му дадат забрана за настап на Кире Лазаров,шансите се 50/50.

Мислам дека нема да има никаква забрана.

И на претходниот натпревар на Русија, Чипурин мислам беше, доби црвен во 59 минута, па денес пак играше.
 
Не гледајте на тоа дека Русија денеска победила со само еден гол, и на Русија на утрешниот натпревар им е иста задачата како нас, победа и ништо друго. Тие денеска одмарале играчи, не се будали да ги стават во игра најдобрите, е сега тој ризик можеше и да им ги оштети шансите, но сепак една е Македонија, победа утре и ништо друго.
 
Ете ви го кирил лазаров колку ја сака макеоднија се покажа на дело, намерно го удри играчот со лакт и ја остави макеоднија на цедило. Ете се виде која е германија светски првак и народ со победничк иментлаитет кој има повеќе квалитетни играчи кој даваат голови. Ова е спуштање на земја највише за навијачите кои летаат во облаци дека ќе сме биел светски шампиони. Но исто таак и за играчите спуштање на земја а најмногу за селекторо кој си мисли дека е стручњак а не го зима раде стојанович за ова уткамица го остава да седи на треибини.
ZOTE, да те праша батко нешто:
Си се занимавал ли некогаш активно со спорт, или само си замислуваш оти разбираш понешто од спортот?
Јас велам второто, затоа што само таков човек може да тресне такви глупости како тебе.
Знаеш ли какво е чувството одвнатре, како е кога си на терен? Знаеш ли дека си исклучен од надворешниот свет, дека адреналинот е на максимум, и дека ништо друго освен тимот и победата не ти е важно?
Знаеш ли што значи да играш за државата?
Незнаеш очигледно.
Германија победи само заради своето влијание во ИХФ, се разбира со обилна помош на Чесите кои себеси се нарекуваа судии на овој меч.
Јас да бев на теренот на пр. ќе нокаутирав некого, најверојатно судија. Тоа беа циркуси...
Еве, јас лично кога играв одбојка многупати (и тоа не како капитен) се качував на столот на судијата и се расправав. Во жарот на борбата...
Сепак, ти тоа неможеш или несакаш да го сфатиш или се правиш луд.
За Раде...можеби и си во право, но сепак незнаеш повеќе од селекторот.
 
едно време имав надеж,си реков “ее денес има да го јадат како во '1945’’:).
Не го напаѓајте толку Зоте,јасно е дека нешто дебело не е во ред со него,ама има јака поента кога го спомнува “победнички менталитет’’,психата е битна работа а ние никогаш не ја завладеавме.Затоа секој пораз е “крај на свет’’ и секоја победа ’шампиони’’.
Не ширете бедови и не кукајте не можам да ве читам.Судиите ништо нарочито не ни беа криви,излегувањето на Лазаров и психичкиот пад ни пресудија.
 
Суште не се знае,шансите се 50/50 да се надеваме дека ќе игра..

Не се разбирам баш во ова :toe:
Ама нема никаква логика шансите да си 50:50 како што кажуваш ти или ќе игра или не според што зависи тоа 50:50 и јас мислам дека ќе игра имам видено мислам како добива црвен а наредна утакмица игра.
 
Sto ne pobedija so sudii ne pobedija tuka nema zbor. Mozda i nie ne izreagiravme najdobro vo nekolku situacii ama koga nekoj postojano e protiv tebe nemozes trezveno da razmislivas. Inaku maksimalna podrska za Kire koj izreagira taka vo zarot na borbata iako sekunda potoa stana svesen deka za reacijata ke bide isklucen ama toa e koga igras so srce. Btw zasto ne igra voopsto Stojanovic mislam deka komentatorot rece deka e vraten vo rosterot na mecot so Polska. Sigurno e podobar od onoj F.Lazarov koj (ne sakam da go vregam) ama e antitalent. 1% da se pogodese na brat mu ke bevme 100 podobar tim.
 
мислам дека не се знае дали ќе игра. ако се сеќавате Металург коа играше лани, Димовски мислам дека доби црвен картон и на следната утакмица немаше право да игра :toe: и нели ние ги имаме Марјан и Драган Начевски делегати се (не се делегирани на ова Светско), нели они можат нешто да направат во врска со евентуална санкција??
 
Треба сега да се фокусираат на утрешниот натпревар,мора да се заборави ова срање што се случи денес.
Ајде утре идеме на победа:oeoeoe::oeoeoe:
 
:violent1:судиите!!!!како можеа на може на играч како КИРЕ,кој до сега на првенството беше коректен, на овој натпревар исто,без ниеден груб фаул без ниедно исклучување до сега на првенството да му дадат црвен картон,не верувам дека намерно го удри тој германецот-ете 2 минути да му дадеа ќе беше коректно стварно,а требаше и тој швабата исто да добие 2 минути-
судиите значи не уништија нас,го уништија и натпреварот кој сигурно ќе беше интересен и неизвесен до крај.да не победа спортски и чесно германците сигурно немаше да бидам нервозен како сега али вака
:nerv::nerv::nerv::nerv::nerv::nerv::nerv::nerv::nerv:
 
Искрено, ме разочараа нашиве со играта, не знам зошто толку плукате по судиите, ја освен шо го исклучија Ќире ништо друго не би им замерил, наметнаа некој чуден критеруим уште во прво полувреме, мислам дека се обидуваа да останат доследни на истиот ама дали од неквалитет дали намерно сето тоа изгледаше како судење со намера контра нас.
Не знам како може да очекувате победа, со двајца играчи не се победува светски шампион, во случајот Ќире и Темелков, особено сум изненаден од вториот, ептен беше на ниво денес, и напад и одбрана.
Другите тапа, со ваква бековска линија какво и да е судењето ќе изгубевме, кога од вкупно 6 само двајца функционираат веројатно ќе го тепаме Алжир, не и Германија.
Ни фалеше квалиетет и концентрација да тепаме денес, особено ова второто, кога со двајца играчи повеќе не даваш гол нешто не чини... лоша игра во целина.

Во одбрана бевме доста подобри отколку во напад, едно време попуштивме кога променивме во 5-1 зона, али не траеше тоа многу, брзо се вративме на 6-0 која е многу поефикасна против швабите, Темелков добро го неутрализираше Хенс со фластерот, да не се повредеше Алушевски веројатно истото ќе го правеше и он со Гландорф, и Ѓорѓоновски добро му излегуваше на Клаин во средина, се на се добар концепт имаше смислено Темелковски, али ете, не се поклопија работите како што се надевавме.

И Стојановиќ мислам дека е сеуште повреден, не гледам друга причина зошто не би играл.
 
Не се разбирам баш во ова :toe:
Ама нема никаква логика шансите да си 50:50 како што кажуваш ти или ќе игра или не според што зависи тоа 50:50 и јас мислам дека ќе игра имам видено мислам како добива црвен а наредна утакмица игра.

Јас ќе ти кажам...бидејќи доби директен црвен...подоцна се одлучува дали е до толку остар стартот за и наредна да не игра...значи се зависи таму како ќе го запишат стартот...јасно
 
Јас ќе ти кажам...бидејќи доби директен црвен...подоцна се одлучува дали е до толку остар стартот за и наредна да не игра...значи се зависи таму како ќе го запишат стартот...јасно

да баш така, значи на зелената маса ќе се одлучува дали Кире ќе игра утре и бидејќи Русите не се некој фактор во ИХФ, Кире ќе игра утре :), а да беше обратна ситуација да добиеше црвен да речеме со Полска, денес против Германија немаше да игра знаејќи го влијанието на Швабиве кое денес дојде го израз
 
Потегот што го направи Велко не го оправдувам ни малку и беше за црвен картон, ама пак ќе кажам за така нервозното понашање од нашите играчи придонесоа судиите...

Е да...тоа повеќе беше за црвен , отколку она на Кире!!!!
Ајде да се надеваме утре ќе е подобро, Русија едвај извлекла гз денес.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom