Поучни текстови

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Сепак се врти

Директор на компанијата и вика на својата секретарка:
- Спремај се, одиме на службен пат една недела.
Секретарката му се јавува на својот сопруг:
- Ќе бидам една недела отсутна од дома.
Мажот и се јавува на својата швалерка:
-Жена ми ќе оди на пат недела дена, ќе можеме да бидеме заедно.

Швалерката му се јавува на ученикот на кој му дава часови по математика:
- Ќе бидам зафатена, ќе паузираме една недела па после ќе продолжиме.

Малиот му се јавува на својот дедо:
- Нема часови цела недела, ќе ме носиш да фаќаме риба?

Тој и се јавува на секретарката:
- Внук ми сака да бидеме заедно, не патуваме.

Секретарката му се јавува на мажот:
- Патот ми е одложен.

Мажот на швалерката:
- Жена ми останува дома. Жал ми е.

Жената му се јавува на ученикот:
- Сепак ќе имаме часови како и обично.

Малиот му се јавува на дедо му:
- Дедо, професорката рече дека ќе учиме. Не можам да дојдам.

Дедото на секретарката:
- Спремај се, сепак одиме...


*********************************************************

ЧЕТИРИ ЛЕКЦИИ ЗА УСПЕШЕН ДЕЛОВЕН ЧОВЕК

ПРВА ДЕЛОВНА ЛЕКЦИЈА

Само што со туширање завршила жената, мажот влегол во купатило, кога затропал некој на врата. По кратко натегање кој да отвори врата, жената попуштила, набрзина се завиткала во пешкир и отворила врата. Таму Перо, нивниот прв комшија. - Комшике, ќе ти дадам 800 евра ако го симнеш тој пешкир.

Кратко размислувала, го разврзала пешкирот и застанала гола пред Перо.
Перо и дал 800 евра и заминал.
Збунета но и среќна заради приликата лесно да заработи толкави пари, жената се прибрала пак во пешкирот и се вратила назад.

- Кој беше? - Перо.

- Супер, ти спомна ли нешто за 800-те евра што ми ги должи?

НАРАВОУЧЕНИЕ: Доколку важните информации за позајмиците ги поделите со своите акционери, можете да спречите евентуални штети.

******************************

ВТОРА ДЕЛОВНА ЛЕКЦИЈА

Додека се возел со својот автомобил, свештеникот здогледал калуѓерка покрај патот. Застанал, и понудил превоз, таа прифатила.

Седнала покрај него и ги прекрстила нозете откривиајќи ги своите прекрасни колена.

По некое време, ја спуштил својата рака на нејзините нозе. Та гоо погледнала и му рекла:

- Оче, зарем не се сеќавате на 129-от псалм?

Свештеникот длабоко се извинил, ја повлекол раката, но, по некое време, повторно му отишла раката накај калуѓерката.

- Оче, зарем не се сеќавате на 129-от псалм?

Тој уште еднаш се засрамил:

- Проштејак сестро, телото е грешно.

Калуѓерката стигнала до манастирот а свештеникот продолжил до својата црква. Влегол и веднаш ја побарал Библијата за да се потсети на 129-от псалм. А тој гласи:

- Оди напред и барај, продолжи и ќе го спознаеш врвот на задоволството.

НАРАВОУЧЕНИЕ: Ако не си доволно информиран за работата со која се занимаваш, можеш да пропуштиш сјаjни прилики.

********************************

ТРЕТА ДЕЛОВНА ЛЕКЦИЈА

Продавач, службеничка и нивниот директор отишле на ручек и на масата во ресторанот виделе стара лампа. Ја протриле и од неа излегол духот:

- Обично исполнувам три желби а бидејќи вие сте тројца на сите ќе им исполнам по една.

- Јас сум прва! - извикала службеничката. - Сакам да сум на Карбите, да возам глисер и да имам куќа покрај море.

Пуф, веднаш исчезнала.

Гледајќи во чудо што се случило, изрипал продавачот.

- Јас сум сега! Јас сум сега!!! Сакам да сум на Таити, да лежам на плажа со мојата лична масерка и да пијам коктели!

Пуф, веднаш исчезнал.

- Ти си на ред му рекол духот на директорот.

- Сакам откако ќе завршам со ручекот, овие двајца да ги видам вратени во канцеларија.

НАРАВОУЧЕНИЕ: Секогаш пуштете го шефот да зборува прв.

**********************************

ЧЕТВРТА ДЕЛОВНА ЛЕКЦИЈА

Oрелот по цел ден седел на гранка и не правел ама баш ништо. Го видел тоа зајакот и го прашал:

-Може ли и јас да седам така како тебе и цел ден ништо да не работам?

Орелот одговорил:

- Може, зошто да не?

И зајакот седнал на земја под орелот и почнал да дреме. Ненадејно се појавила лисицата, скокнала на зајакот и го изела.

НАРАВОУЧЕНИЕ: Ако сакаш да не работиш ништо, мора да седиш многу, многу високо.

Доколку пронајдете нешто слично слободно постирајте тука :smir:
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Интересно :icon_lol:
Првото го знаев а второто го имаат направено к-15 :)
 

IronTrooper

The King of Cool
Член од
27 март 2007
Мислења
1.496
Поени од реакции
32
Зошто ја отпуштив мојата секретарка
Минатата недела ми беше роденден и утрото бев посебно расположен. Се симнав долу на појадок надевајќи се дека жена ми ќе биде пријатна и ќе ми рече "Среќен роденден" а можеби ќе има и подарок за мене.
За жал, таа одвај ми рече "добро утро" а камоли да ми честита роденден.

Си помислив... епа тоа ти е брак, меѓутоа децата сигурно ќе запаметат. Децата си го изедоа појадокот без да кажат ниту збор.

Заминав кон работа, чувствувајќи се доста тажно и донекаде разочарано.

Кога влегов во канцеларија, мојата секретарка, Џејн рече: "Добро утро шефе, среќен роденден!" Ми беше малку подобро што барем некој се сети на мене.

Работев до пладне, кога Џејн влезе во мојата канцеларија и ми рече: "Знаеш, надвор е така убав ден и плус роденден ти е, ајде да одиме на ручек, само јас и ти."

"Фала Џејн, тоа е најдобрата работа што ја слушнав цел ден. Ајде да одиме!"

Отидовме на ручек. Меѓутоа, не во ресторанот во кој обично одиме. Наместо тоа јадевме во еден мал ресторан, каде веќе имаше резервирано сепаре за нас. Испивме по две мартинија и искрено уживавме во оброк.

На пат накај канцеларија Џејн рече "Знаеш, баш е убав денот... Не мора да се вратиме во канцеларија, нели?"

"Претпоставувам не. Што би сакала да правиме?," ја прашав.

"Ајде да одиме кај мене," ми рече Џејн.

Откако стигнавме кај нејзе дома, Џејн се сврти накај мене и ми рече "Шефе ако не ти пречи, јас би сакала на кратко да одам до спална. Веднаш се враќам."

"Ок," нервозно одговорив.

Отиде во спалната, и по неколку минути излезе носејќи огромна роденденска торта, а по нејзе излегоа жена ми, децата и десетина пријатели и колеги, сите пеејќи "Happy Birthday."



Јас само седев таму...



На каучот...



Гол...

_____


Бизнисмен влегол во банка во Њујорк и побарал заем од 5.000 долари за двонеделен службен пат на Филипини. Банкарскиот службеник го известил дека претходно ќе мора да обезбеди некаква гаранција за заемот.Човекот му ги предал клучевите од своето ново Ферари паркирано на улицата пред банката а банкарот се согласил да го прими автомобилот како хипотека.

Претседателот на банката и службениците му се изнасмеале на типот кој го употребил своето Ферари од 250.000 долари како гаранција за заем од само 5.000 долари.

По завршувањето на процедурата, еден од вработените ја паркирал колата во подземната гаража на банката. Две недели подоцна, бизнисменот се вратил од пат, ги исплатил позајмените 5.000 долари и каматата која изнесувала 15, 41 долар.

”Господине, многу сме задоволни што трансакцијата беше извршена успешно, но едно не' чуди. Додека бевте на пат, ве проверивме и откривме дека сте мултимилионер. Зошто воопшто се мачевте да позајмите 5.000 долари?”, прашал банкарот.

”А каде на друго место во Њујорк можам да ја паркирам мојата кола на две недели за само 15,41 долари и да бидам сигурен дека нема да ми ја украдат?”

превземени од (он.нет)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Izvinete sto e srpski:


Jednom davno, svi ljudski osjecaji i sve ljudske kvalitete nasli su se na jednom skrivenom mjestu na Zemlji.
Kada je Dosada zijevnula treci put, Ludost je, uvijek tako luda, predlozila: "Hajdemo se igrati skrivaca! Tko se najbolje sakrije, pobjednik je medju osjecajima." Intriga je podigla desnu obrvu, a Radoznalost je, ne mogavsi presutjeti, zapitala: "Skrivaca? Kakva je to igra?" "To je jedna igra", zapocela je objasnjavati Ludost, "u kojoj ja pokrijem oci i brojim do milijun, dok se svi vi ne sakrijete. Kada zavrsim sa brojanjem, polazim u potragu i koga ne pronadjem, taj je pobjednik."
Entuzijazam je zaplesao, slijedilo ga je Odusevljenje. Sreca je toliko skakala da je nagovorila Sumnju i Apatiju koju nikada nista nije interesiralo. Ali nisu se svi htjeli igrati. Istina je bila protiv skrivanja, a i zasto bi se skrivala? Ionako je uvijek, na kraju, svi pronadju. Ponos je mislio da je to glupa ideja, iako ga je zapravo mucilo sto on nije bio taj, koji se sjetio predloziti igru. Oprez nije htio riskirati.
"Jedan, dva, tri." pocela je brojati Ludost. Prva se sakrila Lijenost, koja se kao i uvijek, samo bacila iza prvog kamena na putu. Vjera se popela na nebo, Zavist se sakrila u sjenu Uspjeha koji se muceci popeo na vrh najviseg drveta. Velikodusnost se nikako nije mogla odluciti gdje se sakriti jer joj se svako mjesto cinilo savrsenim za jednog od njenih prijatelja. Ljepota je uskocila u kristalno cisto jezero, a Sramezljivost je provirivala kroz pukotinu drveta. Krasota je nasla svoje mjesto u letu leptira, a Sloboda u dahu vjetra. Sebicnost je pronasla skroviste, ali samo za sebe! Laz se sakrila na dno oceana (laze, na kraju duge), a Pozuda i Strast u krater vulkana. Zaborav se zaboravio sakriti, ali to nije vazno.
Kada je Ludost izbrojavala 999.999, Ljubav jos nije pronasla skroviste jer je bilo sve zauzeto. Ugledavsi ruzicnjak, uskocila je, prekrivsi se prekrasnim pupoljcima.
"Milijun", zavikala je Ludost i zapocela svoju potragu.
Prvu je pronasla Lijenost, iza najblizeg kamena. Ubrzo je zacula Vjeru kako raspravlja o teologiji s Bogom, a Strast i Pozuda su iskocile iz kratera od straha. Slucajno se tu nasla i Zavist, i naravno Uspjeh, a Sebicnost nije trebalo niti traziti. Sama je izletjela iz svog savrsenog skrovista koje se pokazalo pcelinjom kosnicom. Od tolikog trazenja Ludost je ozednila, i tako u kristalnom jezeru pronasla Ljepotu. Sa Sumnjom joj je bilo jos lakse jer se ona nije mogla odluciti za skroviste pa je ostala sjediti na obliznjem kamenu.
Tako je Ludost, malo po malo, pronasla gotovo sve. Talent u zlatnom klasju zita, Tjeskobu u izgorenoj travi, Laz na kraju duge (laze, bila je na dnu oceana), a Zaborav je zaboravio da su se uopce icega igrali.
Samo Ljubav nije mogla nigdje pronaci. Pretrazila je svaki grm i svaki vrh planine i kada je vec bila bijesna, ugledala je ruzicnjak. Usla je medju ruze, uhvatila suhu granu i od bijesa i iznemoglosti pocela udarati po prekrasnim pupoljcima. Odjednom se zacuo bolan krik. Ruzino je trnje izgrebalo Ljubavi oci.
Ludost nije znala sto uciniti. Pronasla je pobjednika, osjecaj nad osjecajima, ali Ljubav je postala slijepa. Plakala je i molila Ljubav da joj oprosti i naposljetku odlucila zauvijek ostati uz Ljubav i pomagati joj.
Tako je Ljubav ispala pobjednik nad osjecajima, ali ostala slijepa, a Ludost je prati gdje god ide.
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
16 искуства на еден ерген

- Пиење и готвење не се мешаат.
- Помирисај пред да јадеш!!!
- Не можеш да направиш ручек од зачини.

- Имајте куп на резервни клучеви од се.
- Не користете сапун за миење садови во машина за садови.
- Не можете да го исушите новчаникот во микро-печка.
- Јајцата во микропечка се претвораат во рачни бомби.
- 4 литри белило, ќе направат многу повеќе од избелување на вашите алишта.
- Наутро немој да пиеш од шише што не си го отворил истото утро.
- Не ти треба последната цигара пред спиење.
- "Белило и амонијак" не е еднакво на "дезинфицирано и со убав мирис."
- Не купувајте млеко.
- Џемот може да се расипе.
- Не канете Јеховини сведоци да ви прават друштво за пиење.
- Исклучи го телефонот пред да се начукаш.
- Во џезвињата за кафе, може да израснат секакви работи.
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Маркетинг од прва
1. Здогледуваш згодна девојка на забава. Одиш до нејзе и и' велиш:"Многу сум богат. Омажи се за мене!" Тоа е директен маркетинг.
2. На забавa си со еден куп пријатели и гледаш згодна девојка. Еден од твоите пријатели оди кај неа и покажувајќи кон тебе и вели: "Тој е многу богат. Омажи се за него!" Тоа е рекламирање.

3. Здогледуваш згодна девојка на забава. Одиш кај нејзи и го добиваш нејзиниот телефонски број. Следниот ден и се јавуваш и велиш: "Здраво, јас сум многу богат. Омажи се за мене." Тоа е телемаркетинг.

4. На забава си и наоѓаш згодна девојка. Стануваш, ја местиш вратоврска, одиш кај неа и' ставаш пијалак и' ја отвораш врата од автомобилот. Ја подигаш чантата откако ќе и' падне и' понудуваш да ја однесеш до дома и потоа и' велиш:"Инаку, колку да знаеш, јас сум богат. Ќе се омажиш ли за мене?" Тоа се односи со јавност.

5. На забава си и здогледуваш прекрасна девојка. Таа ти приоѓа и ти вели: "Ти си многу богат! Може ли да се омажиш за мене?," Тоа е препознавање на бренд.

6. Здогледуваш згодна девојка на забава. И се приближуваш и и' велиш: "Многу сум богат. Омажи се за мене!" Таа те гледа и ти врзува шамар. - Тоа е Фидбек од потрошувачите.

7. И се приближуваш на згодна девојка на забава и и' велиш: "Многу сум богат. Омажи се за мене!" По ова таа те запознава со сопругот. Тоа е разлика помеѓу понуда и побарувачка.

8. Ја наоѓаш најубавата девојка на забавата. Одиш до нејзе и пред да речеш било што, друг човек доаѓа и и' вели: "Многу сум богат. Омажи се за мене!" по што таа заминува со него. Тоа е кога конкурентите ќе ти одземат од твојот дел од пазарот.

9. Здогледуваш згодна девојка на забава и пред да и' речеш: "Многу сум богат. Омажи се за мене!" пристигнува жена ти. Тоа е забрана за влез на нови пазари.


Го нема Господ!

Две дечиња, 8 и 10 години, постојано прават некакви глупости. Во секоја беља што ќе се случи во комшилук тие најверојатно имале удел а татко им и мајка им цело време знаат за нивните глупости.

Мајката, која до тогаш не успешно се обидувала да ги доведе во ред децата, дознала дека локалниот свештеник бил доста успешен во дисциплинирање на деца. Таа зборувала со него и тој се согласил да се види со децата.

Прв на ред бил помалиот син. Свештеникот, огромен човек со дебел глас, седнал до детето и со строг глас го прашал:

"Синко, дали знаеш каде е Господ?"

Детето целото пребледело, меѓутоа не дало никаков одговор. Само седело таму со ококорени очи и подотворена уста.

Тогаш свештеникот со уште построг глас го повторил прашањето: "Каде е Господ?!"

Повторно, детето не ни бекнало. Свештеникот со уште поостар глас, заканувајќи му се со прст на малиот, го повторил прашањето "КАДЕ Е ГОСПОД?!"

Детето, во моментот со врескање излетало од собата, истрчало до дома и се скрило во плакарот во неговата соба, трескајќи ги вратите зад себе.

Кога брат му го открил во плакарот и прашал што се случило, помалиот брат одговорил:



"Бато...



Овој пат, сме го јаделе...



Го нема Господ и мислат дека ние сме криви!"
 

Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Сакаме уштее!!

Тоа со господ е закон :D, уште неможам да се допрам од смеење: D:pos2:
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Ќе биде ќе биде :smir:

По пат...

Три жени пешачат низ шума, кога одеднаш наидуваат на голема и брза река. Бидејќи морале да минат на другата страна, првата жена почнала да се моли:
"Боже те молам дај ми сила да ја минам реката!"

И Господ и дал големи раце и силни нозе за да може да ја преплива реката. По 2 часа пливање таа успева да пристигне на другиот брег, но притоа два пати за малку ќе се удавела.

Откако видела што ќе се случело, втората жена почнала да се моли: "Боже те молам дај ми сила и средства за да ја минам реката."

И Господ и дал сплав, големи раце и силни нозе за да може да весла преку реката. По половина час таа стигнала на другиот брег, меѓутоа по пат за малку ќе се превртела.

Гледајќи што се случило со првите две жени, третата се молела: "Боже те молам дај ми сила, средства и интелигенција да ја минам реката."

И Господ ја претворил во маж. Тој отворил мапа, пешачел уште 500 метри нагоре по реката и ја минал преку мост.
 

Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Го знаев ова, еднаш го имаше на форумов, во поинаква тема.
Во секој случај, интересно е пак.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom