Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Ко што видиш ова е фонтаната, не споменикот.
Ете кај си бил, на форум, наместо да рипнеш кај што ти е место-вака само не фрлаш во дилема ;)

Да не остане вака, нешто слушнав дека ќе касни...

Иначе, да му е страв на човек да прочита вести-луѓево на велико се натпреваруваат кој ќе изгради највисока зграда, најдолг мост, кој ќе пробие најдолг тунел и така; наша најголема преокупација е дали Скендербег бил Албанец или Македонец, дали споменикот на А ќе биде повисок од тој на С и така...кој колку може.
 
Член од
13 октомври 2010
Мислења
65
Поени од реакции
5
е дали Скендербег бил Албанец или Македонец

Еми во Бугарија не сме го слушнале. Значи е Албанец. Ако беше "Македонец" (извинувам се наводниците ми се избегаат) би да го знаеме.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Еми во Бугарија не сме го слушнале. Значи е Албанец. Ако беше "Македонец" (извинувам се наводниците ми се избегаат) би да го знаеме.
?

Знам дека ти е тешко да доловиш поради јазичната бариера, но, друга е поентата на мојот пост...:toe:
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880

Да знаев порано ќе дојдев да не те држам во неизвесност :)

Инаку воопшто не гледам/читам вести по медиуми. За споменикот сите се натегаат, те вака, те онака, башка 15 различни висини во различни медиуми се уфрлија во јавност. Сето тоа во зависност на која страна припаѓаат.
За светов не планирам да ја споредувам Македонија со ОАЕ, САД, Франција, Швицарска.... и со нивните економии, а уште помалку со нивната секојдневна политика.
Никој не ни е крив што имаме во главно политички зависни медиуми па мора да се пукаат на партиска и национална база.

Кај нас има капацитет за проекти, за градби, планови се и сешто само што фали друга работа која нема тука да ја коментирам.
Квалитетот, да баран е и тука и надвор, а кај нас го има.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Абе луѓе - должи 650 милиони на бизнисот. Трансфер на 400 милиони од гнусната и поробување организација на светот (гледате во Романија што се случува и како намалуваат платите, бидејќи теглиха заеми од ММФ). Во исто време давате 200 милиони за глупости...

Попринцип во економска криза е правилно државата да инвестира (ако има пари, а не да зема заеми), но луѓето инвестираат во инфраструктура, а не во споменици.

На Груевски му е се таа дали ќе гласате за него или не. Ако помине броеви. Ако не во Хаваите, но по него останува држава.
Бугарин,оправај економија у твоја земја, заеби нас, глеј си мајка Блгарија и ич не му ја секирај .. сиктер
 
Член од
13 октомври 2010
Мислења
65
Поени од реакции
5
?

Знам дека ти е тешко да доловиш поради јазичната бариера, но, друга е поентата на мојот пост...:toe:
Не ми е толку тешко. Како чета се разбирам, но пишувам тешко. Инаку ... сарказам му се вели.

-:smir:

--- надополнето ---

Бугарин,оправај економија у твоја земја, заеби нас, глеј си мајка Блгарија и ич не му ја секирај .. сиктер
Срце не ми дава:smir:

--- надополнето ---

Ако треба да сум искрен малку завидува. Може да не се гради во повеќето вистинскиот момент и да не е многу историски положило и полн ужас од гледна точка на комбинирање на личности, но ќе биде многу расиво најмалку.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Еми во Бугарија не сме го слушнале. Значи е Албанец. Ако беше "Македонец" (извинувам се наводниците ми се избегаат) би да го знаеме.
Ти избегале набводниците а , а не ти било тешко реченица у заграда да пишуваш..море многу ве толерираат вас Блгарските чеда на форумов,а после на крај ја јадам банови
 
Член од
13 октомври 2010
Мислења
65
Поени од реакции
5
Ти избегале набводниците а , а не ти било тешко реченица у заграда да пишуваш..море многу ве толерираат вас Блгарските чеда на форумов,а после на крај ја јадам банови

На сосед забрана не се дава. :nenene::smir:
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Да знаев порано ќе дојдев да не те држам во неизвесност :)

Инаку воопшто не гледам/читам вести по медиуми. За споменикот сите се натегаат, те вака, те онака, башка 15 различни висини во различни медиуми се уфрлија во јавност. Сето тоа во зависност на која страна припаѓаат.
За светов не планирам да ја споредувам Македонија со ОАЕ, САД, Франција, Швицарска.... и со нивните економии, а уште помалку со нивната секојдневна политика.
Никој не ни е крив што имаме во главно политички зависни медиуми па мора да се пукаат на партиска и национална база.

Кај нас има капацитет за проекти, за градби, планови се и сешто само што фали друга работа која нема тука да ја коментирам.
Квалитетот, да баран е и тука и надвор, а кај нас го има.
Во суштина, тоа сакам да го кажам-дека политичката замачканост, преокупацијата со националниот идентитет (еј, во 21 век!), тоатлно ни го замаглува видот и паметот. Оноа што никако, изгледа, не можеме да го сфатиме е дека не смееме да се задоволуваме со (под)просек-во случајов, ќе прочиташ коментари од типот "доволно е што се гради"...епа, не е доволно само да се гради, мора да се гради квалитетно, промислено, испланирано, во услови на висока конкуренција, во услови кога имаш квалитетна критика и опкружување што може да ја даде...кога имаш средени "ситни" работи како-нови улици, кога постојните ти се без дупки, кога имаш дефинирани пешачки зони, кога е решен јавниот превоз, можеш и да додадеш нешто ако ти текне :)
И, зошто да не можеш да ја споредиш Македонија со светот? Не те повредува ваквата констатација? Мене да, бидејќи во случајов си изговорил трагична вистина, нашето место не е во такво друштво.
 
Во ситуација кога националниот идентитет е загрозен, кога секој се обидува да чепне до него, кога соседите истиот се обидуваат да го крадат јас ја оправдувам окупацијата со истиот но не и манипулацијата. Јас неможам да творам ако сум никој и ништо.

Инаку нема што да ме повредува фактот дека во Дубаи се градат чуда, дека стадионите на Катар ќе се нешто вонземско, итн... Нивната економија и нејзината база не е иста со нашата, јас сум задоволен што оваа држава ќе ми пружи да создадам квалитет кој ќе го бараат за такви проекти, дај боже да се за тука, па некои чуда кои се на хартија да се остварат тука.
 
T

Tetro

Гостин
наша најголема преокупација е дали Скендербег бил Албанец или Македонец, дали споменикот на А ќе биде повисок од тој на С и така...кој колку може.
Ѓорѓи е Македонско име колку јас знам, а за висината не се замарам.

Не се замарам и за тоа што за споменикот на Ѓорѓе ака Скендербеу ќе се уништи и тој малиот паркинг што го имаше.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Во суштина, тоа сакам да го кажам-дека политичката замачканост, преокупацијата со националниот идентитет (еј, во 21 век!), тоатлно ни го замаглува видот и паметот.
Прочитај го тој татарот над тебе што те стави под наводници, па ако ти е сеедно, не се замарај со идентитетот. :toe:
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Прочитај го тој татарот над тебе што те стави под наводници, па ако ти е сеедно, не се замарај со идентитетот. :toe:
Абре сине, јас си имам САМО македонски пасош, затоа бугарчето не ме занима...знам што сум, лојална сум на оваа јадна земја, работам тука, не сум у состојба на постојана омраза спрема било кој сосед, така да мене не ме загрижуваат некакви наводници на некој форумски фантом. Мене ме загрижуваат личности, кои мораат да сменат опис на еден град за да се дефинираат национално. Тоа е загрижувачка појава. Појава која не ветува напредок-национален, културен, напредок во градежништвото и архитектурата. Тоа е појава која што е исклучиво во служба на партиски интереси, само и единствено да обезбеди гласачко тело на избори.
Еве зошто "другите" имаат и се богати а ние немаме и сме сиромашни. Бидејќи другите градат-не само во полето на архитектурата-врз искуствата на претходниците, а ние после секои избори измислуваме топла вода, ко да светот почнува да се врти со секоја нова политичка гарнитура...како иначе да ги објасни човек коментарите од типот-до сега НИШТО не се градело, сега (со проектот 2014) почнуваме да градиме. Јас знам дека ова е лага, знаеш и ти, знаат и оние што ја кажуваат-да Скопје постоеше со сите свои улици, објекти, населби и пред да дојде ВЕМЕРЕО...
На крај, можеш да се затвориш во четири ѕида и да размислуваш кој те сака а кој те мрази, кои ти се пријатели а кои непријатели, може да се сомневаш во светска завера (а не во сопствената неспособност), да размислуваш како да се дефинираш, и така да поминеш децении-но, кога ќе излезеш од своето мало дувло ќе видиш дека Човекот открил нова планета и дека се спрема да лансира спејс шатл во вселената и дека на човештвото воопшто не му е грижа до каде тебе ти досегаат коренчињата и чиј горд потомок си...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Да не го направија проектот каков што е, немаше да има тема за кавга по форуми, весници, телевизии...што мислеле кога го проектирале сето ова, дали има друга задна намера...

И не знам дали се работи за објекти и скулптури кои се однесуваат на борбата за македонската кауза и македонска државност, историја на овие простори или за пополнување простор по сопствена желба. Ова затоа што се имаше намера да се гради стариот офицерски, сега градска куќа ќе има облик на офицерски.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom