Владата прави терен за забрана на абортусот

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување
јас зборев за планирана бременост.

Е тоа ме интересираше. Значи едните имаат врски демек, другиве немаат.

Ок, друго прашање.

Со типот/вереникот/мажот, се решите дека сакате дете. Оп, се зачнува дете. 2 недели после тоа типот/вереникот/мажот ве остава, сами, невработени, без никакви приходи. Има или нема право на абортус??

Можам вака до бескрај и назад :)
И пак ќе испадне дека едните имаат право другите немаат право да абортираат.

Наместо да се иде на принцип на едукација на младите уште во средните училишта за последиците на сексот, ние фашисти изиграваме. Ама ок, реков ја. Со две раце би го изгласал законов. За утре тие што тука го бранат, да си маваат главата во зид.

а од друга страна, ти викаш ја оставил вереникот трудна.. ќе се докаже дека е татко и ке си плаќа алиментација....
а ако мажот ја остави жената со деца и не се грижи за нив, таа треба да ги убие? таква логика видов....

ама не ми е целта да се препукувам.... барем денес во секое списание пишува за контрацепција, и ма подврзување на јајници, да не спомнувам кондом во секоја трафика и продавница...а и има невладини организации како ЕСЕ што бесплатно местат спирали на жени што немаат пари да си ги платат.
а за ситуации шта би било, кад би било... јас не знам. ама знам дека е време жените малку повеќе да мислат пред да се залетаат во стилот: Не ми беа плодни денови...

а за едукацијата во средните училишта имам впечаток дека се повеќе сексуално едуцирани од нас, ама за жал не ги гледаат последиците како нас.:toe: (а знаат дека ги има, биди сигурен)
 
Да ве прашам жени...Доколку сте силувани, дали ќе го чувате детето и ако не, како планирате да го абортирате доколку овој закон стапи на сила?
Deteto odnosno plodot ne e kriv što e nastanat na takov način..
Bi go podržala zakonot.
 
Колку ја имате насочено темата во погрешен правец.Да му се смачи човек да отвори тема да прочита каде нема да види препуцувања и псуење до небото и назад.Дај бе возрасни луѓе се закачат ко мали деца претајки со раце...

Он топик:
Конечно и тој башибузлук да се среди,го подржувам 100% законот.Никаде нема толку лабилно и лесно абортирање ко во Македонија.Мислам дека само здраствената книшка под мишка и оди во бољи живот на гинекологија,после саат излегуваш ко нов.
Каков е процесот во Германија:после утврдувањето на бременоста голема консултација со лекар,па те праќат на психолог,па во црквена организација и на крај они се тие кои одлучуват дали треба да се абортира или не.
И се скратило правото жими мајка.Кој човекови права каде при тој акт се убива човечко право на живот.Нека кракат гуските,ке им се фрли една шака просо ќе се смират.

За во Германија не си во право, еве ќе ти кажам како е таму.
Таму абортусот во принцип не е дозволен но има исклучоци.

Значи ако сака една жена да абортира мора во првите 12 недели од бременоста да оди на разговор кај организации кој се признати од државата и таму ќе е советуват. Тоа можат да бидат црковни институции или дурго. А потоа жената сама може да одлучи дали ќе абортира, институцијата каде што беше само и дава потврда дека беше тука и дека е советувале. Нема ни психолошки разговори ни црквата одлучува. Самата жена одлучува.

Второ жената ако е силувана може да абортира.

И трет случај кога жената смее да абортира е од медицински аспекти ако е загрозен животот на жената.

Значи ја би сакал и сличен закон за во Македонија. Принципиелно забрането но под некој услови дозволено.
 
Наместо да се иде на принцип на едукација на младите уште во средните училишта за последиците на сексот, ние фашисти изиграваме. Ама ок, реков ја. Со две раце би го изгласал законов. За утре тие што тука го бранат, да си маваат главата во зид.
А зошто да не се воведе и едукација на децата и да се заострат законите за абортус?Или едно со друго не иде?Ако едно плукање ме кошта 50 евра и не се буниме,зошто пак забраната за абортус е толку очивадечка и се дига толкава прашина?Демек правото на жената се кршело,коски некој да и искрши нема толку да се буни,дур и нозе ќе му измие.
Легализација за мене е само во корист на гинеколозите(касапите)кои си ги полнат џебовите,и каде ве убедуват дека до трети месец носиме едно зрно грав кое покасно по некоја си чудна магија се претвара во бебе.
 
јас зборев за планирана бременост.

а од друга страна, ти викаш ја оставил вереникот трудна.. ќе се докаже дека е татко и ке си плаќа алиментација....

Нема никој да плаќа алиментација, ако не се во брак, така да вереникот слободно може патлакот да го заболе што типката останала бремена. Поентата е што со непланираните бремености? Се случило ете. Мајката не е спремна да го роди детето, или подобро кажано фетусот, или па зрнцето грав кој што не тежи ни 2 грама првите недели. Тоа убиство е? Па мајку му стара, и ја мастурбирам па едно 50тина деца во шоља ги исфрлувам. Геноцид!

Deteto odnosno plodot ne e kriv što e nastanat na takov način..
Bi go podržala zakonot.

Да, ама не ми одговори, дали ТИ би го родила детето доколку си силувана.
 
Нема никој да плаќа алиментација, ако не се во брак, така да вереникот слободно може патлакот да го заболе што типката останала бремена.

ааа сигурно! малку си грешка. распрашај се поубаво да не те кошта заблудава:)
 
ааа сигурно! малку си грешка. распрашај се поубаво да не те кошта заблудава:)

Епа ако де, како и да е, иако јас знам дека не се плаќа алиментација ако не си бил во брак претходно. Можеби и грешам, а можеби и не, не е важно. Поентата е дека сепак во некои случаеви самите вие кои што сте против, викате дека може да има абортус. Селективно, овде може, овде не може...маааајката :)
 
За во Германија не си во право, еве ќе ти кажам како е таму.
Таму абортусот во принцип не е дозволен но има исклучоци.

Значи ако сака една жена да абортира мора во првите 12 недели од бременоста да оди на разговор кај организации кој се признати од државата и таму ќе е советуват. Тоа можат да бидат црковни институции или дурго. А потоа жената сама може да одлучи дали ќе абортира, институцијата каде што беше само и дава потврда дека беше тука и дека е советувале. Нема ни психолошки разговори ни црквата одлучува. Самата жена одлучува.

Второ жената ако е силувана може да абортира.

И трет случај кога жената смее да абортира е од медицински аспекти ако е загрозен животот на жената.

Значи ја би сакал и сличен закон за во Македонија. Принципиелно забрането но под некој услови дозволено.
Многу ме интересира тоа прашање па затоа знам и како оди...Психолошките разговори се обавезни,тука е умешана и црквата,неможеш ко кај нас лична карта,1000 денари в џеб и иди на касапење.
И тука се абортира,не реков не,но сепак процедурата до касапскиот стол е многу подолга отколку кај нас во Македонија,со многу долги разговори каде може и да те убедат да си го задржиш детето(за тоа се и разговорите,сигурно нема да ти дава совет која боја на косата ти одговара)
 
Се согласувам сакав само да додадам дека и во Германија ако сакаш да абортираш тоа можеш да го направиш. Си има процедура, секако, но сепак одлуката е кај жената.
 
Да, ама не ми одговори, дали ТИ би го родила детето доколку си силувана.
Силувањето е иначе најдраг аргумент на про-абортус екипата..што и не е така лош аргумент ако притоа не се вреѓаат децата настанати како плод на силување..
Која е разликата во абортусот на силувана или несилувана жена од перспектива на детето,или фетусот?
Судбината на тој фетус е во рацете на жената,дали ќе живее или не.
Значи потполно е ирелевантно да ли јас би го родила ако сум слувана или сега ете не ми се сака да бидам мајка,двата абортуса се исти.
Би го родила..
Препорака, погледни го филмот Грбавица,на еден емотивен начин ја прикажува оваа тематика,односот на мајка и ќерка плод на силување...

Лично сметам дека постои дискриминација кај потенцијалните татковци,бидејќи одлуката за Абортус се остава на жената ,значи ако јас одлучам да абортирам тоа е мој избор законски,а ако одлучам да го задржам тогаш таткото мора да сноси правна одговорност,тогаш би требало и би било праведно одлуката да е на двајцата ,а не само на мајката.
 
Да се забрани скроз абортусот е контра продуктивно за пролајф движењето.

Што се однесува до тоа кој е во право, науката егзактно сеуште не може да го одгатне тоа прашање, но да подсетам, некогаш науката и црнците ги ставала во ист кош со мајмуните, па очигледно дека не било така.

Друга работа е што ова прашање не треба да се меша со борбата на правата на жените, дека е дискутабилно колку е плодот дел од нејзиното тело. Колку што знам од првиот ден тој плод си има засебна ДНК, што кога би ја употребиле за клонирање би добиле единка еднаква на таа што ќе излезе од утробата на мајката.

Понатака, еден правилен пристап во кој на тој што сака да абортира му се предочат сите мислењаи ставови, за да знае во што се пушта. Дека има многу жени што незнаејќи во што се впуштаат абортирале, па после осекале грижа на совест.

Таткото, доколку се знае, мора да даде согласност за еден таков чин и мора секоја злоупотерба најстрого да се казнува (на пример доколку жената што абортира земе со себе некој друг да даде согласност што не е одговорен)
 
Епа ако де, како и да е, иако јас знам дека не се плаќа алиментација ако не си бил во брак претходно. Можеби и грешам, а можеби и не, не е важно. Поентата е дека сепак во некои случаеви самите вие кои што сте против, викате дека може да има абортус. Селективно, овде може, овде не може...маааајката :)

јас мислам дека не може да поистоветиш затруднување од силување и од праење кеиф без мозок! :toe:

е мислам дека е многу у реду закон против второто....

за силувачите... Кина! :toe: на илинден место 2 прослави.. на пелинце или крушево да се караат .. каде да биде.. сите на плоштад. на сеир. гилотиња де...:toe:
 
Абортусот е убиство! Точка !
Секој кој што ќе прави абортуси нелегално ќе лежи 10 год. затвор за убиство со умисла, се работи за дете а не за возрасен човек.
Исклучоци ќе има, се знае во кои случаи, и тоа само во првите неколку недели. Кога веќе фетусот ќе стане човек(срцето почнува да чука околу 8 недела), натаму секаков абортус е злосторство. За било каков човек да се работи се лежи затвор како што не е дозволено и помагање во смрт за стари,болни,и лица со пречки во развојот. За сите се лежи затвор, ќе се лежи и за неродено дете, дете кое покажува емотивни знаци со движењата кои ги прави.

п.с. Се што има срце кое чука, е човек, останотото за кои некои тресекаат зелени не заслужуваат одговор бидејќи се неписмени.
 
Тука лежи проблемот, во дефиницијата кога почина човечки живот. Мислам ако се дефинира на пример дека по 8 недели почина живот, тогаш абортирајнето треба да се случи пред оваа граница и се потоа би било забрането.
Не е работата само да се забрани без оглед на другите проблеми туку треба да се најде разумно решеније кој ги опфаќа сите околности, нели се работи за животи, за нероденото дете и за мајката.
 
Никој,па чак ни фашистите на Гвујо,нема право да ми го менува животот и да поставува средновековни норми на однесуење у сред Европа.

Некои `закони`... се просто неодржливи.
Македонија е 200 на 250км земја.
И ако јас се договорам со женска/жена ми дека дете баш и не сакаме да имаме во дадениот период од х причини,за саат и пол ќе бидеме у Софија или пак во Белград и ќе `завршиме работа`.
А Гвујо тупото и шупаци...
може да се глупираат колку сакаат.

10 години затвор за убиство со умисла на нероден човек!!!
Кон не сака да биде убиец, два сантиметри рез на јацата и кврц јајцеводот,кај мажите оваа е лесен потфат кој трае 30 мин под локална анестезија.
Снимките ти се најдолен вид на пропаганда!
Плодот... не е развиен т.е. нема никакво оцртување на раце,нозе итн до крај на 4 месец.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom