Владата прави терен за забрана на абортусот

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Владата, по се' изгледа, подготвува терен за воведување ригорозни услови за абортус, со кои практично и ќе се забрани прекинувањето на несаканата бременост. За оваа новина се планира нов закон. Како што дознаваме неофицијално, законот ќе биде со толку радикални критериуми што жената практично и сама ќе се откаже од прекин на бременоста и ќе нема потреба од забранување на абортусот. Колку ќе биде радикален овој закон, според неофицијални извори, покажува и тоа што се размислува меѓу условите за абортирање да се стави и одредба каде што и мажот ќе се прашува дали жената ќе смее да ја прекине бременоста. На ваквите радикални промени за прекин на бременоста, како што велат добро упатени владини извори, инкогнито работи група пратеници, затоа и ништо конкретно не може да протече во јавноста.

Засега, никој од надлежните не сака да потврди дали се подготвува толку ригорозен закон за абортус. Од Министерството за здравство велат дека се' уште нема никаков пишан материјал или работна верзија за посебен закон за абортус. Но дека, сепак, се крчка закон за воведување ригорозна забрана на абортус се потврдува со тоа што на седница на Владата била изнесена информација како е решено прашањето со абортус во земјите на ЕУ.
Таа е насловена како „Осврт на правните практики во Европа и светот, релевантни за регулирање на абортусот“, што е во прилог на донесување современ закон за прекинување на бременоста во Македонија.

Министерот за здравство, Бујар Османи, ни потврди дека на владина седница била изнесена компаративна анализа за состојбата со абортусот во земјите на Европската унија. Но, Османи тврди дека се' уште нема никаков пишан материјал со кој се планира да се забрани абортусот. „Се' уште немаме поставено ни насоки за негово изготвување“, ни изјави Османи, кој призна дека се планира посебен закон за абортус со тоа што условите за прекин на бременоста ќе бидат дадени прво на стручна и јавна расправа.

Иако, министерот Османи вели дека засега нема ни насоки за новиот закон за абортус, компаративната анализа, сепак, содржи правни одредници и препораки за абортусот како од Советот на Европа, така и од СЗО. Во неа се вели дека Македонија е во категоријата на земји со најлиберални услови за абортус.

А, сомневањата дека Владата планира построги услови за абортус уште повеќе се разгоруваат со тоа што во Скопје повторно осамна анонимна кампања со плакати дека „абортусот е убиство“. За половина година ова е трета по ред анонимна кампања со која се осудува абортусот. Како и во првите два случаја, така и сега Владата и Министерството за здравство тврдат дека немаат никаква врска со оваа кампања. „Апсолутно не сме поврзани со кампањата“, категоричен е Османи.

Кој стои зад оваа кампања, никој не открива. Се шпекулира дека во прашање е невладина американска организација. Но, на ваквата кампања немаат реакции ни од Владата ни од Министерството за здравство, ниту пак дали ја осудуваат или одобруваат. Како и во првите две акции никој од надлежните не се потруди, ниту пак направи истрага кој и зошто ги лепи овие грозоморни плакати. Тоа што се толерира ваквата кампања, неофицијално се зборува дека иако зад неа не стои Владата, со пораките од плакатите се опипува пулсот на јавноста околу прашањето за забрана на абортусот, како спас за опасно намалениот наталитет во земјава. Посебно што податоците говорат дека бројот на раѓањата се' повеќе се доближува до бројот на абортусите.

Како и при првите две кампањи, така и за оваа жестоко реагираат невладините женски организации кои сметаат дека со забранувањето на абортус не само што се крши слободата на изборот на жената, туку тоа се коси со сите меѓународни стандарди и конвенции за човекови права.


Утрински Весник
 
Како би се реагирало кога ќе дојде некоја силувана жена. Ќе има ли право таа на абортус или ќе треба да го прашаат силувачот.:toe:
 
Како би се реагирало кога ќе дојде некоја силувана жена. Ќе има ли право таа на абортус или ќе треба да го прашаат силувачот.:toe:

vo vakvi situacii spored mene alternativno resenie e posvojuvanje ali vo nikoj slucaj abortus zatoa sto i vakvite situacii spadjat vo ne sakana bremenost
 
vo vakvi situacii spored mene alternativno resenie e posvojuvanje ali vo nikoj slucaj abortus zatoa sto i vakvite situacii spadjat vo ne sakana bremenost
Ем трауми од силувањето, ем да носиш 9 месеци во себе дете кое ти го направил некој на насилен начин, ем на крај после сите маки и болки да го дадеш на друг и да чуствуваш грижа на совест, и сето тоа поради некој дебил... :helou:
 
vo vakvi situacii spored mene alternativno resenie e posvojuvanje ali vo nikoj slucaj abortus zatoa sto i vakvite situacii spadjat vo ne sakana bremenost
Не би можело така да се размислува, какви ќе бидат тие трауматизирани девет месеци на мајката додека го роди.
 
Ќе им се отвори работа на околните држави, како Србија, Косово, Албанија, Црна Гора, барем за таму не треба визи, а онаа што решила да го направи тоа, ќе абортира и во подрум со некој ветеринар.
 
Не би можело така да се размислува, какви ќе бидат тие трауматизирани девет месеци на мајката додека го роди.

a kakvi ce bidat otkako ce abortira ...ce zaboravi na siluvacot preku noc..druse vo slucajov se raboti za nesakana bremenost
 
Ќе им се отвори работа на околните држави, како Србија, Косово, Албанија, Црна Гора, барем за таму не треба визи, а онаа што решила да го направи тоа, ќе абортира и во подрум со некој ветеринар.
Точно, ниту еден закон не може целосно да отстрани одредена работа. Дрогирањето е забрането со закон ама синоќа дував. Упс :kesa:

Целта на законите е да попречат лесно да извршиш нешто што во општествени рамки е неприфатливо. За останатите има полиција, судии, затвори, ово-оно...
 
a kakvi ce bidat otkako ce abortira ...ce zaboravi na siluvacot preku noc..druse vo slucajov se raboti za nesakana bremenost

Можеби ако абортира периодот на рехабилитација ќе биде побезболен. А за тоа несакана бременост, замисли малолетничка да биде силувана. Би сакал да верувам дека намерите се чесни околу забрана на абортусот, меѓутоа треба, треба многу озбилно да се предвидат сите можни импликации. Замисли си „инцест“ каква ќе биде таа несакана бременост.
 
Абе, дај боже ваков закон да донесат. Жими очи, не сте свесни сите колку сакам ваков закон да постои. Па после да видам дали тогаш квази-форумски патриоти кои што маваат груда ќе прават по 3-4 деца за македонската кауза :).

Они и ден денеска не праат ама ај, чисто од инает на комшијата муабетов. Кое слепило значи тоа квази-патриотизмот чудо невидено..


Значи со повикување на патриотизам демек повеќе деца да се раѓале...се мава по абортусот и несакани бремености. Ако, ако...нека. Дај боже да го изгласат :)
 
Овој закон нека оди во пар со законско заострување на казните за силувачите.
 
Уште какви не будали ке направат тие ќе го забранеле.:pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom