Република Македонија веќе наполни 18 години, значи полнолетна е, па овие од МКГ, очигледно на неа гледаат како на мома за мажење, па ќе и даваат ново име т.е. презиме.
Па и да го смени презимето што, голема работа, колку 19 годишни и постари моми си го менуваат (през)името, некои од нив и по 2-3 пати (освен оние поеманципираните што си го задржуваат моминското), па се пак тие истите со истиот идентитет.
Може некоја мома од форумов да ми даде мислење за ова мое тврдење.
Ај да не заборавам да кажам дека се шалам, ама сепак милењето на момите по оваа тема, т.е. задржување на сопствениот идентитет е добредојдено.
Па токму тоа е посакувана реакција, голема работа.
Но дволичноста е огромна. Ако го прочиташ мојот пост на првата страна со извадоците, ќе видиш дека тие им оставаат слободен простор на Грците да не негираат етнички и јазично. Впрочем тоа го вметнуваат во нивниот последен документ.
Како... доста ни е од вас серковци едни, сменете име или ќе ја подзагрееме етничката тензија.
А кој ја оддржува таа тензија ако не тие самите.
Да се закануваат со ескалација на Косово, кое е под нивна “контрола“ и нивна армија, делува премногу идиотски во случај кога територија под НАТО&ЕУ капа да биде фактор на нестабилност.
Очигледно, тие самите се агресори.
Треба добро да се премисли како да се одигра, но никако да се прифатат овие услови на игра ниту да се размислува за отстапки.
Грците јасно даваат до знаење што им е намерата, а тоа не подразбира САМО смена на име.
Затоа, фак оф МКГ!