Коинциденции

  • Креатор на темата Креатор на темата CueBaLL
  • Време на започнување Време на започнување

CueBaLL

Schizophrenic
Член од
7 декември 2008
Мислења
1.137
Поени од реакции
34
Коинциденциите се можеби само друго име за некакво забавно поигрување со човечките судбини некаде далеку над облаците. Како поинаку би можела да се објасни лудата правилност на некои феномени како што е автомобилот на Џемс Дин, кој откако му го одзеде животот на славниот актер продолжи да предизвикува уште цела низа несреќи?
2FB45C82C6D53F4EACAC0B3B5134058B.jpg
Проклетството на автомобилот на Џемс Дин
Откако овој автомобил бунтовникот без причина го чинел живот, кобното "порше" продолжило да сее несреќи. Кога бил однесен од местото на несреќата во автомеханичарска работилница, од него одеднаш испаднал моторот и му ги смачкал нозете на механичарот. Не многу долго потоа, автомобилот бил продаден на еден лекар, кој го преправил во тркачки автомобил и во него набрзо загинал. Работилницата која го зела на повторна поправка, изгорела во пожар. Автомобилот потоа бил изложен во Сакраменто, но паднал од стативот и му скршил колк на еден тинејџер. Конечно во 1959 година автомобилот се распаднал на 11 дела додека мирно стоел на челични држачи.

Бебе кое паѓа
Човекот со име Џозеф Фиглок имал неверојатна можност во два наврата во иста година да го спаси истото бебе кое паднало од истиот прозорец од зградата под која поминувал.
Куршумот го убил со неколку години задоцнување
Поука: не и раскинувај на девојката, инаку може да платиш со живот. Хенри Зигленд помислил дека се спасил кога братот на суицидалната девојка пукал во него. Бидејќи помислил дека го убил, братот на девојката си пукал во слепоочницата, но Хенри бил само полесно ранет, а куршумот завршил во стеблото на едно дрво. Неколку години подоцна Зигленд одлучил да го исече старото дрво, па наместо пила искористил динамит. Експлозијата му го лансирала стариот куршум во челото и го усмртила.
21F1A6507FCCC345BE13C997D702060C.jpg
Близнаци
Дека еднојајчаните близнаци имаат слична емоционалност и однесување веќе е познато, но овој случај оди неколку чекори подалеку. Раздвоени по раѓањето, близнаците од Охајо биле одгледани во потолно различни семејства кои без да се познаваат меѓусебно ги нарекле и двајцата Џејмс. И едниот и другиот Џејмс се запишале во училиште за полицајци и покажувале исклучителен талент за цртање и дрводелство и двајцата се ожениле со жени по име Линда. И двајцата имале синови кој ги нарекле Џејмс Алан. Потоа и двајцата се развеле и повторно се прежениле овојпат со жени по име Бети. Секој од нив имал куче кое повторно го нарекле идентично - Тој. Сето ова се случило пред тие воопшто и да се запознаат на 40-годишна возраст.
Крвавата новела станува стварност
Познатиот писател на хорор романи Едгар Алан По ја напишал приказната под името 'Приказна за Артур Гордон Пим'. Во неа четворица бродоломци кои се спасуваат во чамец по неколку дена го убиваат едниот од нив, момчето Ричард Паркер кое работело на палубата и го јадат. Неколку години по објавување на крволочната новела се случува вистински бродолом од кој со чамец успеваат да се спасат четворица бродоломци. Црната хроника забележала дека тројцата го убиле четвртиот поради храна. Тоа било момчето од палубата и се викало Ричард Паркер.
Калуѓер спасува сериски самоубиец
Релативно познатиот австриски сликар на портрети Јозеф Аигнер од 19 век во повеќе наврати се обидел да си ги скрати маките и да си го одземе животот. Кога имал 18 години сакал да се обеси, но во тоа го спречил познатиот фратар капуцин. На 22 години повторно си става јаже околу вратот но повторно го спасува истиот фратар! Осум години подоцна бил осуден на смрт поради илегални политички активности и на бесилката се случува истото - истиот капуцин повторно му го спасува животот. Конечно на 68 години успева да си испука куршум во главата. Погребот го водел, погодете кој? Истиот капуцин, чие име Аигнер никогаш не го дознал.
CDCF4550CE1E2A4686BEAB93D56FC270.jpg
Покерашко наследство
Откако во 1858 година покерашите собрани на маса откриле дека нивниот соиграч Роберт Фалон, кој во банка имал 600 долари всушност ги мами, не им преостанало ништо друго туку да го ликвидираат. На испразнетото место поради страв никој не се осудил да седне. Набрзо бил пронајден нов играч, кој ја презел банката од 600 долари и ја зголемил сумата на 2.200. Кога полицијата дошла да го истражи убиството било утврдено дека новиот играч всушност бил син на убиениот измамник кој својот татко не го видел цели 7 години.
Шпиони и новели
Во моментот кога ја започнал работата на романот 'Barbary Shore', Норман Маилер не ни помислувал да го воведе ликот на рускиот шпион. Но како што напредувал во пишувањето, се појавила потребата од овој лик, најпрво како спореден, а потоа и како главен лик. По завршување на романот американската имиграциска канцеларија открила дека на катот над Маилер живеел високо позициониран руски шпион под лажно име Рудолф Абел.
Марк Твен и Халеевата комета
Ова е стара приказна, но сеедно, вреди да се спомене: писателот Марк Твен е роден на 1835 година, точно на денот кога Халеевата комета се појавила на небото и починал токму за време на нејзиното повторно појавување во 1910. година. Една година пред ова, сведоците велат дека тој изјавил: Дојдов со Халеевата комета и очекувам со неа и да си заминам".
 
Spored mene Kouncidencii nema.... tie vsushnost se sluchuvaat so prichina.... sigurno ima prichina zoshto nekoj e tamu a ne vamu ili pak zoshto nekoj umrel, na nekogo ova mu fali i tn... Se e toa so prichina koja dali kje ja doznaeme ostanuva na nas...
 
:oftopic: колку само добри филмови може да се направат од овие интересни приказни...:icon_cool
 
Spored mene Kouncidencii nema.... tie vsushnost se sluchuvaat so prichina.... sigurno ima prichina zoshto nekoj e tamu a ne vamu ili pak zoshto nekoj umrel, na nekogo ova mu fali i tn... Se e toa so prichina koja dali kje ja doznaeme ostanuva na nas...

а всушност знајш ти шо е коинциденција???и нормално дека има причина...секое нешто што е направено донесено,однесено и тн. не е без причина а таа причината е случајноста т.е коинциденцијата...
 
јас верувам дека нисто не се случува без причина. сите си ја толкуваме на различни начини, ама факт е дека причината постои.
 
mene mnogu pati mi se slucuvalo odredena licnost da e spomesam so nekoj nepoznat a potoa za nekolku sekundi 10/15 da se sretnam so istata. cudno ama vistinito
 
Необични коинциденции во светот

Куршумот го убил со неколку години задоцнување
Поука: не и раскинувај на девојката, инаку може да платиш со живот. Хенри Зигленд помислил дека се спасил кога братот на суицидалната девојка пукал во него. Бидејќи помислил дека го убил, братот на девојката си пукал во слепоочницата, но Хенри бил само полесно ранет, а куршумот завршил во стеблото на едно дрво. Неколку години подоцна Зигленд одлучил да го исече старото дрво, па наместо пила искористил динамит. Експлозијата му го лансирала стариот куршум во челото и го усмртила.


Бебе кое паѓа
Човекот со име Џозеф Фиглок имал неверојатна можност во два наврата во иста година да го спаси истото бебе кое паднало од истиот прозорец од зградата под која поминувал.

Проклетството на автомобилот на Џемс Дин
Откако овој автомобил бунтовникот без причина го чинел живот, кобното "порше" продолжило да сее несреќи. Кога бил однесен од местото на несреќата во автомеханичарска работилница, од него одеднаш испаднал моторот и му ги смачкал нозете на механичарот. Не многу долго потоа, автомобилот бил продаден на еден лекар, кој го преправил во тркачки автомобил и во него набрзо загинал. Работилницата која го зела на повторна поправка, изгорела во пожар. Автомобилот потоа бил изложен во Сакраменто, но паднал од стативот и му скршил колк на еден тинејџер. Конечно во 1959 година автомобилот се распаднал на 11 дела додека мирно стоел на челични држачи.

Близнаци
Дека еднојајчаните близнаци имаат слична емоционалност и однесување веќе е познато, но овој случај оди неколку чекори подалеку. Раздвоени по раѓањето, близнаците од Охајо биле одгледани во потолно различни семејства кои без да се познаваат меѓусебно ги нарекле и двајцата Џејмс. И едниот и другиот Џејмс се запишале во училиште за полицајци и покажувале исклучителен талент за цртање и дрводелство и двајцата се ожениле со жени по име Линда. И двајцата имале синови кој ги нарекле Џејмс Алан. Потоа и двајцата се развеле и повторно се прежениле овојпат со жени по име Бети. Секој од нив имал куче кое повторно го нарекле идентично - Тој. Сето ова се случило пред тие воопшто и да се запознаат на 40-годишна возраст.

Покерашко наследство
Откако во 1858 година покерашите собрани на маса откриле дека нивниот соиграч Роберт Фалон, кој во банка имал 600 долари всушност ги мами, не им преостанало ништо друго туку да го ликвидираат. На испразнетото место поради страв никој не се осудил да седне. Набрзо бил пронајден нов играч, кој ја презел банката од 600 долари и ја зголемил сумата на 2.200. Кога полицијата дошла да го истражи убиството било утврдено дека новиот играч всушност бил син на убиениот измамник кој својот татко не го видел цели 7 години.


Ако имате вакви слични коинциденции ама необични постирајте ги баш се интересни
 
Хм,велите коинциденција?!
Не верувам јас во тоа,мислите ли кога одите некаде дека сте тргнале само така или со одредена причина?
Кога нешто треба да ти се случи едноставно нешто те тера да одиш таму кај што ќе биде случката,не знам и јас како да кажам ама има стварно доста нешта кои ми се случиле а не сум имал одговор зошто баш во тој момент сум бил таму,коинциденција или судбина?
 
Ne veruvam deka ima koincidencii.
Se sto se slucuva se slucuva so pricina i nekoja cel koja nie ne mozeme da ja razbereme.(barem pogolemiot del od nas:baeh:)
 
Е ај сеа сите сме паметни и не веруваме во коинциденции...Лично, верувам во судбина - до негде...Знам дека сум плиток и верувам во судбина само кога сакам да оправдам некое дејство, но дефинитивно верувам во слобода на избор.

Коинциденциите не се случуваат туку така. Не се напишани во скролот на судбината каде што целиот живот е сместен во едно парче пергамент. Мразам кога луѓе велат “така било пишано“ иако и самиот сум таков.

Коинциденциите се дел од нашиот живот. Нашата слобода на избор и начин на дејстување не водат до овие “коинциденции“. Моментот на двоумење може да ви го спаси животот, но може и да ве однесе во пропаст. Може и да не се случи ништо особено со вас, но тоа да се покаже кај некоја невина трета/четврта/петта личност.
 
Не верувам со судбина, верувам дека за сеkоја коинциденција има причина. Па и да има 0.00...01% шанса да се случи, таа шанса сеуште постои и не може да се игнорира. Секоја коинциденција може да се објасни со наука. :)
Коинциденциите се дел од нашиот живот. Нашата слобода на избор и начин на дејстување не водат до овие “коинциденции“. Моментот на двоумење може да ви го спаси животот, но може и да ве однесе во пропаст. Може и да не се случи ништо особено со вас, но тоа да се покаже кај некоја невина трета/четврта/петта личност.
Теорија на хаос. ;)
 
Сеа коинцинденции... Имам слушано мнооооогу собраќајки во Охрид кај св. Еразмо под црквата на патот... Изгледа то е се поради што долината надолу до езерото му припаѓа него... Имаше еден камионџија изјава во весник рече почна да ме врти како со рака и на хаубата видов старец со долга брада баш на то место... Шо знам има нешто тука
 
Од пишаното не се бега!

Италијанка која задоцнила на летот на „Ербасот“ на „Ер Франс“ кој се урна во Атлантскиот Океан вчера загина во сообраќајна несреќа, објави денеска „Алто адиџе“...

Весникот наведува дека италијанските сопружници, по потекло од Германија, Јохана и Курт Ганталер на 31 мај неколку минути на задоцниле летот Рио де Жаниеро - Париз, па неколку дена по трагедијата слетале во Минхен.

Брачниот пар одлучил од Минхен за Мерано, каде живееле, да патуваат со автомобил, но во близина на италијанскиот град Бренеро возилото се судрило со камион. Јохана загинала на лице место, додека нејзиниот сопруг е во тешка здравствена состојба.
Извор!!!

Што мислите вие дали тие луѓе се проколнати?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom