Amnaesiac
Paranoid Android
- Член од
- 9 декември 2008
- Мислења
- 1.818
- Поени од реакции
- 43
Таа портпаролката немој ама баш ич да ја слушаш...таа има заборавено кој и ја даде првата висока функција во тогашен ЕСМ дистрибуција-Скопје..класичен пример за сончоглед
портпаролството како професија значи: верувај во она што го зборуваш, а не, зборувај го она што го веруваш.
значи се работи за професионалец, кој си ги извршува работните задачи, за што е платен. утре може да се деси истата таа да биде портпарол на некое министерство и да зборува нешто сосема друго, за што ќе биде пак платена.
еве ви едноставен пример, боцевски додека беше шеф на кабинетот на вицепремиерот во сдсм-овската влада на бучко зборуваше едно (иако тогаш не се експонираше многу), подоцна кога стана портпарол на вмро-вската влада на грујо, зборуваше нешто сосема друго, па бидејќи човекот убаво си ги извршуваше работните задачи, беше унапреден од шеф на кабинет на сдсм-овски вицепремиер во вмро-вски вицепремиер. не џабе некои го викаат двоцевски, што се римува со неговото презиме.
од тие причини, никогаш не би ја одбрал таа професија, иако во западните напредни земји е многу просперитетна и одлично платена, како и целата ПР индустрија и спин-медицина.
а зинат, ако не првиот, вториот збор им е лага, или во најдобар случај, криење на информации,
значи портпаролите по дифолт се сончогледи, тоа им е професионална деформација, т.е. професионален критериум