МАНИПУЛАЦИЈА СО КОРИСНИЦИТЕ ИЛИ ПРЕМОЛЧЕНА ВИСТИНА НА МОБИЛНИТЕ ОПЕРАТОРИ????????
СМС-пораките на кирилица двојно поскапи
Мобилните оператори во своите понуди до корисниците премолчија дека една порака од 160 кирилски знаци се наплаќа колку за две пораки напишани на латиница
И покрај нелогичните состојби на сметките, телефонските оператори немаат алиби
Не треба да се верува кога телефонските оператори од нашите мобилни компании велат дека една СМС-порака од 160 знаци напишана на кирилица се наплаќа исто како и пораката напишана на латиница. Не е така. Таа се наплаќа двојно поскапо. Трите мобилни оператори кај нас „Т-мобиле“, „Вип“ и „Космофон“ во своите понуди гордо истакнуват дека преку мобилните телефони што ги нудат кај нас може да се пишува и на македонски јазик со кирилско писмо. Сепак, премолчија дека СМС-пораката напишана со 160 македонски печатни букви се наплаќа како за две, а понекогаш и како за три пораки напишани на латиница. Кратките пораки со кирилски знаци се дигитално подолги од оние со латински букви и зафаќаат простор колку за две „обични“ пораки, е нивниот изговор. Иста е цената само за зборување на македонски јазик со кој било друг јазик преку мобилни телефони. На интернет-страниците на компаниите нема објаснувања дека максималната должина на една кирилска порака е околу 70 знаци, а не 160 колку што е порака напишана на латиница.
10 денари Наместо 5, за порака
Корисници негодуваат, но засега никој не им објаснил зошто пораките на кирилско писмо се најмалку двојно поскапи.
- Кога праќам СМС пишувам во должина од една порака, односно 160 знаци. Штом се појави опцијата за пишување на кирилица, со задоволство ја прифатив и речиси секоја порака ја испраќав на својот мајчин јазик. Си го почитувам сопствениот јазик и не сакам присилено да пишувам на латиница, особено кога има таква опција. Се изненадив кога дознав дека пораките напишани на македонски јазик со наши кирилски букви се наплаќале поскапо. Тоа не го спомнуваат никаде во понудата на телефоните со таква опција - вели Владимир Мирчевски, економист.
Во извештајот за состојбата на една припејд-сметка што пристигнува на телефонот, веднаш се забележува дека таа се менува од порака до порака. Ако една текстуална порака напишана на латиница е 5 денари, тогаш за истата таква порака, напишана на кирилица од сметката се одземаат 10 денари, а некогаш и повеќе.И покрај нелогичните состојби на сметките, телефонските оператори во компаниите немаат алиби.Операторка од „Т-мобиле“ ни „објасни“ дека една кирилска буква е со иста должина како латинска буква и дека поради тоа пораките, без оглед дали се на кирилица или на латиница, би требало да се со иста должина.
Операторите признаваат
Спротивно од таквото незнаење на вработени во продажбените салони, од мобилните компании сепак официјално потврдија дека СМС-порака од 160 знаци, напишана на кирилица зафаќа простор колку за две пораки. Според нивни објаснувања во дигиталната текстуална комуникација буквите од кирилско писмо се подолги од буквите од латинското писмо. Така било регулирано според меѓународниот систем од дигитални знаци ASCII.
- За да се пренесе кирилицата преку СМС потребни се повеќе бинарни места за претставување на една буква, отколку нормалната латинска претстава. Тоа е дадено во меѓународните стандарди, ASCII. Должината на кирилската порака во СМС-системот е подолга од бројот на пишани карактери во кирилица. СМС-пораките напишани на кирилица поинаку се пакуваат, па при конверзија зафаќаат повеќе латински карактери, односно може да се случи една СМС-порака на кирилица да зафати простор колку за две СМС-пораки на латиница - потврдија од „Вип“.Од „Т-мобиле“ објаснија дека тој проблем го имаат јазици што не го користат латинското писмо.
- Пораки што содржат 160 карактери од латинско писмо заземаат еден бајт меморија. Сите други карактери, надвор од латинското писмо заземаат помеѓу два и три бајта меморија. Порака напишана со латински карактери може да содржи максимум 160 знаци, а сите останати комбинации се движат во скала помеѓу 80 и 140 знаци. Овде станува збор за сите таканаречени нон-латин карактери како што се арапската, кинеската, корејската, јапонската, а секако и кирилската поддршка. Тоа е меѓународен усвоен стандард на кодирање на карактерите - рекоа од „Т-мобиле“. Слично објаснување дадоа и од „Космофон“ од каде што истакнаа дека една порака напишана на кирилица собира 70 кирилски знаци, а не 160.
- Се работи за технолошко ограничување резултат на развојот на ГСМ-системот во западноевропските земји во кои се користи латиницата. Ограничувањето се случува во самиот телефонски апарат, а не кај операторот. Во системот ГСМ за кратки пораки „недостигаат“ многу букви за да се покријат сите јазици. Така, 70 кирилски знаци се еднакви на 160 латински - рекоа од „Космофон“.
Сепак, без оглед на оправдувањата од операторите, на нивните интернет-страници се' уште нема објаснувања со кои ќе се предупреди дека пишувањето на македонски јазик со кирилско писмо е поскапо од досегашното праќање пораки на латиница. Таму се' уште стои дека една порака е долга 160 знаци.
Дигиталниот јазик не бил погоден за кирилицата
ASCII код е кратенка од American Standard Code for Information Interchange (Американски стандарден код за размена на информации) кој се користи во дигиталниот пренос на информации. Го сочинуваат кобинации од дигитални „единици“ и „нули“ кои се користат како јазик за пренос на податоци во дигиталната технологија. Секоја комбинација означува и одредена буква од латинското писмо. Буквите од кирилското писмо се добиваат со дополнителни комбинации од „единици“ и „нули“, па меморискиот простор што една кирилска буква го зафаќа е поголем.
Тоше Огњанов
СТАВ
Додека пишувам кирилица - плаќам
Да пишуваш кирилица на мобилен телефон значи да плаќаш двојно и повеќе од останатите во светот. Во сопствен интерес, а на голема штета на корисниците на мобилните телефони, операторите премолчуваат дека пишувањето на кирилско писмо преку нивната мрежа чини двојно повеќе од пораката испратена на латиница. Се разбира, затоа пак никогаш не забораваат да напоменат дека преку мобилните телефони што ги нудат може да се пишува и на македонски јазик со кирилско писмо.Операторите си имаат алиби: голем простор зафаќале кирилските букви, исто толку голем колку и добивката од неа. Големи се и лагите на операторите за нивните услуги, за што тие би рекле дека е премолчана вистина. Од огромните профити што ги заработуваат во земјата во која се пишува на кирилско писмо, најмалку што можеа да направат во Годината на македонскиот јазик е тоа барем да добие третман како останатите во светот. Парадоксот да биде поголем, еден од мобилните оператори дури и поддржуваше кампања со наслов: „Додека пишувам кирилица постојам“.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F47C09CCDF991E4E8F519ACF16A953AE