maca_kaka'
тiƒosi јаossoηeјаo
- Член од
- 6 октомври 2007
- Мислења
- 3.515
- Поени од реакции
- 640
- Возраст
- 33
Секој родител го сака најдоброто за своите деца. Нивното влијание е големо врз децата, а некогаш знаат несвесно или свесно да направат грешки.
Кај децата многу често можат од најмалите години да се забележат некои таленти дали спортски, дали огромна заинтересираност за уметност и талент или талент за музика и слично.
Во тие ситуации родителите треба да ги подржат децата и тие комлетно да можат да го искажат својот талент, она за кое се надарени.
Но дали секогаш децата добиваат подршка од родителите?
Сме биле сведок или познаваме сигурно сите некои вакви ситуации.
Гледав емисија каде детето сакаше да биде фудбалер и активно да тренира а неговите родители дозволуваа само хоби да му е фудбалот а негова преокупација требало да е книгата. Воедно изјавија дека фудбалерите имаат криви нозе зашто нивниот син да е таков. Мислам дали е тоа нормална изјава на еден родител?
Или едно дете изјави дека животна желба му е да биде балетан, но нема воопшто подршка од родителите. Според нив балетот може да е професија само на лица од женски пол.
Или не дозволуваат детето да стане сликар, зашто од тоа не се заработува доволно, може да учи и да биде доктор, информатичар, економист, правник ... Па зар подобро е детето да учи нешто за што е незаинтересирано, отколку да го работи она за што има талент и за кој ќе се труди да успее и да биде најуспешен.
Многу често родителите влијаат на спортските таленти. Може спортот да биде хоби, а детето да учи наука. Но не може да се биде комплетно успешен на две полиња. И така многу спортски таленти паѓаат во вода.
Па колку треба родителите да имаат влијание на овие млади таленти?
Дали родителите треба да влијаат на тие децата и дали е нормално да им забрануваат да се занимаваат со она за што се надарени?