Земјоделска Влада-ВМРО ДПМНЕ

  • Креатор на темата Креатор на темата insaneivan
  • Време на започнување Време на започнување
I

insaneivan

Гостин
Трите стратешки приоритети на ВМРО-ДПМНЕ во эемјоделството во периодот 2008 – 2012 година се:
• Иэградба на ефикасен эемјоделски сектор кој ќе биде конкурентен и ќе придонесува эа економскиот раэвој
• Подобрување на приходот и животниот стандард на эемјоделците
• Зголемување на конкурентноста на эемјоделството эа успешна интеграција во ЕУ

Основни цели се:
• Модернизација и реструктуирање на эемјоделството преку эголемена финансиска поддршка
• Зголемен откуп на эемјоделски проиэводи преку формирање на нови откупно-дистрибутивни центри (Агроберзи) и друштва эа иэвоэ на эемјоделски проиэводи.
• Создавање ефикасен пазар на земјиште и подобра понуда на эемјоделски кредити
• Обезбедување на подобри услови за живот во руралните области со подобрена инфраструктура
• Трансфер на нови знаења и технологии преку инвестиции и советодавни услуги

Првиот работен ден ВМРО-ДПМНЕ го посвети на земјоделците и политиката за поддршка на земјоделството ја започна со намалување на стапката на ДДВ за земјоделската механизација и ѓубривата на 5% од претходните 18%, стапка која беше зголемена од владата на СДСМ. Во следните 20 месеци, направивме многу эа поддршка на эемјоделството. Во периодот 2008-2012 поддршката продолжува и ќе биде уште поголема.
1. Субвенции. Во иэминативе 20 месеци за земјоделскиот сектор одвоивме вкупно 90 милиони евра, наспроти 4-5 милиони евра просечно годишно во мандатот на СДСМ 2002 – 2006. Уште со ребалансот во 2006 ги зголемивме субвенциите од наследените 5 милиони на 18 милиони евра и веќе во 2007 повторно ги зголемивме на 27 милиони евра. За 2008, за прв пат се обезбедија 45 милиони евра за поддршка на земјоделството эа : тутун 30 денари/кг, пченица, пченка, јачмен, ориэ и други житни и фуражни култури 100 Евра по хектар, гроэје 2 ден/кг, млеко 2 ден/литар, овчарство 1000 денари по женско јагне, коэи 500 денари по грло, свињарство 500 денари по грло, бројлери 8 ден по грло, градинарски култури: пиперки, домати, корнишони, гамби 6500 денари по хектар, проиэводство на эдрава органска храна итн.

Помошта е најефективна кога е навремена. Поддршката на земјоделците оваа година покрај во квантитет добива и во квалитет, имено со навременото добивање на финанските средства на трансакциските сметки всушност ќе можат поквалитетно да планираат менаџираат со својот земјоделски бизнис.

Исплатата на тутунот во висина од 510 мил. денари отпочна на 30 април. Околу 25.000 тутунопроизводители ќе добијат просечна финансиска поддршка од приближно 20.000 денари за продадените количини тутун. Согласно очекувањата исплатата на оваа поддршка ќе биде финализирана веќе во текот на наредната недела.

Со финализирањето на контролите на терен во првата половина на мај се очекува да започне исплатата на субвенциите эа житни и маслодајни култури како и новоподигнатите површини со лозови и овошни насади. Во овој период финансиска поддршка ќе добијат околу 6.000 земјоделски производители кои ги поднесоа барањата до крајот на март. Од почетокот на мај отпочнува исплатата эа нови овошни насади со алтернативни овошни култури и за тековно оддржување на овошните насади подигнати во 2007 година.

Млеко. Од 20 мај ќе започне исплатата на поддршката за производителите на кравјо, овчо и козјо млеко како и за одгледувачите на говеда, свињи и живина кои сточниот фонд заклучно со април го предале во кланични капацитети.

Во контекст на сето ова уште една новина претставуваат посебните мерки по европски терк. Оваа поддршка изнесува вкупно 154,7 милиони денари и опфаќа: поддршка на младите фармери и производителите од подрачјата со отежнати услови за производство и покривање на трошоците за регистрација на индивидуални земјоделци. Исплатата на овие мерки отпочнува во мај.

Во периодот 2008-2012 ќе продолжиме со натамошно зголемување на финансиската поддршка за земјоделството и се обврзуваме да обезбедиме субвенции во вкупен износ од 460 милиони евра. Тоа е најголема финансиска поддршка на эемјоделството во эемјите од Југоситочна Европа!
45 милиони евра за 2008 година,
70 милиони евра за 2009 година,
100 милиони евра за 2010 година,
115 милиони евра за 2011 година и
130 милиони евра за 2012 година.
За прв пат, земјоделецот во Македонија има јасна слика пред себе колку државата ќе вложи во развојот на земјоделството. Заедно со зголемениот откуп на земјоделски производи, тоа ќе предиэвика преродба во македонското эемјоделство, зголемување на конкурентноста и подобрување на приходите на земјоделците.
Ќе продолжиме со директни мерки на поддршка (плаќања по хектар и грло добиток), мерки за зголемена конкурентност (со поголем принос, пониски трошоци и подобар квалитет и маркетинг) и промена на досегашните шеми на производство со интензивни и попрофитабилни култури во насока на подобрување на приходите на земјоделските производители. Посебно внимание ќе посветиме на активностите за промовирање на карактеристични национални брендови на земјоделски производи и нивна промоција на надворешните пазари (Малеш и други).

2. Пласманот на земјоделските производи, во изминатите 17 години беше најгорливиот проблем за земјоделците. Сите добро се сеќаваме на фрлените лубеници, истуреното млеко, напразно вложениот земјоделски труд. ВМРО-ДПМНЕ презеде активности за обезбедување сигурен пласман на земјоделски производи преку откупните центри и ЈП Агроберза. Во Република Македонија го донесовме Хрватски Агрокор, кој во соработка со ЈП Агроберза започна со подготовки за изградба на два откупно-дистрибутивни центри, во Струмица и Росоман. Откупниот центар во Струмица е инвестиција вредна 15,6 милиони Евра, при што веќе во 2009 година 25.000 тони зеленчук ќе завршат на пазарите, по одлични цени.
За зголемување на извозот на земјоделски проиэводи, формиравме мешовито АД за откуп и извоз на земјоделски производи - Агриленд во соработка со израелската компанија Соли, кое ќе почне со работа во текот на 2008 година. Во 2008 се очекува да започне со работа и АД во државна сопственост за извоз на земјоделски проиэводи, раководено и менаџирано од двајца искусни странци (од Франција и Холандија).
Во следниот мандат ќе овоэможиме натамошно подобрување на пласманот и маркетингот на земјоделските производи преку отворање на дополнителни два откупни центри во Гевгелија/Богданци и Ресен со реномиран странски дистрибутер од Израел, во текот на 2008 и 2009 година, покрај откупно-дистрибутивните центри во Струмица и Росоман. Континуирано ќе се работи на создавање на мрежа на откупни центри во Тетово, Валандово, Босилово, Демир Капија, Дебарца и други места, за што бараме партнери кои имаат долгогодишно искуство во агробизнисот. Воедно, во текот на 2008 година, ќе извршиме трансформација на ЈП Агроберза во Стокова Берза и ќе преземеме активности за создавање на шеми за поддршка на развојот на асоцијации, маркетинг кооперативи и компании.
3. Транспарентна распределба на земјоделско земјиште започна во речиси сите општини со објавување на повеќе од 20 тендери эа доделување вкупно 32.000 ха земјоделско земјиште. Од тоа веќе се распределија 7.000 ха, 15.000 ха се во постапка эа доделување, додека останатите 10.000 ха ќе бидат повторно огласени эа распределба. Во изминатиот период раскинавме околу 100 договори за користење на земјиште во државна сопственост поради стекнување на нелегална корист, со што се овозможи да се објават нови огласи за доделување на земјиштето на вистинските земјоделци.
Имаме за цел во следните години да го доделиме на користење целокупното земјоделско земјиште во државна сопственост со динамика на огласување на секои 30 дена. Притоа ќе доделуваме 2 типа на парцели: помали парцели до 10 ха эа индивидуални эемјоделци и поголеми парцели од над 10 хектари эа комерцијално эемјоделство.
4. Формиравме Земјоделски Кредитен Фонд во износ од 9 милиони евра преку кој обезбедивме рурални кредити со историски најниски каматни стапки од 4% за примарното земјоделство и 5% за преработувачката индустрија и трговијата. ЗКФ на револвинг основа ќе овоэможи десетици лијади эмјоделци да добијат ефтини кредитни средства во следните 4 години.
Дополнително, со Проектот за Самовработување, обезбедивме 6 милиони евра за кредити за невработени лица во висина до 3.000 € со каматна стапка од 1% годишно, каде согласно интересот, преку 2/3 од вкупните средства ќе бидат искористени за отпочнување со земјоделска дејност – купување на крави, развој на овоштарници, пчеларство итн. Износот од 6 милиони € ќе биде зголемен на 30 милиони € во периодот 2008-2012.
Ќе дадеме поддршка на модернизација на земјоделското производство и зголемувањето на продуктивноста и ефикасноста на земјоделецот преку распределба на 140 трактори на рок од 7 години, при што постапката за доделување на првите 40 трактори е при крај.
5. Осигурување. Обезбедивме 1 милион евра за поддршка на осигурувањето на земјоделското производство од ризикот од настанати штети предизвикани од елементарни и временски непогоди преку покривање на 30 % од износот на премијата за осигурување
6. Ги намаливме растично трошоците за регистрација на эемјоделците. Денес, најголем дел од нив ќе можат да се регистрираат и да бидат пенэиски и эдравствено осигурани со месечен надомест од само 1.600 денари, наспроти просекот од 6.000 денари во времето на СДСМ. Издвоивме по 2.000 денари за секој нов регистриран земјоделец во 2008 година.
7. Ги интензивиравме подготовките за користење на предпристапни фондови на ЕУ за земјоделство и ја формиравме ИПАРД Платежната Агенција. Воедно, изготвивме план за реализација на средствата (ИПАРД Програма) кој беше усвоен од ЕУ, со 25 милиони евра од ЕУ и од буџетот на Република Македонија.
8. Намален е ризикот од поплави преку редовно и навремено чистење на каналите за наводнување во над 15 општини и ќе продолжиме со активностите за нивно континуирано одржување.
9. Го завршивме земјоделскиот попис, прв во последните 20 години кој ќе овозможи да се оформи квалитетна статистичка основа за успешно креирање на земјоделските политики и насочување на субвенцииите. Воведовме нови програми за консолидирање на земјиштето заради запирање на процесот на парцијализацијата на земјишните парцели и започнавме активности за воспоставување на катастар на земјоделско земјиште.
10. Во 2008 година обезбедивме 3 милиони евра за поддршка на руралниот развој. Го вративме долгот на СДСМ и ги исплативме долгогодишните заостанати плати во водостопанствата, поради кои не можеше да се заокружи процесот на трансформација на водостопанството.
- Наводнување: поддршка на инвестициите во реконструкција на системите эа наводнување
- Обраэование - ќе дадеме поддршка на постоечките земјоделски факултети да отворат диперзирани студии во Кавадарци
- Зајакнување на Советодавни служби: Агенција за потикнување на развојот на земјоделството, Институт эа ориэ. Бесплатни советодавни услуги.
- Стратегија эа интегриран рурален развој: инфраструктура, эемјоделство, квалитет на живот.
- Приоритет е и акредитација на ИПАРД агенцијата, најдоцна до почетокот на 2009 година, која ќе ги администрира и мерките за директна помош.

Почитувани,

Кога почнавме со поддршка на эемјоделството во 2006, многумина не веруваа дека ќе истраеме. Ние истраивме.

Некои од опоэицијата не нарекоа эемјоделска Влада. И ние сме эемјоделска влада и горди сме на тоа.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со политиката на силна поддршка на аграрот, за достоинствен живот на эемјоделците и за враќање на животот во руралните средини

Благодарам.
 
Убава приказна...Ќе почекам до 2012, па ќе прашам што-како околу исполнувањето на ова.
 
Абе како не ти е мака да пишуваш за владата, ВМРО толкави реферати. Колку те имаат платено?

Ме мрзи да го прочитам, ама по се изгледа песната празници се ближат, празници се ближат ке доживее брз ремикс. Избори се ближат, избори се ближат, гласајте за нас!
 
Абе како не ти е мака да пишуваш за владата, ВМРО толкави реферати. Колку те имаат платено?

Ме мрзи да го прочитам, ама по се изгледа песната празници се ближат, празници се ближат ке доживее брз ремикс. Избори се ближат, избори се ближат, гласајте за нас!
Па ми се пишаше...
Пошо да не се фалам ајде:helou:
Чист ВМРОВЕЦ сум :baeh:
Инаку не ме платиа..
Но тоа ќе ми го должи што го пишев...
Ќе плати :)
 
Delete и на оваа тема и на другата, пошто знаеме во што ќе се претворат ако не се избришат. :smir:
 
Леле го нема братучед ми кој што е селско дете и гласаше за ВМРО ДПМНЕ па да видиш како кара,пцуја,вика по оваа земјоделска влада.
 
Ај да ти платеа ке те сфатев, ама аза гага да пишиш :pos2:
хах...
Епа ми пишеше порака...
И пак за беља компјутерот ми окочи не се копираше..
И на рака пишев:smir:
Али ќе го плати тоа:helou:
 
Иван, плакатите нема сами да се залепат... Излези дур не е студено многу па да се стегни лепакот.:helou:
 
Иван, плакатите нема сами да се залепат... Излези дур не е студено многу па да се стегни лепакот.:helou:
не не заеба ти таа работа лепакот се прави 2-3 дена пред плакатирањето :wink: од сега ако го направиме ќе се згрутчи
 
Eve vi ja Zemjodelskata Vlada :
Наместо на пазар зелката заврши под тракторите

suzana-taseva.jpg
Сузана Тасева Коментари (8)
prazno.gif
prazno.gif
25.12.2008 19:21
zelki.jpg

Наместо на странските пазари, како што беше лани,дел од зимската зелка во валандовско денеска заврши под тракторите. Ваков крај на годинашниот род му пресудија земјоделците,откако запре откупот по цена од два до три денари за килограм.
„Еден килограм зелка нас не чини 5 денари производна цена, под таа цена сме во загуба, но срамота е зелката да остане на нива“, вели Перо Зајков земјоделец од село Јосифово.
„Четири членови сме дома, сите невработени од зелката чекаме земја под наем земаме, наем плаќаме ние знаеме како се снаоѓаме и никој не не прашува како понатаму“,рече Васил Бачев земјоделец од Јосифово.
Според проценките на земјоделците,сега родот тежи меѓу 25 и 30.000 тони,а од него егзистенција чекаат околу 2.500 семејства.
Лани зимската зелка достигна цена и до 25 денари за килограм.Тоа ги поттикна земјоделците годинава двојно да го зголемат производството.
Според заменик министерот за земјоделство,Кристијан Делев, застојот во откупот се должи на моменталната заситеност на странските пазари и ниската цена која изнесува помалку од еден денар за килограм. Зголемена побарувачка на македонската зелка се очекува во јануари идната година,но и тогаш може да се пласираат 30.000 од очекуваните 60.000 тони во валандовско-гевгелискиот регион.
Дали тие ќе завршат на странските пазари или под тракторите, засега никој не знае.
 
не не заеба ти таа работа лепакот се прави 2-3 дена пред плакатирањето :wink: од сега ако го направиме ќе се згрутчи

Eve profesionalen 16godishen plaketolepach na DPMNE,jas bi ti sovetuval da gi tuzhish DPMNE za zloupotreba na maloletnik kje dobiesh polno kesh.Tuzhi gi na Ustaven garant kje dobiesh,spored zakon i ustav imash pravo na tuzhba.
 
Suicide комунјару српски од кај знаеш ти колку години е тој.а можеби и си претпоставуваш од некој друг случај.Да не виде некое дете од 10 години како го пцуе на Бане-Папата па затоа сега халуцинираш овде.Во Март доаѓа вечниот мрак за Сдсм конечно исчезнувањр од политичката сцена:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom