Промовиран новиот спот на Милчо Манчевски Macedonia-timeless

Za spot sto trae tolku minuti kolku sto trae mislam, deka go dal max od svoite umetnicki i reziski sposobnosti ...respect za Milco
 
Веб сајтот на комитетот што наводно му доделил прва награда на Милчо уште не кажува ништо за „првата награда“ за спотот „Македонија вечна“.

Продукцијата „Сенки“ (т.е. Милчо) изгледа сака да конкурира за нови 200,000 еура за да прави нов спот за Македонија, па пуштија лага дека спотот „Македонија вечна“ добил прва награда.

Спотот може да добие само прва награда за плагијат (или тужба за плагијат).

На таа лага за наградата за жал се налепија македонските медиуми гладни за „меѓународен успех“ на било што македонско.

Да не е трагично би било ептен комично ...
 
“Македонија - вечна“ најдобар спот


На гала вечер во древниот град Плок, близу Варшава, изминатиов викенд е врачена наградата за најдобар туристички спот за "Македонија - вечна" на Милчо Манчевски, освоена на Меѓународниот фестивал за туристички филмови и спотови. "Македонија - вечна" победи во конкуренција од над 30 кандидати од Европа, Азија и Африка. Во конкуренцијата меѓу другите беа и кампањите на Индија, Црна Гора, Грција и други. Овој фестивал е од големо значење за туристичката промоција на земјите, а организатор е Меѓународниот комитет за туризам.

Наградата на свеченоста во Плок ја прими Елена Станишева, една од продуцентите на спотот.

“Македонија ја доби првата награда за најдобар туристички спот, позиционирајќи се како земја чија богата историја е покана за туристите. Наградите ги додели жирито составено од експерти од Полска, Данска и Австрија, а на церемонијата на врачувањето присуствуваа и над 50 гости од целиот свет. Гала вечерта заврши со вечера и забава во замокот во Плок, кој бил стариот главен град на Полска. Иако трае само 60 секунди, спотот "Македонија - вечна"е резултат на скоро тримесечна макотрпна работа на голема екипа, а по Полска, спотот веќе е поканет на други слични фестивали, меѓу кои и во Португалија, Романија и други. Сето ова покажува дека целната група на спотот е погодена, и очекуваме ефекти во туризмот во иднина“, изјави Елена Станишева.



По повод наградата режисерот Манчевски изјави:
“Ова е веројатно еден мал доказ дека квалитетот понекогаш се вреднува.

Спотот "Македонија - вечна" беше премиерно прикажан во декември минатата година кога предизвика бројни реакции. Се прикажува на Си-Ен-Ен и уште во десетина земји. Сајтот на спотот и бројните Интернет постови ги посетиле над половина милион гледачи.
Пред два месеци еден од најугледните туристички водичи во светот "Брад" пишуваше исклучително пофално за овој спот, подвлекувајќи: "Величествената реклама на Манчевски конечно ја претставува Македонија како рамноправна меѓу многуте одлични реклами за топ туристички дестинации".


http://time.mk/story_8f62cc515b_article_8764a9fad1.html - Сепак било вистина.
 
Ја прочитав веста пред некој ден и ми ја исполни душата со радост.
Уште милион честитки и благодарност до Г-дин Манчевски , целата екипа и инцијаторот/е на оваа идеа.

Македонија Вечна! :oeoeoe:
 

Ова го напишав пред некое време: Продукцијата „Сенки“ (т.е. Милчо) изгледа сака да конкурира за нови 200,000 еура за да прави нов спот за Македонија, па пуштија лага дека спотот „Македонија вечна“ добил прва награда.
А еве што всушност е во позадина на оваа „прекрасна васт“: „На прашањето дали Сенка филм, која го продуцираше овој спот, заедно со режисерот Манчевски ќе работат на следен промотивен спот кои Владата неодамна ги најави, Станишева одговори дека продукцијата поднела апликација.“
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=5DE5E0A2C3E8324FA74F64E73466D5C5
Значи тоа што го претпоставив пред неколку недели било вистина.
Добиле награда на фестивал на кој има категорија награди „плати за да добиеш награда“, и се разбира почнаа да не бомбардираат со прекрасната вест во Македонија. А работата била дека ќе конкурирале за нови пари. На официјалниот сајт на фестивалот сеуште нема ни збор за спотот на Манчевски, а нема ни да има, затоа што таа наградичка е токму од категијата „плати па клати“.

П.С. Дали некој на форумов го има спотот на Манчевски изработен за СДСх за изборите во 2006? Разбрав дека бил толку грозен што дури ни во СДСх не сакале да го пуштат. Ова е вака јавно кажана информација за некои чмаролизи околу Груевски кои мислат дека се најпаметни и дека се’ знаат.
 
Добро, зарем Милчо ќе паѓа на тоа ниво да лаже?

Дека никој нема да го провери?
 
Значи тоа што го претпоставив пред неколку недели било вистина.
Добиле награда на фестивал на кој има категорија награди „плати за да добиеш награда“, и се разбира почнаа да не бомбардираат со прекрасната вест во Македонија. А работата била дека ќе конкурирале за нови пари. На официјалниот сајт на фестивалот сеуште нема ни збор за спотот на Манчевски, а нема ни да има, затоа што таа наградичка е токму од категијата „плати па клати“.

П.С. Дали некој на форумов го има спотот на Манчевски изработен за СДСх за изборите во 2006? Разбрав дека бил толку грозен што дури ни во СДСх не сакале да го пуштат. Ова е вака јавно кажана информација за некои чмаролизи околу Груевски кои мислат дека се најпаметни и дека се’ знаат.

Море се уплашиле од “топузината“ на Крал Марко па си рекле дека мора да доделат некаква награда,и така спотот стана награден спот.:pos2:
 
Не верувам за 200 000 евра Милчо да се глупира на овој начин...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom