Промовиран новиот спот на Милчо Манчевски Macedonia-timeless

Член од
3 март 2008
Мислења
831
Поени од реакции
31
Mene licno spotot ne mi se dopadna, koncepciski e dobro osmislen, no ja gubi sustinata, da se pretstavi Makedonija sevkupno.Nema ni traga od prirodnite ubavini-ekoturizam, koj e eden od pozastapenite vo svetot vo ova vreme na industrijalizacija i moderno opstestvo. Lugjeto sakaat sumi, ezera nedopreni planini.Da ne imase nekoj pejsaz slucajno? NE!
Polovina od spotot bea crkvi,drugata polovina bese ohrid i prespa.Sto e so Bitola,Tetovo, Istocna Makedonija?
Sekvencata so lubenicata babata koja se cereka i devojceto koe se krie zad maskata, nafrlano so semki od lubenica po liceto?... Koja e poentata? Lubenicata nema da ni donese turisti vo Makedonija, zosto nasekade ja ima, dovolno e da odat do najbliskiot supermarket.A bogami ni babite Makedonski(koi gi vidov dva pati vo spotot) , nasekade ima babi , ne samo vo Makedonija.Lugjeto ne odat na odmor da gledaat zgrbaveni siromasni i zbrckani babi...
Sto e so dzamiite? Kade isceznaa? Dali Makedonija saka da privlece turisti i od Juzna Azija, Arapskiot Svet,i Sredniot Istok?So ovoj spot sigurno ne!
Jas kolku sto znam Zapadnjacite ne se mnogu po ortodoksnite crkvi...lugjeto sakaat mir, tisina pejsazi, nedoprena priroda, i antikviteti/arheologija koja ne ekskuzivno e povrzana so religijata.Zosto se se forsira na religijata? Ima lugje ateisti, ima lugje muslimani pa i katolici...zar tolku mislite ke gi zainteresiraat Pravoslavnite crkvi??

Sto e so Antickiot Heroj, i Mile Panika aka Krali Marko vo spotot???Eden kadar od Markovite kuli, i Herakleja ke bea stopati pointeresni,za prosecniot stranec, koj teznee da vidi nesto opiplivo, a ne lugje i heroi mrtvi so stotici godini...

Se na se, promasena rabota....Samo muzikata e dobra....
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Ќе има и други спотови. Не може во еден да се претстави се. Ни Спилберг не го може тоа. Ова е само еден од низата на спотови со кои ќе се претставува Македонија, туризмот, историјата, археолошките наоѓалишта и тн... Ќе има и посебен спот наменет за Охрид. Така да, не „плукајте“ по првото видео. Во останатите спотови ќе биде опфатено се што не е опфатено во овој.
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Ќе има и други спотови. Не може во еден да се претстави се. Ни Спилберг не го може тоа. Ова е само еден од низата на спотови со кои ќе се претставува Македонија, туризмот, историјата, археолошките наоѓалишта и тн... Ќе има и посебен спот наменет за Охрид. Така да, не „плукајте“ по првото видео. Во останатите спотови ќе биде опфатено се што не е опфатено во овој.
Ако е така тогаш ОК....ама ако продолжи и понатаму со хорор секвенци стварно нема да разберам зошто секогаш мора Манчевски да го отсликува црнилото и бедата...

Еве замислете да се изоставени сцените со орото и со белењето пред езерото...дали воопшто ќе помислите ВИЕ самите дека се работи за Македонија...НЕ...едноставно поради тоа што ќе помислите дека се работи за Грузија кога ќе ги видите бабите...ќе помислите дека се работи за некој Татари кога ќе го видите тој со боздоганот...

Па дај ви се молам...не дека треба да се плука...ова видео од уметнички аспект е ремек дело...ама кога станува збор за презентација треба да иамаме на ум дека се работи за КАТАСТРОФА!!!

п.с најдобро ќе дознаеме од странските коментарите на youtube!
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Jas kolku sto znam Zapadnjacite ne se mnogu po ortodoksnite crkvi...lugjeto sakaat mir, tisina pejsazi, nedoprena priroda, i antikviteti/arheologija
Сам си контрадикторен...Сакаш да потенцираш нешто ама си ја убиваш смислата со ова.

Мир, природа и археологија - Плаошник, Св. Јован Бигорски, Канео, Св. Заум...

Башка, провери ли овде што све има?

http://www.macedonia-timeless.com/Links/Tourism.aspx
 
ФлоуБТ

Потпис: Clever Bastard
Член од
17 февруари 2008
Мислења
1.582
Поени од реакции
66
Супер видео, само да најдеа некој со подобар изговор за англиски. Тој на крајот шо збора ептен неубав изговор има.
 
Член од
3 март 2008
Мислења
831
Поени од реакции
31
Сам си контрадикторен...Сакаш да потенцираш нешто ама си ја убиваш смислата со ова.

Мир, природа и археологија - Плаошник, Св. Јован Бигорски, Канео, Св. Заум...
Ne sum voopsto kontradiktoren, sekoj covek ima poinakov vkus, koga se generalizira turizmot moze da se izdvojat nekolku podgrupi turisti.
-Lugje koi ke dojdat vo Makedonija poradi nejzinite nedopreni ubavini, pejsazi, reki ezera planini, da se kacat na magare, da prosetaat po Malesevijata na primer...
-Lugje koi ke se resat da ja posetat zaradi sevkupnoto kulturno nasledstvo,a vo preden plan arheologijata i lokalitetite na ova parce zemja , pod poimot arheologija spagjaat Kokino, Markovi Kuli, Stobi, Herakleja, Isar,Trebenista itn itn.
Tie sto gi navede pogore ne se arheologija tuku religisko kulturno nasledstvo,koe e seuste aktivno(se sto navede pogore pretstavuva aktiven religiski objekt, a ne muzej ili lokalitet)
 
delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Браво за видеоклипот!
 
Од една страна, жал ми е што не можеме да се разбереме, од друга страна, пак драго ми е што не си професионално поврзан со туризмот, инаку ќе беше резил :)

Кога последен пат си бил на Плаошник? :) Знаеш ли што има таму?

Поима немаш каков статус има Канео, ниту пак од кога датира...

Си бил ли некогаш во Св.Јован Бигорски да видиш што уствари има таму? Знаеш дека во манастирот чуваат артефакти постари од 2000 години?

Уствари шо...најде да збори човек што (очигледно) не знае што се има во својата земја...:smir:

Зошто Стоби?? Треба ли римското наследство во Македонија да го покажуваме, или МАКЕДОНСКОТО?!
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Многу моќна работа нема што,ми се допаѓа ритамот кој што е воинствен и јак.
 
Член од
3 март 2008
Мислења
831
Поени од реакции
31
Од една страна, жал ми е што не можеме да се разбереме, од друга страна, пак драго ми е што не си професионално поврзан со туризмот, инаку ќе беше резил :)

Кога последен пат си бил на Плаошник? :) Знаеш ли што има таму?

Поима немаш каков статус има Канео, ниту пак од кога датира...

Си бил ли некогаш во Св.Јован Бигорски да видиш што уствари има таму? Знаеш дека во манастирот чуваат артефакти постари од 2000 години?

Уствари шо...најде да збори човек што (очигледно) не знае што се има во својата земја...:smir:

Зошто Стоби?? Треба ли римското наследство во Македонија да го покажуваме, или МАКЕДОНСКОТО?!
Ti ke mi kazes za Plaosnik ili Kaneo, od Ohrid sum po poteklo batka, znam mnogu dobro sto ima Kaneo pa i Palosnik, kako prvo Kaneo e seuste aktivna Crkva, ne e muzej a ne e ni arheolosko naogjaliste.Plaosnik e VOZOBNOVENA(citaj nova) crkva(ne e muzej), na temelite na postara crkva, od koja se gledaat samo nekolku 4-5 segmenti vneseni vo novogradbata na Crkveniot Objekt(da onie zidovi, i ponekoe parce boja od starite freski zastiteni so staklo) Plaosnik ima mozaici, koi seuste ne se restavrirani pa ni zastiteni, pa zatoa gi drzat pokrieni so pesok, Letoska Anglicanite se iznagledaa pesok namesto mozaici.Taka se privlekuvaat turisti?

Vo atarot na Plaosnik ima RanoHristijanska Bazilika(4-6vek), koja e momentalno unakazena so Edna odvratna metalna konstrukcija koja nalikuva na Kineski Hram..:tapp:

Po tvoja logika ako ne treba da go reklamirame Stobi, bidejki bilo Rimsko, zosto da ja reklamirame Herakleja, koga site natpisi tamu se na StaroGrcki jazik....??????
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Спотот врска нема со реалноста,како и се друго што Манчевски ке режира.
Само старци,народни ношњи и некои прикази од турско
алоооооооооооо
тоа ли е Македонија.
стварно имаме минато и сме библиска земја,али доста тупевме со минатото,кога ќе почнеме да мислиме на иднина,или вечито ќе живееме на грбот на минатото.

Спотот и така сум сигурен дека ќе остане не толку забележан од странците,а и тој што ќе ја постети Македонија,саглам има да се разочара..за жал али тоа е ебаната реалност наша
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.996
Поени од реакции
5.611
Спотот е феноменален.. Секоја чест за Милчо Манчевски...Респект!!!
Се надевам дека ова видео ќе допринесе секој жител на планетава барем да го заинтересира да дознае повеќе за Македонија, а афирмацијата на земјава е од круцијално значење...
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Екстремес, где ти живиш јеботе :)))

Плаошник - Локалитет

Св.Климент Охридски - Возобновена црква на локалитетот Плаошник :)))

Кој поп служи на Канео? :)))

Боби брат, на твое место, ќе застанев на сред кружен во охрид, и како поминуваат младиве така воспитни ќе им давав :)
 
Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Чекам да излезат и другите спотови па ќе видиме дали е опфатено се што треба да се опфати. Овој спот како единка не ги претставува сите убавини и агли на Македонија. Изработката е феноменална, а содржината мора да биде надополнета. Во секој случај браво за иницијативата!

Иначе читав на други места како луѓево скокаат за парите што се дадени за спотов (190 000 еур.) Имајте во предвид дека тоа е со платен рекламен простор на CNN, а не самата изработка.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Спотот е многу добар и му давам 4 ѕвездички од 5 можни.

Губи една ѕвездичка заради 5 работи.

1) Сцената со детето и бабата е ок ама ништо спектакуларно. Мислам дека можело и нешто подобро да се измисли. Една убава мома можеби ќе имаше поголем ефект.

2) Сцената со античкиот е комплетно промашена. Глумецот е толку евидентно глумец како од театар така да тотално се губи поентата.

3) Сцената со Крали Марко е исто промашена, да не речам смешна. Толку да не можело да се додаде реализам ака веќе се оди на таква сцена.

4) Реченицата на крај. Јас имам подобар изговор на англиски. Ако веќе одиш кон англиско говорно подрачје се зема нејтив спикер. Штета!

5) Музиката е малку промашена.

Да сублимирам. Одличен спот кој за малку ќе беше ремек дело. Сепак малку ми е криво пошто малку фалело и не ми е јасно како не ги виделе овие работи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom