Метју Нимиц

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.565
Двете страни ви се драги,се обидувате да помогнете затечени во ситуацијата,преземате улога на посредник,како ви оди?
Гледате од страна,сметајќи дека тоа не е ваша работа,да влегувате во средина?
Влегувате длабоко во улогата,верувајќи дека ќе им ги отворите очите за подобро да се видат?
Можеби имате интерес кај едната страна,па силно ракоплескате во темнината, на исходот од врската?
Медијатор со вистинска заложба или гостин на погреб?

Кога проблемот е на свој грб,не размислуваме со ладна глава,но кога му се случува на друг веднаш го гледаме решението.
 
Ако едната страна ми е блиска, не можам да седам и само да гледам, доколку гледам како другата ја гледа, а оваа игнорира. Често пати сум се нашла во ситуација да "отварам очи", но никогаш со лоша намера. Тоа се трудам да го истакнам, за да не бидам лошо сфатена и не сум била. Исходот бил и ваков и таков, но иако знам да си префрлам, реално не си земам заслуги и не се обвинувам. Јас можам да напињам, но не можам да го направам потегот за ниту една од засегнатите страни. Секој сам си ја презема одговорноста за своите дела.
За да нема недоразбирања или пу пу пу расправии, најдобро е секој да си стои на страна и да не се меша во ништо, освен кога се работи за личности со кои сме ептен блиски и со кои може да си дозволиме да си "солиме памети", кога мислиме дека треба.
 
Двете страни ви се драги,се обидувате да помогнете затечени во ситуацијата,преземате улога на посредник,како ви оди?
Гледате од страна,сметајќи дека тоа не е ваша работа,да влегувате во средина?
Влегувате длабоко во улогата,верувајќи дека ќе им ги отворите очите за подобро да се видат?

Улога на медијатор имам превземено еднаш - во ситуација кога се работеше за мајка ми и татко ми. И да, имав и личен интерес. И да, ковав стратегии и планови, се окозив и го јадев подебелиот крај, ама вредеше.

На другите луѓе не им се мешам во животот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom