Ова е главната причина повеќе да не постои средно медицинско училиште во Македонија. Како можеш да учиш такво слабо школо, а после да идеш вонредно за медицинска сестра и да работиш како медицинар само поради тоа што имаш пари во џебот?! Ама не си ти крив, бидејќи не си ни единствен. Јас познавам многу случаеви, односно луѓе што завршиле на пример угостителско и потоа положиле за медицина вонредно и се запишале како медицинари. Тоа е многу лошо за македонското здравство. Како првин, тебе ти треба повеќе време за да ги сфатиш медицинските работи онака како што треба, теоријата во медицината не се учи за пет месеца како кај вонредното учење. Тоа е исто на пример, ти да учиш за доктор 6 години, а некој без претходно знаење за медицината, да заврши за доктор за една година.
Не е воопшто нелогично. Да прецизирам уште еднаш дека вонредно завршуваат деца кои што не се способни да завршат средно медицинско како редовни ученици и истовремено, кои што мама и тато имаат роднински, пријателски врски во некоја болница за да можат да ги бутнат своите деца (па макар да учеле и во АСУЦ) и истите да имаат колку-толку плата, скоро иста колку оние кои 4 години ја тупеле главата за анатомија, невропсихијатрија, физиологија, хирургија и разни други глупости, за кои што некои претрпеле многу трауми поради обемното учење во медицинското, конкретно за СМУГС Др. Панче Караѓозов.
И зошто стварно постои средно медицинско училиште во кое тупиш глава како ненормален 4 години, кога можеш да завршиш за 5 месеца?? Колку што знам, во ниедна земја во Европа нема средно медицинско. На пример, за медицинска сестра се завршуваат курсеви, или пак се иде на виша медицинска школа, каква што има сега на медицинскиот факултет.
Мислам дека средните медицински училишта во Македонија одамна немаше да постојат, да имавме квалитетно образование и квалитетно здравство. Средното медицинско постои само заради албанците и оние кои чии што деца врска си немаат од медицина, па сакаат по секоја цена да ги бутнат по болниците преку некоја врска.
едит: AgOrA , не ти мислам ништо лошо, работата е во тоа што мразам неправди и сакам да ги кажам работите онакви какви што навистина се...