Сите историски извори тврдат дека Бугарите и Антите (бугарските словени), а особено Бугарите и Македонците биле непријатели. Во егејска Македонија, во градот Филипи, пронајден е запис на туркобугарскиот хан Пресијан од 837 г. кој гласи: „Пресијан од Бога владетел на многу болгари, го испрати кавханот Исбул после давањето на војска нему и на боилот Коловур ПРОТИВ СМОЛЈАНИТЕ (Державин, Н.С. Историја на Б'лгарија. Том І, с. 213, цитат по Георги Радуле КОј ФАЛШИФИЦИРА ИСТОРИјаТА). Во денешно време, бугарските историчари намерно зборчето „против“ го фалсификуваат и го преименуваат во „кај„, со цел да се пропагира кај пиринските Македонци кои носат смолјански корен, дека се Бугари.
На друг средновековен бугарски споменик, напишан на варовна плоча од 9от век од страна на турско-татарските бугари кои говореле турски јазик, стои: Хан Омуртаг ја поведе својата војска против словените ...да ги уништи словените и да не можат да се оправат се додека постои сонцето и тече реката Тича ("П'рвоб'лгарски надписи", Веселин Бешевлиев, Софија, 1979 г., БАН).
Како што гледаме, Бугарите никогаш не се словенизирале, туку и денеска опстојуваат и го задржале својот турки јазик и својата туркобугарска изворна култура. По овие историски сведоштва, како е возможно да се тврди дека Бугарите се словенизирале? Бугарите биле поробители на бугарските словени, а обете едноса биле премногу различни, како расно, така и културолошки и лингвално. Со ова испаѓаат ступидни тврдењата на бугарската историографија дека Св. Кирил и Методиј биле Бугари, создале бугарска азбука и јазик. Едноставно тоа не е возможно, оти во 855 г. кога светите словенски апостоли ја создадоа словенската азбука, Бугарите се турки народ кој говорел свој турски јазик, а официјален јазик им бил грчкиот. Дури 40 години подоцна, Бугарите го воведуваат како официјален словенскиот јазик, бидејки најбројна поробена етничка група во нивното царство биле Словените. Словенскиот јазик, како и грчкиот кој претходно бил официјален во државата, е туѓ јазик за Бугарите. Нивниот јазик не го смениле, уште е жив и се зборува од нивните наследници- ГагаУзите. Па да биле Бугари Св. Кирил и Методиј ќе говореа турски, ќе создадоа турска азбука, а не словенска. Да беа Македонците Бугари, ќе бевме турки народ и ќе си зборевме туркча јазик како Гага-Узите т..е Гага-Бугарите во Бугарија и Молдавија.
Инаку, дискутабилно е дали е вистинско тврдењето на бугарската историографија дека на преславската конференција на туркобугариските болјари, словенскиот јазик е прогласен за службен. Прво словенско дело напишано во Бугарија е на Константин Преславски, моравски словен, кој од латинските свештеници е протеран, па спас бара во Бугарија, поточно Преслав и во исто време од Јоан Егзарх, кој бугарите ги нарекува „насилници словенски“. По прогласувањето на Симеон за бугарски цар 915 г., Константин Преславски и Јоан Егзарх изчезнуваат и воопшто нема словенско творење во Бугарија, ниту пак оставиле таму свои следбеници и ученици. Дури 4 века подоцна, во второто бугарско царство, во кое владееле романците т.е. власите, излегува 1273 г. првото словенско дело во Бугарија- „Трновско Евангелие“. Значи, говорењето на создавање некаква си бугаро-словенска нација е само говорење, празни зборови, оти историските извори такво нешто не познаваат. Доколку се создала нација т.е. народ на бугарските Анти (т.н.р. бугарски словени) со туркобугарите (правите Бугари) и овие последните биле словенизирани, ќе имавме словенска книжнина на територијата на права Бугарија, меѓу Стара Планина и Дунав, но немаме ниту едно дело од некој локален Бугарин во тоа време!
Евлија Челеби кој ја посетил североисточна Бугарија во 1651 г., територијата населена во 6 век со туркоБугари, вели дека е посебна област- (Гага) Узка Милет и вели дека таму луѓето носат татарска носија и се од татарско потекло; протоБугарите се Узи. Челебија, цела Добруџа ја представува како населена со турко-татарски народ, или мешавина од словено-татари. За Силистра вели дека е град на Татари, а за потсетување Силистра е центарот на средновековната бугарска црква. Освен Татари, Челеби вели дека во Добруџа има и Читаци- мешавина на Татари (прави Бугари, Челеби ги нарекува така поради правите Бугари од Болгаростан-Татарстан), Словени, Власи и Молдавци. Жените биле забyлени, но христијани, а ја населувале целата област на Добрич. Понатаму зборува за Делиорманци, исламизирани прави Бугари, кои не биле Османци, иако И тие како И останатите жители на Узка-Милет говореле турки јазик, различен од турскиот (османскиот) (“ЗА ГАГАУЗИТЕ” А. И. Манов., Музејна Библиотека, Варна).
Топонимите во североисточна Бугарија, исто така се чисто Турски како: с. Узлар, (уз-лар = узите), Хорозлар, Азаплар, Герзалар, Сонгулар, Сиахлар, Каспичан (едно од бугарските племиња), Кочулар, Дураклар, Гејкчилер, Болгарево, Бургас итн.
Бугарската официјална историја ги признава Гагаузите за најстари Бугари, дел од бугарската нација, но и туркобугарите од Бугаростан,Чувашија, руските степи итн. (Брошурка “Б'ЛГАРИТЕ ИЗВ'Н РЕПУБЛИКА Б'ЛГАРИја’’Пламен Павлов, председател на Агенцијата за б'лгарите в чужбина (август 1998 - март 2002 г., објавено од ВМРО Русе)).
Еве неколку примери од јазикот на вистинските Бугари, Гага-Узите:
GAGAUZ TÜRKLERİ (GÖKOĞUZLAR)
Ortodoks ayinler,
Verimli toprakların sunduğu şarap,
dilde,kültürde ve geleneklerde yaşayan görkemli geçmiş.
Anadolu Oğuzlarının hristiyan akrabaları..
Gagauzlar'ı Türk tutan en önemli unsurlar, * İnat derecesindeki Türklük bilinci
* Türk dilinde yapılan ortodoks ayinler
Gagauzlar, 1000 yıllık ayrılığın ardından,Türk dünyası ile buluşuyor...
Јазикот на волшките Бугари, денеска Болгаростанци-Татарстанци од Татарстан е исто така турки јазик, но се пишува на кирилица од 1939 г.. Овој јазик е многу сличен на Гагаузскиот, оти Бугарите на Балканот се дојдени од денешен Татарстан, така што јазикот на вистинските Бугари од Татарстан (Волга) и Гагаузите имаат ист корен. Пример за болгарски-татарча јазик: интервју со татарскиот Председател, извадок од неговата ВЕБ страница:
http://www.tatar.ru/president/vopros.php?lang=TAT. Еве еден друг пример за татарча, јазикот на Бугарите од Татарстан со латинска азбука:“Dungiz!!! Bashta Tatarcha soylesherge oyren. Annari Australia turinda uylarsin. Monda sinnen bashka da mankortlar kup. Hormet belen, Koala efende Ayuyev (The Tatar Gazzete, Editors Note, N 3-4, 18.04.2000).
Минтимер Шаимиев, претседател на Татарстан
Чувашите се Бугари од Република Чувашија и имаат исто потекло како и Бугарите од Болгаростан-Татарстан, Гагаузите (балканските Бугари) и Чувашија; и јазикот им е ист- туркобугарски. Самите Чуваши својата националност ја декларираат како бугарска.
Се наметнува прашањето: "Ако вистинските бугари говорат турки јазик, чиј е јазикот што денеска го говорат балканските Бугари?" . Не е можно само Бугарите од Чувашија и Болгаростан-Татарстан да се турки народ, со турки јазик, а балканските "Бугари", кои се дојденци од Волга, од денешен Татарстан, да не се турки народ. Гагаузите ете говорат ист јазик со Болгаростанците-Татарите и Чувашите, вистинските Бугари, имаат исти турки традиции и култура, па со сигурност може да се тврди дека тие се вистинските наследници на Бугарите на Хан Аспарух.
Второто бугарско царство
Второто бугарско царство го основаат во 1186 г. браќата Асан и Петру од влашко-куманско потекло. Во почетокот на владеењето на Јован Асен I и Петру, додека не ја ослободиле целата територија на права дунавска Бугарија, во 1189/1190 г., секој од нив носел титула "Император на власите и најголем дел од бугарите" или "Император на власите и куманите". Поимот "влав" се однесува на романизираните Траки од Бугарија, додека куманите се турки народ, сроден со правите болгари, кои се турки. Во тоа време (крајот на 12 век, почеток на 13 век), поимот "бугар" се однесувал на турки народите кои ја населувале дунавска Бугарија (територијата меѓу Дунав и Стара Планина), пред се куманите, болгарите и печенезите. Подоцна, со целосното ослободување на дунавска Бугарија,
во 1204 г. бугарскиот цар Калојан се декларира пред римскиот Папа Инокентиј Трети како "Император на сите бугари и власи"(Imperator omnium Bulgarorum et Blacorum), а бугарскиот архиепископ ја носел титулата "Примас на цела Бугарија и Валахија Прима" t.e. totius Bulgariae et Blaciae Primas [History of the Byzantine Empire, A.A. Vasiliev, University of Wisconsin Press, 1964, p.442].
Треба да наведеме, дека Македонија во 1204 г. не била окупирана од бугарскиот цар Калојан , а како тој се декларирал за Император на сите бугари, многу јасно е дека Македонците не биле бугари, ниту сметани за такви од самите вистински бугари. Подоцна, во 1221/22 г., бугарскиот цар Јован Асен II почнува освојувачки походи кон Македонија, при што бил многу суров кон Македонците; сите македонски градови, села и тврдини ги уништил и претворил во пустина, што е уште еден доказ дека самите средновековни бугари, не ги сметале македонците за свој, истороден народ, туку за непријатели. Најпознатиот византиски историчар од ова овреме, Глигора, за овој поход на бугарскиот цар Асен на Македонија пишува: «…така лесно Јован (Јован Асен II 1218–1241 гг.) ги прегазил сите места до Солун и Македонија и ги претворил сите села, градови и тврдини како што се вели во скитска пустина…(και ούτω πάντα 'ράδίως ό Ιωάννης κατέδραμεν άχρι θεσσαλονίκης και Μακεδονίας, όπόσα εκ κώμαις και πόλεσι και φρουρίοις , ν έρημίαν, το δη λεγόμενον, άποδείξας)» [Nicephori Gregorae Вуzantia hiѕtоria. I-еd. L. Ѕсhореnus, Воппае 1829, 16 (понатаму скратено Gregorae I; ГИБИ, XI, 125]. Зарем некој би го уништувал својот народ и својата сопствена земја?Но овој бугарски μικρού напад бил со грабачки карактер, бидејки кон Солун се проширил епирскиот владетел Теодор Ангел. За тоа Н. Григора вели «најпосле го покорил и самиот главен град ν Солун, кој што е прв во земјата на Македонците… (έως και αυτήν ή της τ ν θεσσαλονίκην)» [Gregorae 1, 26; ГИБИ, XI, 125]. Токму ς έχειρώσατο μεγαλόπολιν τη ηται γη Μακεδόνων προκά овој податок А. Милев и Л. Јончев го коментираат дека «се однесува на жителите на темата Македонија» [ГИБИ,Х1,125 бел. 21], а знаеме дека Солун не бил главен град на таа тема, туку тоа бил градот Одрин и уште повеќе Солун не влегувал во составот на темата Македонија. С. Чирковиќ овој дел го преведува нешто поинаку: «го зазел и Солун главен град на Македонија» [ВИИНЈ, VI, 153] (МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДЕЛОТО НА НИКИФОР
ГРИГОРА – ВИЗАНТИСКИ ИСТОРИОГРАВ ОД XIV ВЕК- А. Атанасовски). Како што може да се забалежи, македонските соседи, со "благи" корегирања на историскитецитати, насекаде се трудат да го негираат македонското име и народ и вршат груби фалсификати.
Бугарија и во Првото и во Второто Бугарско царство ја владејат исклучиво луѓе од турки-потекло; тие биле раководната и елитната структура на државата. Словенизираните траки т.е. тракословените од Бугарија биле најбројна етничка група во државата, но, немале никаква власт; биле само крепосни селани, поробени од бугарите и нивните турки браќа, куманите и печенезите кои ја населуваа северна Бугарија т.е. вистинска дунавска Бугарија. Бугарските еднородни турки народи меѓусебно соработувале, не само интерно од Бугарија, туку и на меѓународно ниво. Бугарскиот Цар Ивајло (1277-1280 г.) во 1280 г. барал помош за одбрана на Бугарија од Татарскиот хан Ногај, од кој на крај бил и убиен. Во 1280 г. на бугарскиот трон доаѓа Ѓеорѓи Тертер Први, куман, кој секогаш се декларирал како бугарин, а ќерка си ја омажил за синот на татарскиот хан Ногај. Во 1299 г. на бугарскиот престол седнува синот на татарскиот хан Ногај, Царот TATAP Чака. Со еден збор, бугарите до 1878 г. и создавањето на бугарска словенска држава од страна на Русија, претставувале смеса на турки народи: татари-болгари, кумани и печенези. Од 1878 г., Русија создава бугарската словенска нација, која всушност нема ништо бугарско, освен што долго време овој словенски народ живеел под ропството на бугарите и останатите турки народи.
И сега, кога некој Бугарин зајдливо ќе ми рече Македонците се Бугари, јас му одговарам: дали си сигурен дека си ти Бугарин? Дали говориш гагаузка-туркче јазик, дали си азијат? После ова, бидете сигурни дека ќе го замолчите и најголемиот "Бугарин".