SuicideMessiah
Советник
- Член од
- 7 јули 2008
- Мислења
- 5.575
- Поени од реакции
- 295
потсетник
``08.05.2005 00:00 Претседателот Бранко Црвенковски во чест на јубилејот предлага во центарот на Скопје да се крене споменик на Јосип Броз Тито.
Иницијативата претседателот ја достави денеска до владата, сојузот на борците и градоначалникот Костовски.
Јосип Броз Тито е еден од неспорните лидери во борбата против фашизмот во Втората Светска Војна и историска личност што даде исклучителен придонес за македонското национално прашање и градење на македонската државност, ја образложува Црвенковски својата иницијатива.
Премиерот Бучковски овој пат се согласи со претседателот, Јосип Броз има позитивна улога и придонес за независна Македонија, изјави денеска Бучковски. И градоначалникот Костовски во основа се согласува со иницијативата, и додава - тоа би требало да покрене научна дебата за да му се даде соодветен третман на Јосип Броз и неговата улога во македонската историја.``
продолжуваме
``„Не сакам многу да коментирам околу новонастаната ситуација, единствено би кажал дека плоштадот е несоодветен избор за поставување на каков и да е споменик. Таков беше и ставот на една од стручните комисии во времето кога бев градоначалник и кога го почнавме проектот за изградба на фонтаната токму каде што е планирано да се постави споменикот. Точно дека тогаш Александар Македонски влезе во програмата на Градот како значајна историска личност, но тоа автоматски не значеше изградба на негов споменик и тоа токму на градскиот плоштад“, вели поранешниот скопски градоначалник Ристо Пенов, кој кусо пред истекот на својот мандат комплетно го реконструираше плоштадот, истовремено поставувајќи и подземна инсталација за фонтаната за која беа избрани и идејни решенија`
сите прават инцијативи за одбележување на своите идоли ))))))))))
Kje ti repliciram so eden moshne interesen post od edna kolumna na Frle :
Обид за собирање на сите Македонци под националистички крик и класично барање предавници и платеници меѓу оние што мислат поинаку. Ја туркаат Македонија полека, но сигурно во изолација,ќе ја измрцварат и упропастена ќе ја предадат со став дека светот бил против нашиот непокор и достоинство, па сме морале на крајот да потклекнеме (кога е веќе доцна за се').
Но има надеж барем во едно поле: скулптурите се добро поставени: Тарзан во К. Вода, Џејн во Карпош, мајмунчето Чита пред Влада. А ако го послушаат еден свој советник, ќе го стават Текс Вилер на Кеј како потегнува пиштол на Грк - уплавосан!Живееме деновиве како во борхесовски сон и се смееме со грохот како Ч. Буковски.
Љубомир Д.Фрчковски