Протест за поддршка на грчките анархисти, плоштад Македонија, 18.12.2008 20:00

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Протест во Скопје за поддршка на грчкиот народ

Макфакс

Скопје ќе и се придружи на Европа во поддршката на грчкиот народ како револт за лошата состојба во светот

Мирен протест организиран од група граѓани ќе се одржи вечерва на плоштадот „Македонија“, како поддршка на револтот на грчкиот народ.
На протестот, како што е соопштено, се поканети сите добронамерни и политички свесни граѓани, кои сè уште веруваат во моќта на обичниот човек.
Вакви протести денеска ќе се одржат низ цела Европа, а имаат за цел израз на солидарност со грчкиот народ, револт против генерално лошата економска, политичка, културна и пред сè социјална состојба низ целиот свет.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Македонец да излезе во поддршка на било што на грчкиот народ во овие моменти и ситуации? :pos:
 

Офчар

The Bite of The Mamba [81]
Член од
24 април 2005
Мислења
3.717
Поени од реакции
57

Грчкиот народ протестира затоа што живеат во тоталитарно општество. Затоа што главен политички актер им стана полицијата, а главна акција - апсењето и судењето и убивањето невини деца.​
Протестираат затоа што богатството на шака луѓе значи крпен живот за мнозинството. Затоа што профитот на газдите од Атина и Солун значи крв и пот и сува корка леб за работниците ширум цела Грциjа.​
Студентите протестираат затоа што државата и бизнисот мешаат прсти во образованието.​
Многумина протестираат против тоа што грчката влада константно води националистичка и крстоносна политика. Малцинствата не се признати, а поповите сеприсутни и семоќни.
Протестираат зошто живеат во милитаризирано оштество кое ги потсеќа на хунтата. Затоа што војска има на секое ќоше, дури и во странски мисии.
Протестираат затоа што наместо владата да им ги решава проблемите, им мачка очи и ги труе со апсурдниот спор со името со нивниот сосед, Македонија. Наместо да им бере гајле за иднината, владата се уште води залудна битка за славната историја, и за пар симболи.
Протестираат затоа што не живеат добро. Затоа што им е преку глава од тоа некој да ги манипулира и злоупотребува.
Нивните причини се и наши причини. Наши, човечки. Затоа треба да бидеме солидарни.
* * *
А што е со Македонија?
Македонскиот народ живее во тоталитарно општество во кое главни актери се алфите, ЕБР, полицијата.. свежа е крвта на Трајан Беќиров, свежи се сеќавањата од упадот во “Процес”, за секојдневните спектакуларни апсења и наводната борба со криминалот не мора и многу да се говори. Згора на тоа секакви забрани, банални казни, со никаков ефект.
Во Македонија не само што од ден на ден се зголемува јазот помеѓу оние кои имаат и оние кои крпат од ден на ден, туку и активно се лимитираат работничките права. Новиот Закон за работни односи буквално го третира работникот како пониска форма на постоење.
Студентските проблеми во Македонија се најочигледни од се’. Јавно образование кое чини баснословни суми, а е неквалитетно, руинирани студентски домови, ретроградно партизирано студентско раководство, замолчување на студентските медиуми, немање никаков обѕир за прогресивните идеи. И т.н. Агенција за млади и спорт која шири национализам, како капак на се’.
На целата мака, и во Македонија се носи крстоносна политика. Наместо царството небесно, Црквата брка политика и бизнис. И тотално непотребно фрчат крстови на сите страни, се заговараат цркви на сред плоштад и се’ тоа со народни средства.
Македонија нема воспоставено контрола над целата своја територија, но го ослободува Ирак (и покрај најавеното повлекување). Соучествува во криминалот на НАТО во Авганистан. Купува оружје како да се спрема за војна.
А Македонија се соочува со милион други проблеми. Јавното здравство е тотално руинирано. Животната средина е тотално загрозена од топилници, рафинерии, медицински отпади, но полицијата тренира строгост на оние кои плукнале на улица. И така натаму.
Но се’ тоа се заборава, затоа што се чини единствен приоритет е “борбата за идентитетот”. Добро, кој нормален и самосвесен субјект си докажува сам себе и на другите кој е, и што е? Наместо да се решаваат проблемите, се замотува и одмотува клопчето за името, тотално без никаква концепција, а во исто време штетно за националните интереси. Наместо да се бара вистината во подоброто утре, вистината се бара во Каменот од Розета, Хунзите, Александар Велики. Никој и не е свесен дека утрешниот ден ќе дојде многу побрзо од што се очекува.
Утрешнината доаѓа во Грциjа. Народот се бори за своите правдини. За нашите правдини. Затоа треба да се стане и да се даде поддршка! Да живее слободата!
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
грешка..не се тие..ке се лигават по друг основ...


ти да му ебам мајката..а толку негативна енергија имав
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
A ке има такви што ке излезат??? Да не речам ненормални? Такво нешто да се случи во Македонија, тие ке гледаат секаде да ја оцрнат државата, да кажат како не сме способни да ги решаваме политичките и незнам си какви кризи, дрн, дрн, има да трубат по медиуми...... Па ке се јави и Е.У. да каже како да се решат проблемите. Ете сега тоа се случува кај нив веќе 2 недели. Каде се сега тие да им го решат “ескпресно и ефикасно“ проблемот на грчиштата, по Македонски терк? Нека им пратат олеснувачи, надгледувачка мисија....
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
овчар
тие што протестираат се анархисти...тие протестирале за слобода ( за нив слобода е оперирана од осговорност)? едноставно сега тоа е помодарство.
протестите се вентил на незадоволство од многу работи во грција и се слагам со тоа..нивни проблем нека го решат како на нив им одговара.

за да ја бараш вистината за подобро утре..мораш да си начисто со минатото.

подобро утро засновано на лага од минатото е како зимско сонце со заби.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
грешка..не се тие..ке се лигават по друг основ...


ти да му ебам мајката..а толку негативна енергија имав
Не се тие (ама и они ќе се таму).... Други се.
Ама од истиот сој. Збирунтии, офчари на кои им пречат Бошевски и Тентов, буквите њ, љ, ј, џ, ќ, ѓ...
Рендано сирење на кисеља туљумба, бее.. Че го палим ееј, цело (село???) Атина че го палим..:tv:
 

аце_шваба

ГОРД ВУЈКО
Член од
10 септември 2008
Мислења
1.512
Поени од реакции
45
не сфакам која е целта и дали мислат дека нешто ке променат?:toe:
 
Член од
25 септември 2007
Мислења
1.436
Поени од реакции
45
МА ајде бре кога организиравме ние протести за зачувување на името не немаше никаде, а сега дури на а1 како втора или трета вест го ставиле. ПА ја што има да ги подржува грчиштана, очи нека си ископат. Гледам тука дека така идит и то ми е многу мака.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Море мамицата нивна... тоа ќе биде само параван да јадат гомна за тоа што стварно ги боли :nerv:
 
H

HITCH

Гостин
Абе ми мириса мене нешто лошо тука, да не биде ко пред Америчка со Буч кога беше НАТО и тогаш демек отишле Македонци па испадна дека Сербите се маскирале. Искрено мене овој протест од наша страна ми е многу глупава работа
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Абе ми мириса мене нешто лошо тука, да не биде ко пред Америчка со Буч кога беше НАТО и тогаш демек отишле Македонци па испадна дека Сербите се маскирале. Искрено мене овој протест од наша страна ми е многу глупава работа
ovoj protest e na globalno nivo ..nema vrska so nasiot spor so imeto so Grcija,nema vrska so nikakvi politicki igri
 
H

HITCH

Гостин
Абе за мене се има врска за тие што протестираат јас сум фиромјанка и ич не ми е гајле што си прават по дома глупо е да се поддржи ова
 

Kajgana Shop

На врв Bottom